Военото крило на Хамас објави видео-снимка на израелски заложник - Канал 5

Военото крило на Хамас објави видео-снимка на израелски заложник

 Военото крило на Хамас денеска објави нова видео-снимка со еден од израелските заложници, киднапиран на 7 октомври 2023 година за време на нападот на ова палестинско исламистичко движење во Израел.

Военото крило на Хамас објави видео-снимка на израелски заложник

На снимката, која трае нешто повеќе од три минути, млад човек зборува на хебрејски и повикува на притисок врз израелската влада за да се обезбеди неговото ослободување.

Семејството на младиот Матан Зангакер, кој имал 24 години во моментот на нападот, ја одобрило објавата на видеото.

Зангакер бил киднапиран од својот дом во кибуцот Нир Оз заедно со својата израелско-мексиканска партнерка Илана Грицевски, која била ослободена на 30 ноември 2023 година за време на прекин на огнот.

- Фактот дека Матан сѐ уште е жив не значи дека ќе ја преживее зимата или продолжувањето на воените притисоци. Единствениот начин Матан да се врати е со воспоставување прекин на огнот, изјави неговата мајка, Ајнав Зангакер, на собир во Тел Авив, обраќајќи се до премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху.

Од почетокот на војната во Газа, само еднонеделен прекин на огнот беше воспоставен во ноември 2023 година, кога беа ослободени 105 заложници во рамките на договор што овозможи и ослободување на 240 палестински затвореници.

Оттогаш израелската армија успеа да ослободи уште седум заложници, но преговорите за прекин на огнот се во застој веќе месеци.

Меѓу заложниците има и странци, вклучувајќи шест Тајланѓани и Непалци, како и неколку лица со двојно државјанство.

За време на нападот на Хамас, 251 лице беа киднапирани на израелска територија. Во Газа останале 96 заложници, од кои 34 се прогласени за мртви од израелската армија. /MИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам.

Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на меѓусебната соработка и зајакнувањето на партнерските односи во повеќе области.

Посебно беше истакнато значењето на регионалната соработка и координацијата меѓу девете држави, како важен придонес кон остварувањето на заедничките приоритети и зајакнувањето на стабилноста и партнерството.

На средбата беа разменети и мислења за актуелните политички и економски прашања, како и за можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и соработката меѓу двете држави.

Двајцата говорници ја потврдија заедничката заложба за продолжување и интензивирање на соработката и натамошно унапредување на стратешкото партнерство во интерес на двете земји.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистината

Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната Надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола побара 45 минути пауза, поради лагите изнесени од страна на Мицкоски за Алта банка. 

СДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистината

„Барам процедурално затоа што иако Надзорната расправа требаше да биде а институт во којшто ќе се обзнани вистината пред јавноста, во претходниот исказ на сведокот слушнавме низа на невистини затоа што се мафташе со некои списоци. Во меѓувреме ги извадивме записниците и затоа барам барам 45 минути пауза за да се обзнани вистината. Вистината којашто некој сакаше да ја покаже пред јавноста, а тоа е лагата“, рече Битиќи.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“

Елена Костадиновска и Никола Бубевски се дел од судиската елита на Европското кик бокс првенство во Скопје.

Европско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“

Почетокот на Европското првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје означи старт на една од најголемите спортски манифестации од овој ранг кај нас, каде што за медали во конкуренција на најдобрите ќе се борат импресивни 1.191 натпреварувач од целиот континент.

Покрај македонските репрезентативци на татамите и ринговите, значаен дел од македонската делегација се и нашите меѓународни сениорски судии Елена Костадиновска и Никола Бубевски. Нивното учество на ваков престижен турнир е големо признание за нивниот професионализам, довербата од Европската федерација и потврда за квалитетот на македонската судиска организација на меѓународната сцена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер