3Продолжи судењето за „Пулс“: Презентирани листинзи од телефонска комуникација на газда Деко и неговиот син Михајло
МакедонијаВодата во Скопје безбедна за пиењеНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 29.06.2026 до 03.07.2026 зема 187 примероци за физичко-хемиска и 187 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПотпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
МакедонијаНовите правила за тротинетите ќе стапат на сила најдоцна до крајот на јулиНовите правила за електричните тротинети до крајот на неделата треба да се објават во службен весник, а најдоцна до крајот на месецот ќе почне и неговата примена.Главната новина е забраната за управување за малолетници - тротинет ќе може да се вози по 18 години – во спротивно тротинетите ќе бидат конфискувани од полцијата, а ќе следува и највисоката казна од 275 евра за родителите. -По две-три деца, а и деца воопшто на тротинети набргу ќе стане минато, новиот закон, конечно ќе ги препознае електричните тротинети како дел од секојдневниот сообраќај со јасни правила за нивно користење. Ако родителите не можат да пресечат, тогаш ќе плаќаат казни, а ќе останат и без тротинетот – велат граѓаните кои велат очекуваат пред се очекуваат ред и побезбедни пешачки патеки, кои досега според нив ги немало. Според нив казните соодветни, но можат да бидат и повисоки. -Они се мали, ама родителите се големи, треба да си ги воспитуваат децата. Кога ќе го удри човек по џеб подлабоко, тогаш тој ќе се освести, дали треба да внимава на своето дете или да не внимава. Би требало да биде побезбедно, малку ќе го стават прстот на глава родителите и ќе внимаваат. / Мислам дека е добро тоа, и заради безбедност на младите и пешаците, возат бесно гледам по двајца се качуваат. Пред се заради здравјето на децата, заради општа сигурност на сите. Добро е што зголемија на 18 години, децава да не прават „белји“, секое вози, еве гледам пак, по улици вози, но да се внимава треба. Поголема безбедност, ред и заштита на сите учесници во сообраќајот – полицијата е целосно подготвена и доследно ќе го спроведува новиот закон за електрични тротинети – велат од МВР за Канал 5. Целта не е да се казнува, посочуваат од МВР, туку посигурни улици за сите. -Нашата примарна цел не е казнувањето, туку превенцијата и подигнувањето на соовраќајната култура. Затоа во почениот период акцент ќе биде ставен и на информирање и едукација на граѓаните за новите правила и обврски, а истовремено ќе се санкционираат прекршоци предвидени со закон. Електричните торитените се се позастапено превозно средство, но нивното користење мора да биде во согласност со прописите, и со цел да се заштитат и возачите на тротинети, и пешаците и останатите учесници во сообраќајот. - Гоце Андреевски – Портпарол на МВР Меѓудругото, возењето сега ќе биде ограничено на 20кмч, задолжителна е кацига, ќе треба да се вози на велосипедска патека или со шест кмч на пешачка патека. Ако бидат затекнати две или повеќе лица на тротинет, сите ќе треба да платат казна по 100 евра, а до 275 евра одат и казните за управување под дејство на алкохол, а речиси во сите горенаведени дополнително се предвидува и одземање на тротинетот до 30 дена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПотпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
МакедонијаОколу 120 доброволни пожарникари ДЗС ќе има располагање за гаснење на шумските пожариОколу 120 доброволни пожарникари ДЗС ќе има располагање за гаснење на шумските пожари. Откако на територијата на земјава уште пред почетокот на сезоната на неколку локации се активираа шумски пожари, доброволните друштва веќе се организираат и преку насоки на Дирекцијата ќе бидат упатувани на критичните точки. Целта е летово на минимум да се сведе ангажманот на полицијата и АРМ освен во случај на пожари од големи размери. -Секое противпожарно друштво ќе декларира однапред одреден број на доброволци преку тимовите на ДЗС кои ќе бидат подготвени во случај на пожар да бидат упатени кон местото каде е неопходно. Доколку се работи за поголем пожар можам да побарам поддршка и од останатите условно кажано командири и од останатите командири и нашата ефикасност ќе биде на поголемо ниво. – Стојанче Ангелов – Директор на ДЗС Засега преку ДЗС се организирани десетина доброволни противпожарни друштва во земјава. Велат имаат доволно искуство за активно да се вклучат во гаснење на шумските пожари. -Со нашите ресурси со кои располагаме можеме во иднина да учествуваме во гасење на шумските пожари бидејќи за тоа сме обучени. Голем број од нашето друштво имаат сертификати и обучени се специјално за шумските пожари. – Артан Демири – Доброволно противпожарно друштво од Чаир За разлика од тимовите за брз одговор при ДЗС кои добиваат дневници, пожарникарите доброволци ќе гаснат пожари без пари. Сепак очекуваат од државата да помогне околу опремата и одржувањето на возилата. -Системските пропусти кои не мачат, финансирањето, обезбедувањето на опрема, увозот на возила, увозот на опрема, овде сме оданочени плаќаме данок и мсилам дека за сето тоа треба државата да се зафати и да ги отклони овие препреки кои и тоа како ни создаваат проблем во нашето работење. – Златко Илиев – Довроволно противпожарно друштво од Кочани -Работиме без пари освен оние кои се во тимовите за брз одговор. Бараме единствено средства и финансии за да можеме да ги одржуваме нашите возила, да набавуваме опрема, за храна, обуки и вежби за да можеме да ги издржиме тие финансиски издатоци. – Алексдандар Ангелевски - Доброволно противпожарно друштво од Битола По пожарот во Штип кој е целосно изгаснат и кој го довел во опасност снабдувањето со вода на градот, на територијата на земјава денеска се регистрирани 6 пожари од кои е активне еден на територијата на оптина Куманово. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПродолжи судењето за „Пулс“: Презентирани листинзи од телефонска комуникација на газда Деко и неговиот син МихајлоВо судницата во Идризово се читаа пораки од телефони. „Началничка Марија“, „Весна инспекторка“, „Ацо командант“, „Магдалена лиценца“, „Вики економија“... вака биле запишани дел од луѓето што дојавувале кога полиција ќе биде присутна во објектот, да бидат подготвени за рација, како и дека лиценцата за работа за скоро истекува и треба да се обнови. Обвинителството продолжи со изнесување на материјални докази во обид да ја реконструира улогата на институциите што требало да ја контролираат дискотеката која беше пеплосана од пожар во март лани поради што над 60 семејства останаа завиени во црно. На рочиштето беше презентирана и комуникација помеѓу првообвинетиот сопственикот Деко, и неговиот син Михајло Јованов непосредно пред трагедијата. Тој го известува татко му дека има рација во објектот „Булевар”, од полицајци од Радовиш кои, „не се наши” и дека ќе дојдат и во дискотеката. Пишува дека има многу малолетни и дека треба да се испразни, на што Дејан му враќа дека и да е така, ќе оди во стечај. Родителите на децата што ги загубија животите во пожарот порачаа дека очекуваат правда, посочувајќи дека јавноста за првпат слушнала и имиња на лица кои имале бројни и сериозни контакти со сопствениците на „Пулс“ и „Класик“, а не се опфатени во обвинителниот акт. Иако денешното рочиште помина без нови сведочења и без драматични пресврти, доказната постапка влезе во фаза во која преку службената документација се утврдува кој што знаел, кој што контролирал и дали навреме биле преземени законските мерки. Пред судот беа презентирани и документи поврзани со Државниот пазарен инспекторат и инспекциските контроли, како продолжение на доказната постапка во која претходно беа разгледувани и документи од Министерството за економија поврзани со издавањето на лиценците. Со секој нов документ, обвинителството се обидува да ја поткрепи тезата дека пропустите не биле изолиран случај, туку дел од поширок институционален синџир кој, според обвинението, овозможил дискотеката да работи и покрај утврдените неправилности. На следното рочиште се очекува Обвинителството да продолжи со изведување материјални докази, по што ќе следува нивно оспорување од страна на одбраната.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter