Во замрзнувач во болница во Србија се чуваат тела на 13 бебиња - Канал 5

Во замрзнувач во болница во Србија се чуваат тела на 13 бебиња

Членовите на државната комисија за исчезнати бебиња во Србија , во замрзнувач во болница нашле тела на 13 бебиња.

Во замрзнувач во болница во Србија се чуваат тела на 13 бебиња

Според членовите на комисијата , станува збор за тела на новородени бебиња , кои биле мртвороденчиња и во замрзнувачот во болницата во Краљево се чуваат веќе 3 години.

Според болничките власти , мртвородените бебиња се сеуште во замрзнувач , зашто општината не донела одлука каде да се погребаат . Нивните родители немале законска опбврска за да ги погребаат овие бебиња. Според градоначалникот на Краљево , Предраг Терзиќ , градот сега донел таква одлука и се очекува деновиве да се погребаат новороденчињата.

За членовите на комисијата , ова не е случај на исчезнати бебиња , што тие го истражуваат , по наводите на повеќе жени во Србија дека им биле украдени нивните бебиња за време на породувањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.

Според пресекот направен во 13 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната:

ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81  %.

Според пресекот направен во 13 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната: Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 4518 , или изразено во проценти 27.81 %.

Во споредба со првиот круг на изборите кој се одржа на 18 октомври 2026, излезноста е зголемена за 7.31 %.

Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 13 часот е пристигнат 1 приговор кој е усвоен и на гласачот му е овозможено да гласа.

Следната информација за пресекот на излезноста на гласачите и текот на гласање следува на прес конференцијата во 15.30 ч, која ќе се одржи во седиштето на ДИК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неготино и СРЦ Младост беа во центарот на балканскиот професионален бокс

 Во спортската сала Младост во Неготино вчера се одржа елитниот боксерски настан BALKAN BOXING на кој настапија боксери од Македонија и странство.

Неготино и СРЦ Младост беа во центарот на балканскиот професионален бокс

Настанот се одржа во соработка со Про Бокс Македонија, а ваков боксерски спектакл за прв пат се одржува во Неготино и Република Македонија.

Целиот боксерски спектакл од Неготино директно се пренесуваше на специјализирани ТВ канал за бокс што овозможи истиот да го проследат гледачи од целиот Балкан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Скопје опожарен паркиран автомобил пежо

Во населбата Аеродорм во Скопје засега непознат сторител опожарил автомобил пежо. 

Во Скопје опожарен паркиран автомобил пежо

На 31.10.2026 во 21:24 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „12-та Македонска бригада“ во Скопје, едно лице со употреба на запалива течност опожарил паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на 62-годишната И.С. од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат со ПП апарат од страна на нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот., соопштија од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер