Анистон за борбата со неплодноста: „Не сакав да посвојам, сакав биолошко дете“ - Канал 5

Анистон за борбата со неплодноста: „Не сакав да посвојам, сакав биолошко дете“

Џенифер Анистон проговори за причините зошто никогаш не размислувала за посвојување. 

Анистон за борбата со неплодноста: „Не сакав да посвојам, сакав биолошко дете“

По децении медиумски шпекулации за тоа зошто нема деца, 56-годишната актерка откри дека со години се борела со неплодност и дека отсекогаш нејзина желба била да има биолошко дете.

Години борба и медиумски притисок

Во интервју за „Harper's Bazaar“, ѕвездата на серијата „ The Morning Show “ се осврна на гласините околу нејзиниот приватен живот. „Тие не ја знаеја мојата приказна или низ што поминав во последните 20 години обидувајќи се да основам семејство, бидејќи не излегувам јавно ниту зборувам за моите медицински проблеми“, рече таа.

„Тоа не е ничија работа“, продолжи таа. „Но, доаѓа до точка каде што не можете а да не ја слушнете - приказната за тоа како нема да имам дете, нема да имам семејство, затоа што сум себична, работохоличарка. Ме погодува - јас сум само човечко суштество. Сите сме човечки суштества. Па си помислив: „Што по ѓаволите?“

„Ја сакав мојата ДНК“

Анистон сега разјасни дека посвојувањето никогаш не било опција за неа. Појавувајќи се во подкастот „Armchair Expert“, таа рече дека стигнала до точка каде што сфатила дека ситуацијата е надвор од нејзина контрола. „Буквално нема ништо што можам да направам во врска со тоа“, рече таа.

Кога ја прашале за предлогот дека можеби ќе посвои, актерката имала јасен одговор. „Кога луѓето велат: „Но, можете да посвоите“, не сакам да посвојам. Ја сакам мојата ДНК во мало лице. Тоа е единствениот начин, себичен или не, што и да беше, го сакав“, додаде таа.

„Едноставно не беше во планот, каков и да беше планот“, заклучи таа. „Многу е емотивно, особено кога ќе кажат „тоа е тоа“, бидејќи има чуден момент кога тоа се случува.“

Џенифер наводно сега е среќно во нова врска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна со Филипче и Заев, па продолжи со Вучиќ

Падот почна со Филипче и Заев, па продолжи со Вучиќ со кој до рани утрински часови седеа на пијанки, а заеднички омилен пејач им е Харис Џиновиќ.

ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна со Филипче и Заев, па продолжи со Вучиќ

Падот почна од СДС, Венко Филипче и Зоран Заев, па продолжи со Вучиќ.

Венко Филипче не може да избега од сопственото политичко минато и тоа нема да успее да го направи ни со 1000 прес-конференции.

Денес Филипче се обидува да се претстави како жесток критичар на Александар Вучиќ, но сите добро се сеќаваме на периодот кога тој и Зоран Заев градеа блиски политички односи со него, склучуваа пактови, а имаше големи дружби и пијанчења до раните утрински часови.

Имено, Филипче, Заев, Вучиќ и соработниците имаат и заеднички омилен пејач, кој им пее на приватни журки.

Постојат видеа познати на јавноста, на кои јасно се гледа како Зоран Заев и Венко Филипче се веселат на журка во Дубаи додека им пее Харис Џиновиќ, а ги има и такви на кои, на приватна журка, исто така, со Џиновиќ се гледа Ана Брнабиќ заедно со други министри на Вучиќ.

Исто така, постои и видео од самиот Вучиќ, на кое се гледа како ужива во песните на Џиновиќ.

Така што, кога Филипче зборува против Вучиќ, граѓаните се присетуваат токму на сцените кога до рани зори седеа на пијанки, како со највисоки почести го пречекуваше на граница, за тоа како марихуаната, која во негов и период на власт со Заев цветаше, одеше за Србија.

Но, конекции и врските на СДС, Филипче и Заев со Вучиќ не завршуваа тука, туку се надоградуваа и понатаму, така што заедно со Заев за директор на ЕСМ поставија човек на Вучиќ, додека за ПР шеф во партија го ставија токму неговиот кум, Башановиќ.

И ова не е се, нивната поврзаност е уште поголема и таа допрва ќе се открива.

Едноставно кажано, Венко Филипче и Александар Вучиќ се едно исто. Прво паднаа СДС, кои сега е едвај трета партија, додека во Скопје петта, а во Куманово и последните избори во Брвеница четврта, заедно со Заев и Филипче, а по нив сега падна и Вучиќ.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Примирје во украинскиот град Олешки заради достава на хуманитарна помош и евакуација

Во украинскиот град Олешки,кој е под руска окупација, започна примирје за хуманитарна помош.Прекинот на огнот треба да овозможи снабдување со залихи и евакуација на цивилите.

Примирје во украинскиот град Олешки заради достава на хуманитарна помош и евакуација

Примирјето беше најавено минатата недела од првата дама на САД, Меланија Трамп.

Руското министерство за одбрана соопшти дека престанало да пука кон Херсон.Украинскиот комесар за човекови права, потврди дека примирјето започнало.Тој нагласи дека украинската страна ги почитува преземените обврски.олешки беше заземен од руските сили во февруари 2022 година, на почетокот на инвазијата.пред војната, градот имал околу 24.000 жители.

Според украинските проценки, во градот и околината сè уште живеат околу 6.000 луѓе.меѓу нив има и околу 200 деца, кои се соочуваат со тешки хуманитарни услови.жителите имаат сериозен недостиг од храна и други основни потреби.белата куќа соопшти дека Меланија Трамп посредувала за примирјето со цел да им се помогне на цивилите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Израел гласа на први парламентарни избори по нападите на 7 октомври 2023 година

Израелските граѓани денеска гласаат на парламентарни избори, први по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Израел гласа на први парламентарни избори по нападите на 7 октомври 2023 година

На изборите ќе се одлучува за политичката иднина на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Анкетите покажуваат неизвесна трка меѓу блокот на Нетанјаху и опозицијата.опозицискиот блок Јашар го предводи поранешниот началник на генералштабот, Гади Ајзенкот.

Ниту еден од двата табора, според анкетите, нема сигурно мнозинство од 61 пратеничко место.Тоа би можело да доведе до долги преговори за формирање нова влада.

Изборите се одржуваат во услови на меѓународни критики за војната во Газа. Критики има и поради насилството и проширувањето на еврејските населби на западниот брег. Резултатите се следат и во странство, во време на зголемени тензии меѓу Израел и Иран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер