Шоу бизВодител упати несоодветни коментири за изгледот на Џенифер Анистон„Всушност мислам дека Џенифер Анистон беше многу поубава во „Пријатели““, рече водителотВодителот на „Фокс њуз“, Џеси Вотерс, предизвика бизарна дебата во емисијата „ The Five “ во среда за тоа дали ѕвездата од „Пријатели“, Џенифер Анистон, била попривлечна за време на снимањето на популарната ситком серија или денес, што го натерало неговиот ко-водител да го прекине и да се обиде да го врати разговорот на посериозни теми, објавува „HuffPost“. Сè започна со бизарен комплимент Необичната дебата започна кога комичарот и водител Грег Гутфелд одлучи да ѝ даде двоен комплимент на поранешната претставничка Кејти Портер, која се кандидира за гувернер на Калифорнија. Портер неодамна ги привлече насловните страници со видеа во кои беше груба кон новинарите и персоналот, а Гутфелд имаше интересен став за нејзината јавна појава. „И се восхитувам“, рече Гутфелд. „Живееме во ера на изглед. Секогаш сме пред камерите. Телевизорите се со висока дефиниција, а таа се спротивставува на трансформацијата. Таа вели: „Никогаш нема да се променам“. Таа е хероина.“ Потоа Гутфелд додаде дека пред туторијалите на „YouTube“, сите „изгледале како Кејти Портер“. „Беше секоја жена во барот за самци. Таа беше мајка на твојот пријател и имаше 30 години!“, рече Гутфелд за 51-годишната политичарка, заклучувајќи: „Луѓето не станаа привлечни сè до интернетот! Гледајте „Пријатели“, тие дури не се ни згодни.“ Неодлучниот водител и згрозените колеги Вотерс продолжи, тврдејќи: „Џенифер Анистон сега изгледа подобро, иако е, како, 20 години постара.“ Разговорот потоа целосно отстапи од темата, а ко-водителот Харолд Форд Џуниор се обиде да ги врати своите колеги на вистинскиот пат. Сепак, Вотерс се врати на изгледот на актерката. „Всушност мислам дека Џенифер Анистон беше многу поубава во „Пријатели“, не знам зошто го реков тоа“, се предомисли. „Мислам дека мислев дека сега е погламурозна. Таа е погламурозна. Нели?“ Форд нагло ја прекина дискусијата прашувајќи: „Зошто да не преминеме на следниот сегмент?“ Неговата колешка Кејти Павлич додаде дека елеганцијата на Анистон е резултат на нејзиното богатство, велејќи: „Парите купуваат многу преобразби... за секого“. Анистон се судри со републиканците во минатото На Џенифер Анистон веројатно не ѝ е многу гајле за мислењето на водителите на „Фокс њуз“, со оглед на тоа што е позната како критичарка на Доналд Трамп и Републиканската партија. Минатата година, таа јавно го критикуваше потпретседателскиот кандидат Џ.Д. Венс за неговата изјава дека земјата ја водат „група жени без деца со мачки“ кои се „бедни“ и „сакаат да го направат остатокот од земјата несреќен“. Анистон, која проговори за сопствените борби со неплодноста и ин витро оплодувањето, потоа му испрати порака на Венс преку Инстаграм: „Не можам да верувам дека ова доаѓа од потенцијален потпретседател на Соединетите Американски Држави. Се што можам да кажам е... Господине Венс, се молам вашата ќерка да има среќа еден ден да има свои деца. Се надевам дека нема да мора да посегне по ин витро оплодувањето како втора опција. Бидејќи се обидувате да ѝ го одземете и тоа“. Актерката претходно изјави дека ќе гласа за Камала Харис на изборите во 2024 година, повикувајќи на „разум и човечка пристојност“. Извор.Индекс.хрТагови: Фокс њуз Џенифер Анистон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста ценаОд полноќ според одлуката на Регулаторната комисија бензините поевтинија а дизелот остана со иста цена тој се родава за 99 денари за литар а бензините се намалија за пет денарти по литар..Еуросупр БС 95 се продава по цена од 91 денар за литар а Еуросупер БС 98 по цена од 93 денари за литарКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСрдановиќ најавува продолжување на европската интеграција и подобрување на односите со соседитеВо меѓусебен демократски дијалог ќе одлучиме кој ќе влезе во владата и ќе продолжи да ја води земјата во најдобар интерес на нашите граѓани – вели во првото интервју по победата на предвремените избори во Србија носителот на Студентска листа Илија С.Во меѓусебен демократски дијалог ќе одлучиме кој ќе влезе во владата и ќе продолжи да ја води земјата во најдобар интерес на нашите граѓани – вели во првото интервју по победата на предвремените избори во Србија носителот на Студентска листа Илија Срдановиќ, за хрватски Индекс.. Сега имаме голем број мандати во Собранието, а меѓу тие луѓе веќе има доволно кредибилни кандидати кои можат да бидат членови на владата или премиер – вели Срдановиќ. Тој најавува подобрување на соработката и продолжување на европската интеграција на Србија, додавајќи дека првите чекори во полицијата, обвинителството и судството ќе бидат многу важни а како што нагласил за тоа ќе бидат потребни и слободни медиуми. За хрватски Индекс Срдановиќ потврдил и дека разговарал со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, од кого добил честитка за изборната победа најавувајќи конкретизирање на соработката по изборот на новата влада. Инаку, челниците на ЕУ беа меѓупрвите кои ја честитаа изборната победа на студентска листа.. Подготвени сме да и дадеме поддршка на новата влада на србија на нејзиниот европски пат, порача еврокомесарката Марта КосКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег.Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен, наместа повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени. Според УХМР времето во Скопје, променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од утре ќе преовладува променливо облачно време, освен во северните делови каде ќе има услови за појава на врнежи од дожд, кои на повисоките планини ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, а денес и утре наместа долж Повардарието повремено засилен до силен северозападен ветер. Во петок и за време на викендот ќе има услови за врнежи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook