3Цветковска: Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта
МакедонијаЦветковска: Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска кантаФејсбук објава на новинарката Сашка Цветковска.„Да си новинар (уште и жена) и на прес конференција на министерот за внатрешни работи да ти е најважно да го поддржиш насилството и да инсистираш на статистики за лажни пријавувања на насилства врз жени и девојки, ти не работиш за јавноста и не можеш и не смееш да им служиш на граѓаните. Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта поради наводно одбегнување на расправии со колеги. Овие не ни се колеги и ние не им служиме на колегите туку на граѓаните. Секое молчење не е неутралност, не кон жртвите, не кон народот. Срамота! Инаку, станува збор за Ивона Талевска поддржана од уште некои свои колеги кои да немаа партии и криминалци зад себе немаше да бидат никогаш ништо, камоли да делат ум.“-стои во објавата. Тагови: Сашка Цветковска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ЕвропаНад 70 отсто од Европејците поддржуваат формирање армија на Европската унијаОколу 71 отсто од граѓаните на Европа поддржуваат формирање армија на Европската унија, додека 78 проценти од испитаниците во земјите-членки на унијата сметаат дека треба да се зајакнат нејзините одбранбени капацитети во соработка со НАТО.Тоа покажуваат резултатите од спроведеното истражување на безбедносниот Тинк-Тенк Глобсек за 2026 година, објавени во бриселски „Политико“. Поддршката за формирање европска војска е забележана во сите анкетирани земји-членки на ЕУ. Најголема е во Романија, каде што идејата ја поддржуваат 82 отсто од испитаниците, потоа следуваат Литванија со 78 и во Франција со 75 отсто. Во Полска и Бугарија поддршката изнесува околу 70 отсто, додека во Германија е 69 отсто.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтопанска банка со промотивен депозит за кој каматата се исплаќа однапредСо најновата промотивна понуда, Стопанска банка им овозможува на граѓаните да ги орочат своите средства, со атрактивни фиксни каматни стапки и исплата на каматата однапред, уште на самиот почетокот, во моментот (или на датумот) на орочувањето.Станува збор за промотивен производ кој не е во редовната понуда на депозити во Банката. Рокот на орочување на депозитите од оваа понуда е 25 месеци, со атрактивна годишна каматна стапка од 3,7 отсто за депозити во денари и 2,8 отсто за депозити во евра, која останува непроменета во текот на целиот период на штедење. Една од главните предности е што клиентите ја добиваат пресметаната камата однапред, веднаш при орочувањето на средствата, на сметка по нивен избор. Минималниот износ што може да се орочи е 300.000 денари или 5.000 евра, а понудата е достапна за резиденти и нерезиденти. Клиентите во секое време можат да имаат увид во состојбата на својот депозит преку дигиталните сервиси. Специјална промотивна понуда важи за депозити орочени до 31 декември 2026 година. Со оваа промотивна понуда, Стопанска банка уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон креирање атрактивни депозитни производи, приспособени на потребите и интересите на своите клиенти. Преку поволни и фиксни каматни стапки, како и можноста за исплата на каматата однапред, Банката им овозможува на клиентите сигурност и предвидливост во планирањето на нивните средства, како и непосредна придобивка од нивното штедење.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20