Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
СветВоен комесар на Бундестагот: Неизбежно е повторното воведување на задолжителен воен рокНовиот комесар на германскиот Бундестаг за вооружените сили, Хенинг Оте, изјави дека повторното воведување на задолжителната воена служба во Германија е неизбежно, и тоа оваа година.Оте во интервју за ARD изјави дека германската федерална влада смета на доброволен пристап, но дека тој, како воен комесар на Бундестагот, ќе „го стави повторното воведување на задолжителен воен рок на дневен ред, и тоа оваа година“. „Не можеме да ставаме сè повеќе товари на рамената на војниците, но тие рамена мора да станат побројни“, рече Оте, кој е член на Христијанско-демократската унија (CDU), посочувајќи дека доброволниот принцип на кој инсистира германската федерална влада не е доволен. Социјалдемократската партија на Германија (SPD) не го дели ова мислење, објави Дојче Веле (DW). Оте повика на имплементација на шведскиот модел, каде што има задолжителна регрутација, во Германија. Тој истакна дека во разговорите со младите луѓе имал впечаток дека нивната подготвеност да се приклучат на Бундесверот се зголемува со цел да се зачува мирот и слободата во иднина. Во врска со изјавата на германскиот министер за одбрана Борис Писториус (СПД) дека на Бундесверот му се потребни уште 60.000 војници, Оте рече дека сега треба да се објасни како тоа ќе се направи во пракса. Тој истакна дека регрутацијата ќе биде воведена само за мажи, бидејќи вклучувањето на жените ќе бара промена на уставот. Законски, регрутацијата во Германија е сè уште на сила, објавува ДВ, потсетувајќи дека во јули 2011 година, по 55 години, тогашниот министер за одбрана Карл-Теодор цу Гутенберг (ЦСУ) ја укина обврската, што во пракса значеше укинување и на воената и на цивилната служба. Оте, исто така, предложи службата во Бундесверот да биде подобро платен и награден.Тагови: Бундестагот воен рок Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВлада донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 процентиСогласно пресметките на Владата, со намалувањето на ДДВ од 18% на 10% значително ќе се ублажи очекуваното зголемување на цените на горивата.Владата на денешната седница, донесе Одлука со која ДДВ се намалува од 18% на 10%, со цел директно да се ублажи ценовниот удар врз граѓаните и стопанството во услови на кризна состојба поради можноста за нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Согласно пресметките на Владата, со намалувањето на ДДВ од 18% на 10% значително ќе се ублажи очекуваното зголемување на цените на горивата. Кај нафтата, наместо редовното очекувано зголемување од околу 5 денари, со оваа мерка се очекува намалување од околу 2 денари. Тоа значи вкупно ублажување на ценовниот удар од околу 7 денари, при што новата цена би изнесувала околу 99 денари за литар. Кај бензините, согласно пресметките, се очекува зголемување од околу 3,5 денари, што значи дека новата цена би изнесувала околу 100,5 денари за литар за бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, односно 102,5 денари за литар за бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98. Повластената даночна стапка од 10% ќе се применува од 00:01 часот на 15 септември 2026 година до 24:00 часот на 28 септември 2026 година. Со оваа одлука Владата презема конкретна и навремена мерка за заштита на животниот стандард на граѓаните, намалување на финансискиот товар и поддршка на стопанството во услови на кризна состојба. Владата продолжува внимателно да ги следи состојбите на пазарот на нафтени деривати и да презема мерки во интерес на граѓаните и економијата.Тагови: влада Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветШкотска, Велс и Северна Ирска се здружуваат – бараат право на референдуми за независност Шкотскиот премиер Џон Свини смета дека политичките промени покажуваат дека сегашната состојба не може да трае бесконечно.Лидерите на Шкотска, Велс и Северна Ирска во понеделник ќе се сретнат во Кардиф, каде што треба да потпишат заедничка декларација со која ќе го потврдат правото на нивните нации на самоопределување и ќе побараат можност граѓаните на референдуми да одлучуваат за својата иднина. Според „Телеграф“, ова ќе биде прв заеднички настап на тројца лидери на Шкотска, Велс и Северна Ирска кои отворено се залагаат за промена на сегашниот уставен статус во рамките на Обединетото Кралство. По состанокот се очекува нивните партии да потпишат и меморандум за соработка во четири области – економијата, енергетиката, европа и меѓународната соработка и самоопределувањето. Сите три политички опции имаат и европска агенда. Шкотската национална партија и Плајд Камри се залагаат независните Шкотска и Велс во иднина да станат членки на Европската Унија, додека Шин Фејн бара обединување на Северна Ирска со Република Ирска. Шкотскиот премиер Џон Свини смета дека политичките промени покажуваат дека сегашната состојба не може да трае бесконечно.Тагови: референдум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет115 лица евакуирани од патнички брод со кој беше изгубен контактотВкупно 115 лица се евакуирани од индонезиски патнички брод со 243 патници и членови на екипажот.Вкупно 115 лица се евакуирани од индонезиски патнички брод со 243 патници и членови на екипажот – кој утрово исчезна откако беше изгубен контактот со него во Јаванското Море поради лошите временски услови – при што едно лице загина, а друго е повредено, изјави Дани Рахмат, портпарол на пристанишниот оператор „Пелиндо“. Kapal Virgo Transport 8 rute Surabaya-Banjarmasin dilaporkan hilang kontak di perairan Laut Jawa, Kalimantan Selatan, Minggu (13/9/2026) dini hari. Berdasarkan laporan awal Kantor Pencarian dan Pertolongan atau SAR Banjarmasin, kapal tersebut membawa 240 orang. Kapal diketahui… pic.twitter.com/sCB7cBtS5V — Radio Suara Surabaya (@e100ss) September 13, 2026 Претходно, државната агенција за потрага и спасување на индонезија соопшти дека бродот Virgo Transport 8, испловил во саботата од градот Сурабаја во Источна Јава кон Банџармасин во Јужен Калимантан, потоа бил изгубен контактот, што ги поттикнало спасувачите да започнат потрага и да испратат тим на последната позната локација на бродот. BREAKING: At least 125 people are missing after the passenger ship Virgo Transport 8 lost contact in the Java Sea near South Kalimantan, Indonesia. Authorities have rescued 115 people, while 1 person has been confirmed dead. Search and rescue operations are ongoing. pic.twitter.com/urIUSJQ0e7 — Weather Monitor (@WeatherMonitors) September 13, 2026 Тагови: брод Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter