Водостопанство Кавадарци нема да ги зголеми цените за воден надомест за наводнување

Водостопанство Кавадарци нема да ги зголеми цените за воден надомест за наводнување на земјоделските култури и површини.

Цените за воден надомест за наводнување на земјоделските површини и култури остануваат исти и непроменети во однос на минатогодишните цени и цените од претходните години, информираа денеска од АД Водостопанство на РСМ Скопје, Подружница ,,Тиквеш" Кавадарци.

- Зголемување на цените за воден надомест за наводнување на земјоделските култури ќе нема. Водокорисниците кои користеле вода за наводнување по гравитационен пат и од пумпните станици, за извршената услуга ќе ги добијат досегашните исти цени, информираа од Подружницата „Тиквеш".

Оттаму нагласија дека редовно извршуваат снабдување со вода за наводнување и останати потреби за водокорисниците. Во моментов се обезбедува вода за наводнување за потребите на градинарски и индустриски култури. Истовремено се работи на реализација на капитални инвестиции во инфраструктурата за наводнување.

- Во тек е реализација на проектот за рехабилитација и модернизација на пумпна станица Марена, проект вреден 63.336.000 денари, со средства обезбедени од Програмата за водостопанство, со што продолжуваат континуираните инвестиции и подршка на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство на земјоделците. Предвидено е проектот целосно да биде завршен до крајот на 2023 година. Со реализацијата на овој проект значително ќе се намалат трошоците за електрична енергија за работа на пумпната станица и подобри квалитетот и сигурноста во снабдувањето со вода на земјоделска површина од 1.200 хектари за водокорисниците од реоните на Марена, Тимјаник, Глишиќ, Сопот, Курија, Долни Дисан и Неготино, појаснија од „Тиквеш".

Од подружницата на Водостопанство додадоа дека инвестициите во водостопанската мрежа ќе продолжат и во иднина. Притоа потсетија дека за сите потребни информации, водокорисниците можат да се обратат во нивните простории.

Вучиќ: Никогаш нема да прифатиме независно Косово

Претседателот Александар Вучиќ денеска пред средбата со српскиот патријарх Порфири и претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека српскиот народ на Косово и Метохија е изложен на брутален прогон. 

Претседателот Александар Вучиќ денеска пред средбата со српскиот патријарх Порфири и претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека нашиот народ на Косово и Метохија е изложен на брутален прогон и дека тоа нема лесно да се запре и рече дека ќе никогаш нема да прифати независно Косово, пренесе Телеграф.

„Во секој случај, ние ќе се спротивставиме на нивните незаконски и на сите други акти на насилство, со политички средства и ќе направиме сѐ што можеме за нашиот народ на Косово и Метохија. И секако не морам да ви повторувам дека никогаш нема да прифатиме независно Косово како остварен факт“, истакна Вучиќ.

Тој нагласи дека секојдневно на различни начини не само од срце и душа, туку и физички се обидуваат целосно да ни го одземат КиМ.

Уште не се родил, а веќе вози автомобил - полските полицајци не можеле да поверуваат (ВИДЕО)

За време на рутинска сообраќајна контрола во полскиот град Гарволин, полицајци запреле 21-годишен возач на Шкода, по потекло од Непал.

На младиот човек му била побарана возачка дозвола, а потоа настанал метеж.

Имено, полициските службеници го погледнале документот и помислиле дека е фалсификат. Необичниот случај се случил на 14 мај во вечерните часови, пренесува tvn24.pl.

„Во возачката дозвола пишуваше дека е роден на 24 октомври 2059 година. Недостасуваа водени жигови, додека хартијата беше нерамномерно исечена. Немаше потпис од органот што ја издал дозволата“, соопштија надлежните.

Во Непал, од каде што потекнува младиот возач, официјално се користи календарот Бикрам Самбат, според кој сега годината е 2081 година.

Во овој случај, датумот на раѓање (2059) би се совпаднал. Сепак, во документот има и други датуми: издавање - 31 март 2023 година и датум на истекување - 30 март 2028 година.

Возачката дозвола е одземена, а автомобилот е предаден на овластено лице. Против 21-годишникот е поведена постапка за можно фалсификување.

Израелската војска пронашла тела на тројца заложници- меѓу нив и останките на Шани Лук

Израелската армија пронашла тела на тројца заложници во Појасот Газа, соопшти денеска портпаролот на ИДФ, контраадмирал Даниел Хагари.

Хагари рече дека тоа се Јицак Гелерентер, Амит Бускила и Германката Шани Лук, пишува Тајмс оф Израел.

Хагари вели дека телата биле пронајдени во операција во текот на ноќта на армијата и Шин Бет.

Тројцата биле на музичкиот фестивал „Супернова“ во близина на Реим утрото на 7 октомври, каде потоа побегнале во областа Мефалсим.

Хагари вели дека таму биле убиени од членови на Хамас, а нивните тела потоа биле префрлени во Газа.

притисни ентер