Водичот открива детали за смртоносниот напад на лавицата која ја уби младата Кетрин - Канал 5

Водичот открива детали за смртоносниот напад на лавицата која ја уби младата Кетрин

Идентитетот на девојката која во понеделникот беше нападната и убиена од лавица на сафари во Јужна Африка, го откри водичот кој беше повреден во обидите да го спаси животот на девојката. Се работи за 29 годишната Кетрин Чапел, уредник за специјални ефекти, која работела на некои од епизодите на култната серија „Game of Thrones“.

Водичот открива детали за смртоносниот напад на лавицата која ја уби младата Кетрин
66 годишниот водич на патувањето на Кетрин низ живеалиштето на лавовите, Пјер Потџетер, вели дека доживеал срцев удар и повреди на раката додека се обидувал да ја спаси девојката од нападот на дивото животно и да го запре крварењето од нејзиниот врат.

Кетрин била во Африка да собира донации за заштита на животните. Наспроти тврдењата дека таа низ живеалиштето на лавивите на сафарито парувала со возило со отворени прозорци, водичот тврди дека тоа не е точно и дека девојката го отворила прозорецот за прв пат непосредно пред нападот на лавицата.

Сопругата на водичот излезе со изјава во која вели:

- Туристката имала камера и по своја одлука го отворила прозорецот да направи подобри фотографии. Во тој момент лавицата нападнала. Потџетер се обидел да го турне животното и добил повреди на раката, а кога лавицата отстапила видел дека девојката е сериозно повредена. Обилно крвавела од вратот. Тој сторил се што може со притисок да го сопре крвавењето додека викал за помош.Кога дошла медицинска помош, девојката за жал го загубила животот.

Кетрин Чапел од 2013 работела како уредник за специјални ефекти на филмови, меѓу другото и за хит серијата „Game of Thrones“. Во Африка лансирала кампања преку која се надевала дека ќе собере 1 300 долари за групата „Wildlife ACT“ , за заштита на животните во Јужна Африка.

Официјалните лица од паркот со изјава потврдија дека нема да ја убијат лавицата која ја нападна и уби девојката, и дека животното останува под нивна заштита. Популарниот парк во Јужна Африка по смртта на Кетрин ќе биде под засилени контроли бидејќи ова е трет напад од лавови на луѓе за само 4 месеци.

/ извор: Дејли меил

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен раководител во ДЗС - барал мито за да издаде позитивно мислење

500 евра поткуп за позитивно мислење за изградба на објект. Ваква пријава добил директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, од граѓанин кој му се пожалил дека советник за урбанистичко планирање од ДЗС, му побарал пари.

Уапсен раководител во ДЗС - барал мито за да издаде позитивно мислење

500 евра поткуп за позитивно мислење за изградба на објект. Ваква пријава добил директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, од граѓанин кој му се пожалил дека советник за урбанистичко планирање од ДЗС, му побарал пари за издавање на потребното мислење. Ангелов вели дека веднаш го упатил лицето случајот да го пријави во МВР. По пријавата следувала полициска акција и апсење на вработениот, кој сега е осомничен за кривично дело примање поткуп.

-Пред неколку дена добив повик од граѓанин кој ми се пожали дека од страна на лице вработено во ДЗС како Советник за урбанистичко планирање му биле побарани 500 евра за да добие позитивно мислење потребно за изградба на објект. Засегнатото лице го упатив случајот веднаш да го пријави во Одделот за организиран криминал на МВР. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на безмалку сите вработени во ДЗС кои чесно, совесно и пожртвувано ги извршуваат своите работни обврски,- – Стојанче Ангелов, директор на ДЗС.

Од МВР информираат дека лицето било лишено од слобода во координација со Обвинителството. По целосно документирање на случајот најавија соодветна кривична пријава. Од ОЈО велат дека јавнообвинителска одлука ќе биде донесена утре.

-Се постапува за обезбедување докази. Лицето е задржано по насоки на јавен обвинител, а во текот на утрешниот ден ќе биде донесена јавнообвинителска одлука,- – ОЈО Скопје.

Ангелов ја поздрави акцијата и ги повика граѓаните кои се соочуваат со незаконско постапување од страна на вработени во Дирекцијата, случаите веднаш да ги пријават во надлежните институции.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Актерката Лидија Вукичевиќ полиена со јогурт пред Собранието на Србија

Мегапопуларната српска актерка Лидија Вукичевиќ пред да влезе во Собранието на Србија е полеана со јогурт.

Видео: Актерката Лидија Вукичевиќ полиена со јогурт пред Собранието на Србија

Една од идните пратенички од листата собрана околу СНС, Лидија Вукиќевиќ, е полиена со јогурт на скалите пред Собранието на Србија.

Лидија Вукичевиќ утрово беше полиена со јогурт од страна на Марија Радовановиќ, поранешна секретарка на Медицинскиот факултет во Белград, во моментот кога пристигнала пред Собранието на Србија.

Пратеничката од редовите на СНС дојде на конститутивната седница на Собранието на Србија во црно-бела комбинација, а носеше и капут со интересен крзнен детаљ околу вратот.

Посебно внимание привлече нејзиниот избор на модни додатоци – таа се одлучи за чанта и очила од брендот „Гучи“.

Станува збор за црн кожен часовник во „винтиџ“ стил, чија цена изнесува околу 3.000 евра, додека очилата од истиот бренд чинат околу 800 долари.

Откако беше полиена и влезе во Собранието, видно вознемирената актерка им се обрати на присутните медиуми, веднаш по лидерот на СНС, Александар Вучиќ. Актерката одлучи да не ги извади очилата, а бидејќи гласот ѝ трепереше, се претпоставува дека таа се расплакала.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Хаос во трговскиот центар „Галерија“ во Белград, на елеватор повредени десет деца

Хаос во трговскиот центар „Галерија“ во Белград, десет деца завршија во Ургентниот центар, тројца мораа да бидат оперирани

Видео: Хаос во трговскиот центар „Галерија“ во Белград, на елеватор повредени десет деца

Десет деца, на возраст од осум години, денес биле пренесени во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Србија во Белград, откако се здобиле со повреди – некои од нив и сериозни – во инцидент што се случи околу 14:35 часот во трговскиот центар „Галерија“.

Според очевидци, инцидентот наводно се случил на подвижните скали. Сите деца се подложени на дијагностика, а на три од примените деца им е потребна хируршка интервенција, соопшти Универзитетскиот клинички центар на Србија.

Како што претходно објави Танјуг, неколку деца се здобиле со тешки телесни повреди, скршеници и повреди на главата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер