3Итната помош со зголемен број интервенции на терен поради топлотниот бран, здравствените власти алармираат да се почитуваат препораките
ФормулаВолф: Се плашиме од Ферари Еден од челните луѓе на Мерцедес, Тото Волф изјави дека се плашат од Ферари, но дека тоа е составен дел од Формула 1.- Секако дека се плашиме, не победија во претходната трка и имаат реални шанси да се борат за титулата, но тоа е дел од Ф1, која би била смислата да нема конкуренција, изјави Волф. Тој откри и дека Мерцедес веќе работи на болидот за следната сезона. - Да работиме на прототип за 2016 г. но тоа не значи дека не сме фокусирани на следната трка. Уште 225 бодови се во игра, а ние мора да освоиме добар дел од нив и да стоиме цврсто на земја цело време, заврши германецот. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Хејли Бибер повторно воодушеви со својот изгледМанекенката и бизнисменка Хејли Бибер повторно ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм, каде што објави серија фотографии што брзо собраа милиони лајкови и бројни комплименти. Со најновите фотографии, Хејли Бибер покажа дека е вечна инспирација за многу девојки кога станува збор за изгледот, но и за рутините поврзани со убавината и фитнесот, кои таа секогаш со задоволство ги споделува со своите следбеници. Манекенката и бизнисменка Хејли Бибер повторно ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм, каде што објави серија фотографии што брзо собраа милиони лајкови и бројни комплименти. На новите фотографии, Хејли ја покажа својата беспрекорна фигура во бикини, но и им даде на фановите мал увид во секојдневието што стои зад нејзиниот изглед. Покрај опуштените летни фотографии, таа објави и слики од теретана, потврдувајќи дека редовното вежбање е важен дел од нејзината рутина – како што претходно се пишуваше, особено кога станува збор за вежбите што ги прави за задникот. Нејзината витка и затегната фигура повторно привлече големо внимание, а многумина во коментарите истакнаа дека таа изгледа подобро од кога било. Хејли со години негува минималистички пристап кон тренингот и исхраната и често нагласува дека најважно за неа е да се чувствува здраво, силно и задоволно во своето тело.Тагови: хејли бибер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФерати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во фокусот на средбатаМинистерот Агон Ферати оствари средба со резидентната координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија, Рита Колумбија.На средбата се разговараше за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата. Во текот на средбата беше истакната важноста на тесната соработка со младите, додека посебно внимание беше посветено на Петгодишната рамка за соработка со Владата. Во рамките на оваа соработка се разговараше и за четирите главни столба, меѓу кои и реформите поврзани со Европската Унија и спроведувањето на приоритетите од владината програма. Значаен дел од разговорот беше посветен на приближувањето и соработката меѓу различните етнички заедници во земјата, со посебен акцент на младите како обединувачка сила. Во таа насока беше оценета важноста на младинските клубови кои функционираат во рамките на општините, како и на студентските унии, како простори каде што младите можат поактивно да се вклучат во општествениот живот и во процесите на донесување одлуки.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да му поднесе кривична пријава на ФилипчеМали Фрчко да му поднесе кривична пријава на Филипче, во чиј мандат како министер околу 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело и граѓаните се труелеРЕАКЦИЈА НА ЈОН ФРЧКОСКИ Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар. Се побрза талогот на СДС да поднесе кривична пријава за лица кои, како раководители на институции итно преземаа мерки и активности за решавање на проблемот и во рекорден временски рок ги санираат последиците. Токму поради брзата интервенција на институциите кои ги набројува мали Фрчко, гостиварци веќе извесно време имаат техничка вода во нивните чешми и набрзо ќе имаат и бактериолошки исправна вода за пиење. А во меѓу време, од првиот ден на појавување на проблемот, благодарение на брзата интервенција на Владата, граѓаните на Гостивар се снабдуваат со бесплатна флаширана вода за пиење. За разлика од сега кога се преземаат мерки, се известуваат граѓаните и проблемот со водата се решава, во периодот на власт на талогот на СДС, граѓаните на Гостивар свесно беа оставени бавно да се трујат. Околу 400 испитувања на водата за пиење во Гостивар периодот на власт на СДС, кога Венко Филипче беше министер за здравство покажале неисправна вода за пиење. Резултатите се криеле, граѓаните не биле известени да не ја консумираат и не биле преземени никакви мерки и активности од ниедна институција, ниту на локално, ниту на централно ниво за решавање на проблемот. Така да, му порачуваме на Фрчкоски да му поднесе кривична пријава на Филипче за системското и свесно труење на граѓаните, а не на овие коишто во рекорден рок го решаваат проблемот и состојбата ја ставаат под контрола. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook