Волците ја спасиле од сигурна смрт! - Канал 5

Волците ја спасиле од сигурна смрт!

28 годишната Сара Варлеј од јужна Калифорнија била силувана како 19 годишна девојка по што развила посттрауматско стресно пореметување кое ја водело во смрт.Девојката живеела во постојан страв...

Волците ја спасиле од сигурна смрт!
Постојано повраќала и развила нереален страв од бактерии. Животот и се претворил во кошмар. За 6 месеци изгубила 15 килограми и ќе продолжела да губи тежина, но нашла спас во дружењето со група волци со кои поминувала по 8 часа на ден. Убедена е дека волците и го спасиле животот.


Varley, right, insists that working with wolves has saved her life after surviving being raped

- Мислам дека, да не беа волците, денеска немаше да бидам тука. Се плашев од се, се обидував да ја задушам болката. Се бранев од милиони нереални закани, кога се најдов очи в очи со волк. Тогаш мозокот престана да ми работи на сите страни и се фокусирав на реалната закана, пред мене имаше предатор. За прв пат бев присутна во моментот - раскажува Сара.

Првата средба на Сара со волк била во центар за заштита на волци на нејзини роднини.

- Волците се моќни животни и ако нешто ги нервира или правите нешто што не им се допаѓа, ќе ви го покажат тоа. Но тој голем страв кој го чувствував со нив ми покажа дека сеуште можам да чувствувам. Претходно се плашев од се околу мене, но кога бев со волците имав причина зошто се плашам и имав на што да се фокусирам. Таа потреба да бидам фокусирана на моментот ми помогна да ја надминам траумата и ме излекува, многу сум им благодарна на овие животни - вели Сара која сега и самата работи во центар за заштита на волци и мешани кучиња - волци. Животни за кои се грижи или биле оставени од сопствениците, или спасени од одредена ситуација како диви животни и Сара им помага да ги оспособи за повторно да се вратат во дивината.


The couple have about 50 wolves at their sanctuary in New Hampshire


- И волците за кои се грижам биле трауматизирани на одреден начин. И тие биле нападнати или напуштени. Мислам дека е моќно жените да знаат дека можат да се излекуваат од ужасна траума на различни начини.Овој начин дава уште една предност - никој веќе не смее да ме нападне бидејќи живеам со волци! Тоа дава огромно чувство на олеснување- вели 28 годишната Сара.

/извор: Дејли меил







Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над 70 отсто од Европејците поддржуваат формирање армија на Европската унија

Околу 71 отсто од граѓаните на Европа поддржуваат формирање армија на Европската унија, додека 78 проценти од испитаниците во земјите-членки на унијата сметаат дека треба да се зајакнат нејзините одбранбени капацитети во соработка со НАТО.

Над 70 отсто од Европејците поддржуваат формирање армија на Европската унија

Тоа покажуваат резултатите од спроведеното истражување на безбедносниот Тинк-Тенк Глобсек за 2026 година, објавени во бриселски „Политико“.

Поддршката за формирање европска војска е забележана во сите анкетирани земји-членки на ЕУ. Најголема е во Романија, каде што идејата ја поддржуваат 82 отсто од испитаниците, потоа следуваат Литванија со 78 и во Франција со 75 отсто.

Во Полска и Бугарија поддршката изнесува околу 70 отсто, додека во Германија е 69 отсто.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стопанска банка со промотивен депозит за кој каматата се исплаќа однапред

Со најновата промотивна понуда, Стопанска банка им овозможува на граѓаните да ги орочат своите средства, со атрактивни фиксни каматни стапки и исплата на каматата однапред, уште на самиот почетокот, во моментот (или на датумот) на орочувањето.

Стопанска банка со промотивен депозит за кој каматата се исплаќа однапред

Станува збор за промотивен производ кој не е во редовната понуда на депозити во Банката. Рокот на орочување на депозитите од оваа понуда е 25 месеци, со атрактивна годишна каматна стапка од 3,7 отсто за депозити во денари и 2,8 отсто за депозити во евра, која останува непроменета во текот на целиот период на штедење.

Една од главните предности е што клиентите ја добиваат пресметаната камата однапред, веднаш при орочувањето на средствата, на сметка по нивен избор.

Минималниот износ што може да се орочи е 300.000 денари или 5.000 евра, а понудата е достапна за резиденти и нерезиденти. Клиентите во секое време можат да имаат увид во состојбата на својот депозит преку дигиталните сервиси.

Специјална промотивна понуда важи за депозити орочени до 31 декември 2026 година.

Со оваа промотивна понуда, Стопанска банка уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон креирање атрактивни депозитни производи, приспособени на потребите и интересите на своите клиенти. Преку поволни и фиксни каматни стапки, како и можноста за исплата на каматата однапред, Банката им овозможува на клиентите сигурност и предвидливост во планирањето на нивните средства, како и непосредна придобивка од нивното штедење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цветковска: Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта

Фејсбук објава на новинарката Сашка Цветковска.

Цветковска: Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта

„Да си новинар (уште и жена) и на прес конференција на министерот за внатрешни работи да ти е најважно да го поддржиш насилството и да инсистираш на статистики за лажни пријавувања на насилства врз жени и девојки, ти не работиш за јавноста и не можеш и не смееш да им служиш на граѓаните. Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта поради наводно одбегнување на расправии со колеги. Овие не ни се колеги и ние не им служиме на колегите туку на граѓаните. Секое молчење не е неутралност, не кон жртвите, не кон народот. Срамота! Инаку, станува збор за Ивона Талевска поддржана од уште некои свои колеги кои да немаа партии и криминалци зад себе немаше да бидат никогаш ништо, камоли да делат ум.“-стои во објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер