Се заканува нова трагедија на Тибет- глечерите пред уривање со над 1.000 жртви и 500 заробени во тунелите
2Се заканува нова трагедија на Тибет- глечерите пред уривање со над 1.000 жртви и 500 заробени во тунелите
Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
1 Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
ЖивотВо ЗОО Скопје се родија три бебиња од загрозениот вид бели волциВо ЗОО Скопје се родија бебиња од загрозениот вид бели волци (canis lupus arctos). Стари се три недели, а белата боја на крзното, како на нивните родители, ќе ја добијат со текот на времето. Волчињата се заедно своите родители и тие се грижат за нив во нивното живеалиште. Мајката ги роди во дувло коешто сама го направи и таму сокриени го поминуваат поголемиот дел од денот. Во многу земји на Европската Унија овие волци се строго заштитени со Бернска конвенција. Белите волци во Зоолошка градина во Скопје пристигнаа од Чешка во 2020 година. Арктичкиот волк (Canis lupus arctos) е подвид на сивиот волк кој ги населува арктичките региони на Северна Америка и Гренланд. Познати се и како поларни волци или бели волци. Овој вид на волци спаѓа во загрозените видови, но не од човекот (нивно ловење), туку од климатските промени кои се случуваат на Арктикот. Нарушениот еко систем во овие делови значително го намали бројот на овие животни во последните години. За потсетување, оваа пролет во Зоолошката градина во Скопје се случува вистински „бејби бум", односно се родија три лавчиња, белорак гибон, мала лама, бебиња кенгури, лемури, берберска овца, камила и најновите бебиња бели волци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАлександар Николоски во „Вести плус“ Вечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Александар Николоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Живот Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витаминНедостатокот на одделни витамини и минерали може да предизвика сериозни здравствени тегоби. Меѓу важните нутриенти е витаминот Б12, чиј недостаток може да се одрази на нервниот систем, крвната слика и општата состојба на организмот. Недостатокот на витамин Б12 може да се развие постепено, а симптомите не секогаш се лесно воочливи. Во некои случаи може да се јават проблеми со помнењето, збунетост и тешкотии со концентрацијата, но и физички симптоми како трнење, пецкање во рацете и нозете. Кои се симптомите на недостаток на витамин Б12? Витаминот Б12 е вклучен во формирањето на црвените крвни зрнца и е важен за здравјето на нервниот систем. Кога на телото му недостасува, може да се појават различни симптоми: изразен замор и слабост, вкочанетост или трнење во рацете и нозете, проблеми со меморијата, тешкотии со разбирање и расудување, проблеми со видот, мускулна слабост, ранички или болки во устата. Симптомите може да варираат од личност до личност, а нивниот интензитет зависи од тоа колку долго трае недостатокот на витаминот. Витаминот Б12 природно се наоѓа главно во храна од животинско потекло, како што се месо, риба, јајца, млеко и други млечни производи. Затоа, луѓето кои не консумираат храна од животинско потекло може да имаат поголем ризик од негов недостаток ако не користат правилно збогатена храна или додатоци во исхраната. Сепак, недостатокот не е нужно поврзан само со исхраната. Проблемот може да се појави и кога телото не може правилно да го апсорбира витаминот Б12. Зошто телото не апсорбира доволно витамин Б12? Недоволната апсорпција може да биде поврзана со разни проблеми на дигестивниот систем. Гастритисот, или воспалението на желудочната слузница, може да влијае на способноста на телото да го апсорбира овој витамин. Една од можните причини е недостаток на желудочна киселина, која е потребна за правилна апсорпција на Б12. Одредени болести на дигестивниот систем, како што се Кронова болест и целијакија, исто така можат да го отежнат апсорбирањето на овој витамин. Ризикот може да постои и кај луѓе кои имале одредени операции на дигестивниот систем, вклучително и операција на гастричен бајпас. Прекумерното консумирање алкохол исто така може да го оштети дигестивниот систем и да придонесе за недостаток на витамин Б12. Важно е да се препознаат симптомите Бидејќи недостатокот на витамин Б12 може да се развие постепено, симптомите понекогаш се припишуваат на замор, стрес или стареење. Сепак, честата вкочанетост и пецкање во екстремитетите, необјаснетиот замор или промените во меморијата и когнитивните способности не треба да се игнорираат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Судбина Брачните проблеми може да се предвидат со 96% прецизност – тврдат психолозите Ако се препознаете во овие 4 обрасци на однесување, време е за разговор.Начинот на кој партнерите разговараат за време на конфликтот, дури во 96% од случаите може многу да открие за состојбата на нивната врска. Психолозите Џон и Џули Готман издвојуваат 4 веродостојни обрасци на однесување врз основа на долгогодишното проучување на партнерските односи. Тие автоматски не значат дека бракот е осуден на пропаст, но може да бидат важен знак за тоа дека на односот треба да му се посвети внимание. Критиката на партнерот го продлабочува проблемот Начинот на кој парот ја започнува кавгата може прилично да го предвиди исходот. Првиот образец не е обичниот приговор, туку нападот врз карактерот на партнерот. Реченицата „Никогаш не правиш како што треба“, или „Толку си себичен...“ не го решаваат конкретниот проблем, туку создаваат чувство дека другата личност е постојано виновна. Многу покорисно е, кога говорите за конкретна постапка и сопствените чувства, наместо „Никогаш не мислиш на мене“, да кажете: „Ме повреди тоа што не ми се јави“. Презирот е особено опасен за бракот Сарказмот, потсмевот, вртењето со очите, навредите, обраќањето од високо, може да укажуваат на презир. Според истражувањата на Готман, токму презирот е еден од најсериозните показатели дека во односот се насобрало многу незадоволство и горчина. Одбранбениот механизам го отежнува решавањето на конфликтот Кога партнерот ќе се пожали, а другата личност веднаш почнува да се правда и да ја префрла вината, разговорот тешко може да доведе до решение. Реченицата „За сè сум јас виновен!“, или „Така направив затоа што ти...“ често служи за избегнување одговорност. Дури и признавање на дел од сопствената одговорност може да го промени текот на разговорот. Важно е да покажете дека сте ја слушнале перспективата на партнерот, дури и кога потполно не се согласувате. Повлекувањето може да изгледа како рамнодушност Последен образец е повлекувањето, односно емоционално исклучување во текот на конфликтот. Тоа може да биде игнорирање на партнерот, гледање во телефон, одговарање со еден збор или одбивање разговорот да продолжи. Сепак, повлекувањето не мора секогаш да значи дека не ви е грижа. Понекогаш тоа укажува на емоционален хаос, па паузата може да помогне. Кога двајцата ќе се смирите, може да продолжите со разговорот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook