3„Мис Бум-Бум“ вети дека, ако Аргентина го освои Светското првенство, ќе го истетовира Меси на посебно место!
МакедонијаВојникот од Батинци бил убиен поради тоа што неговата ќерка не сакала да стапи во брак со осомничениотПолицијата се уште трага по убиецот на професионалниот војник Агим Мухареми, кој вчера беше смртно застрелан во скопско Батинци.Причина како што соопштуваат денеска од МВР, била тоа што ќерката на убиениот војник одбивала брак со осомничениот. Според пријавеното, 20-годишната ќерка со татко и, утрината биле на скопските клиники, кога осомничениот Џ.М. се обидел телефонски да контактира со неа, но таа одбила, затоа што во претходниот период тој ѝ се заканувал затоа што не сакала да се омажи за него. Тие со возило се упатиле кон домот во селото Батинци, но на влезот на селото, патот им бил попречен од возило, од каде излегол убиецот и пукал кон Мухареми. Неофицијално, осомничениот бил припадник на позната криминална група и веќе бил баран со потерница за друго убиство.Тагови: БАТИНЦИ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаО. Карпош: Реконструкција на водоводната мрежа во Долно НерезиОпштина Карпош во соработка со Град Скопје и ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, започнува акција за реконструкција на водоводната мрежа на улицата Глигор Чемерски (поранешна Партизанска 11), во населбата Долно Нерези. По повод почетокот на градежните активности, денеска на терен увид извршија градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓоргиевски, градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски како и претставници од ЈП „Водовод и канализација“ и изведувачот на градежниот зафат. За реализација на реконструкцијата на водоводната мрежа во должина од 125 метри, ЈП „Водовод и канализација“ изработи Основен проект, кој содржи детална спецификација на материјалите предвидени за вградување на предметната улица. Општина Карпош, преку избран изведувач за интервентни активности, ќе ги реализира градежните работи кои опфаќаат ископ, затрупување и асфалтирање на коловозот, со што по завршување на реконструкцијата улицата ќе биде целосно вратена во првобитна и функционална состојба. Со реализација на овој проект, кој е резултат на заедничка соработка помеѓу Општина Карпош, Град Скопје и ЈП „Водовод и канализација“, ќе се надмине повеќегодишниот проблем со недоволен воден притисок со кој се соочуваа жителите од овој реон на Карпош. Во рамки на денешната средба, градоначалникот Лукровски оствари средба и непосреден разговор со жителите од Долно Нерези при што ги информираше за динамиката на проектот, а воедно ги слушна и нивниѕе предлози и потреби поврзани со условите за живеење во населбата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПремиерот на Молдавија поднесе оставкаПремиерот на Молдавија, Александру Мунтеану, поднесе оставка, со што започна процесот на оставка на целата влада, беше соопштено денеска во Кишињев.Мунтеану, кој ја извршуваше функцијата премиер од ноември 2025 година, не ја образложи детално својата одлука. Во објава на социјалната мрежа „Икс“ (X), тој наведе дека неговиот мандат завршува и дека одлучил да се повлече откако заклучил оти повеќе не може да ги извршува своите должности во согласност со своите принципи и убедувања. 62- годишниот Мунтеану, беше назначен за премиер по парламентарните избори одржани во септември 2025 година, на кои ПАС извојува убедлива победа над проруските политички ривали и обезбеди продолжување на проевропскиот курс на земјата. Пред да влезе во молдавската политика, тој работеше во странство повеќе од 20 години, вклучително и во Светската банка. Во својата објава, тој рече дека ќе продолжи да ѝ служи на Молдавија без оглед на позицијата што ја има во иднина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Аеродром: Започна реконструкцијата на краци од улицата „Тодор Чангов“ во ЛисичеГрадоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во стартот на градежните активности за реконструкција на краци од улицата „Тодор Чангов“ во населбата Лисиче.Во рамките на проектот се врши целосно отстранување на дотраениот и оштетен асфалт, замена на постојниот тампон со нов, по што ќе следува поставување на нов асфалтен слој. Реконструкцијата е дел од проектите што ги реализира Општина Аеродром во рамките на вториот јавен повик на Владата за финансирање на инфраструктурни проекти. Преку обезбедените средства, Општината продолжува со реализација на значајни капитални инвестиции насочени кон модернизација на инфраструктурата и подобрување на условите за живот на граѓаните. Во текот на летниот период, Општина Аеродром ќе реализира голем број инфраструктурни проекти на повеќе локации. Во фокусот се реконструкција и санација на улици, уредување на јавниот простор, подобрување на комуналната инфраструктура и реализација на нови капитални инвестиции, со цел создавање помодерна, пофункционална и поуредена општина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter