3Научниците докажаа дека полифенолите од боровинките и брусниците го забавуваат стареењето на клетките
МакедонијаВо вжештена атмосфера помина првото тв соочување на Ѓорѓиевски и МециновиќВо тензична атмосфера, кандидатите Ѓорѓиевски и Мециновиќ за прв пат се соочија пред одлучниот втор изборен круг „На дуел кај Иван на Канал 5. Тензијата дојде до својата највисока точка кога кандидатите ги „отворија“ своите биографии, каде почнаа меѓусебните напади кој од какво семејство потекнува и каква професионална и политичка кариера има. Мециновиќ посочи дека Ѓорѓиевски имал лесен партиски пат во кариерата за разлика од него, што според кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ се флоскули. -Ти од претседател на УМС доаѓаш како принц на ВМРО, те ставаат на Кисела Вода, па четири години те спремаат за градоначалник, па на крај се истурени толкави пари во кампања, па на крај нас ни се оневозможи рекламирање и на крај имаме уцена, ако вие не победите, нема да функционира градот. – Празни флоскули, демагогија. -Вие се претставувате во јавноста цел изминат период како тој во кој што треба да се идентификуваат младите, човек кој што е од високообразованите, па вечрва дознаваме дека немате високо образование. / Јас бев на политички студии, недипломиран политиколог, инаку од исти институт доаѓаме, студиите биле на пауза поради неговата социјална позиција, јас сум растен со еден родител во мојот живот, морав да работам се и сешто, доаѓам од непривилегирана позиција. И двајцата ги посочија проблемот со ѓубрето, јавниот превоз и загадениот воздух како приоритет во нивните евентуални мандати. За состојбите во Градот продолжија меѓусебните обвинувањата.. Мециновиќ вината ја гледа кај советот во Град Скопје, а Ѓорѓиевски возврати дека Левица има исто така советници, а и директори и членови во управните одбори на ЈП. Кој и да победи, дадоа збор дека ќе има конструктивен совет во следните четири години.. Дали вие пред граѓаните на Македонија и Скопје можете да кажете дека, доколку демократскиот процес не доведе до моја евентуална победа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конструктивно за јавниот интерес на граѓаните и нема да го блокира градот?/ Апсолутно да, не може да биде не. Значи можат да бидат спокојни граѓаните, нема да има блокади ако победам јас. Вие нема да победите тоа го знаете сите – Ама ова е арогантно. Не е арогантно, вие така сакате да се претставите. По Дуелот и двајцата се огласија на социјалните мрежи со благодарност за поддршката. Ѓорѓиевски посочи дека се покажало дека скопјани бараат човек кој ќе ги решава проблемите и ќе донесе резултати, а Мециновиќ напиша дека станува збор за генерациска борба на оние кои ја живеат агонијата на ова време, непривилегираните и отфрлените... Тагови: Левица Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12
БизарноМу се суди за морничаво убиство- постави бизарен услов за да се изјасни за виновен (ВИДЕО)Во неочекуван потег, 74-годишен маж од Флорида обвинет за убиство го изненади судијата за време на рочиштето за изрекување на пресудата кога даде необична понуда за признавање на вина.Роберт Кеслер се појави на судот во Хилсборо во понеделник, 26 октомври, каде што е закажан избор на порота за судењето за убиство на Стефани Крон-Оверхолт (47) во 2021 година. „Не можам да давам храна“ Според објавеното видео, судијата му рекол дека може да се изјасни за виновен без претходно да преговара со обвинителството. Кеслер ја разгледал можноста неколку секунди. „Ќе признаам вина за еден чизстек, помфрит и Пепси“, одговорил Кеслер. Кога судијата го замолил да ја потврди понудата, Кеслер повторил дека сака „сендвич со стек и сирење, со кромид и мајонез, помфрит и пиперки“. Тој рекол дека е спремен да направи таков договор за да „им заштеди пари на даночните обврзници“. „Очигледно, не можам да им дадам храна на луѓето за да се изјаснат за виновни. Тоа би било многу погрешно. Можам да ви гарантирам дека ќе добиете ручек денес, но не можам да гарантирам каков ќе биде“, возврати судијата. Подоцна, Кеслер го праша судијата дали може да продолжи со изборот на порота. Делови од тело пронајдени во заливот „Не сакам да се изјаснам за виновен без договор. Само изберете ја поротата. Го сакам тој чизстек. Ако го добијам, можеби ќе се согласам, но нема да го добијам“, додаде тој. Според канцеларијата на окружниот обвинител на округот Хилсборо, Кеслер одлучил самиот да се застапува на судењето. Тој се соочува со обвиненија за убиство од прв степен и сквернавење на починато лице, според јавно достапните судски записи. Делови од телото на Стефани Крон-Оверхолт биле пронајдени во заливот Мекеј во ноември 2021 година. Судски документ тврди дека најмалку тројца сведоци виделе човек кој одговара на описот на Кеслер како фрла кеси за ѓубре во заливот, објавува People. Крон-Оверхолт престојувала кај Кеслер и неговата ќерка неколку дена пред да исчезне. Ќерката на Кеслер подоцна им кажала на истражителите дека ги видела како нејзиниот татко и жртвата се расправаат пред таа да исчезне. Според изјавата под заклетва, Крон-Оверхолт му побарала 200 долари за да си замине.Тагови: убиство виновен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12
ФудбалНајчудна казна досега- Барселона е казнета со 602 евраШпанската фудбалска федерација ја казни Барселона со 602 евра за контакти со напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, кој беше под истрага за сомневање за прекршување на прописите, објавија шпанските медиуми.На 30 јуни, Атлетико Мадрид поднесе официјални жалби до Шпанската фудбалска федерација и Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), тврдејќи дека Барселона влегла во преговори со Алварез без претходно да достави писмено известување до неговиот клуб. Врз основа на жалбата, надлежните органи на Федерацијата покренаа дисциплинска постапка на 30 јули, чиј исход, според весникот „Мундо Депортиво“, беше во корист на мадридскиот клуб. По разгледувањето на случајот, надлежната комисија го окарактеризира утврденото прекршок како лесно. Затоа, Барселона беше казнета со 602 евра, што е највисокиот износ предвиден за таков прекршок според член 133 од Дисциплинскиот законик. Ова не е прв пат Барселона да се соочи со слични санкции по жалба од Атлетико Мадрид. Во 2019 година, каталонскиот клуб мораше да плати 300 евра за нелегален контакт со Антоан Гризман, кој во тоа време играше и за мадридскиот тим. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМелони на удар на хакерите- нападнат е италијанскиот парламент ИТ-системите на Долниот дом на италијанскиот парламент беа цел на сајбер напад во последните денови, а на листата на цели беше и парламентарната е-пошта на премиерката Џорџија Мелони. Оваа информација ја потврди извор од парламентот, пренесува Ројтерс. Истиот извор не можеше да прецизира дали хакерите успеале да пристапат до е-поштата на премиерката, но истакна дека безбедноста не е загрозена бидејќи се активирани сите потребни заштитни мерки. Канцеларијата на премиерката Мелони подоцна разјасни дека ова не е адресата што таа ја користи за официјална комуникација на Владата. На удар се и други пратеници Според истите информации, нападот бил насочен и кон други претставници во Претставничкиот дом, како и кон други институции. Кибер нападите станаа почести во последните години низ цела Италија и Европа. Владите, инфраструктурата и компаниите често се цел, а ваквите инциденти предизвикуваат прекини во услугите и го покренуваат прашањето за заштита на податоците.Тагови: хакери Џорџија Мелони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter