Во вториот круг победник оној кој ќе освои повеќе гласови, доколку биде исполнет цензусот

Денеска се одржува вториот круг од претседателските избори. 

Право на глас имаат 1.808.131 избирач, кои можат да изберат меѓу двајцата кандидати Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски.

Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од завршувањето на првиот круг на гласањето. За претседател ќе биде избран кандидатот кој ќе добие мнозинство од гласовите, доколку на гласачките места излезат повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи, односно 723.253 гласачи, што е предвидено со член 121, став 3 од Изборниот законик.

Доколку и во вториот круг ниту еден од двајцата кандидати не добие потребен број гласови, се повторува целата изборна постапка.

На досегашните пет избори за претседател на републиката беа избрани четворица претседатели. Актуелниот шеф на државата Ѓорге Иванов беше избран од граѓаните во два последователни мандата.

На првите непосредни претседателски избори во 1994 година на гласање излегоа 1.053.761 граѓани, а за шеф на државата беше избран Киро Глигоров со освоени 715.087 гласови во првиот круг на гласање.

Неговиот наследник Борис Трајковски во 1999 година беше избран во втор круг со 582,808 гласови, а на гласање излегоа 1.112.153 граѓани, односно 69,06 отсто. Во избирачкиот список тогаш биле запишани 1.610.340 избирачи.

Следниот претседател Бранко Црвенковски во 2014 година беше избран, исто така, во вториот круг со гласовите на 550.317 од вкупно излезените 909.289 или 53,64 отсто граѓани. Во избирачкиот список имаше 1.695.103 избирачи.

Ѓорѓе Иванов во 2009 година кога за прв пат беше избран за претседател во вториот круг доби поддршка од 453.616 граѓани, а вкупно на гласање излегоа 764.039 или 42,63 отсто од граѓаните. Таа година во избирачкиот список биле запишани 1.792.082 избирачи.

Вториот мандат во 2014 година Иванов го освои со 534.910 гласови, од вкупно излезените во вториот круг 967.676 или 54,38 отсто изибрачи. На тие претседателските избори право на глас имаа 1.779.572 граѓани.

На првиот круг од претседателските избори што се одржа на 21 април, според податоците што ги објави Државната изборна комисија излезноста, излезеноста изнесуваше 42,81 отсто или на гласање излегле 753,520 граѓани.

Претседателот на републиката се избира на општи и непосредни избори, со тајно гласање, за време од пет години. За претседател на републиката исто лице може да биде избрано најмногу два пати. Претседателот на Републиката мора да биде државјанин на Република Северна Македонија.

За претседател на републиката може да биде избрано лице кое на денот на изборите наполнило најмалку 40 години живот. За претседател на Републиката не може да биде избрано лице кое до денот на изборите не било жител на Република Северна Македонија најмалку десет години во последните 15 години. Изборот за претседател на Републиката се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател. /МИА.

Дневен хороскоп за 19. мај 2024 година

Дневен хороскоп за недела, 19. мај 2024 година. 

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ако имало помали недоразбирања меѓу вас и саканата личност , денеска ќе успеете да ги смирите работите.

Кариера

Нека не ве загрижува тоа што одите со мали чекори . И на тој начин се стигнува до голема цел.Продолжете така.

Здравје и совет

Не се расправајте , туку соработувајте.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе чувствувате дека среќата е во поврзаноста со луѓето и затоа демеска ќе се покажте како исклучително друштвена личност.

Кариера

Ви се оди некаде , но не можете. Истото ќе важи и за работните задачи што сакате да ги избегнете.

Здравје и совет

Бидете поодговорни.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Вашиот љубовен залет ќе продолжи и денеска. Оние кои можеби уште бараат сродна душа , нека излегуваат во друштво.

Кариера

Ќе немате повеќе грижи . Сте почнале добро и продолжувате со исто темпо.

Здравје и совет

Се чувствувате се подобро.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Семејството денеска ќе ве привлекува и ќе ве одбива. Ќе има влијанија што кај вас ќе предизвикуваат фрустрации.

Кариера

Ќе бидете фокусирани на луѓето околу себе со кои уште не сте дефинирале некои работи.

Здравје и совет

Оние кои се движат на работа , ќе уживаат во секој момент.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Многу е веројатно дека ќе се натпреварувате со саканата личност околу надмоќ во врската. Тврдоглавоста нема никого да направи среќен.

Кариера

Малите мудрости ќе бидат вашата добитна комбинација во работата.Не се залетувајте , туку прво промислете.

Здравје и совет

Емотивно незадоволство.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Денот е поволен за секаков вид љубовна комуникација.Доколку сте сами , препуштете им се на чувствата и изразете ги.

Кариера

Оние кои се движат на работа , денеска ќе уживаат во секој момент.Другите ќе имаат потреба за движење и ќе ги засилат контактите.

Здравје и совет

Не анализирајте ги своите заслуги.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некои ќе измислат поетски зборови , со кои ќе ја заведуваат личноста што им се допаѓа. Другите ќе ги решаваат малите семејни проблеми.

Кариера

Парите и комуникациите ќе бидат главни обележја на работниот ден. Главно доборо ќе се снаоѓате.

Здравје и совет

Мали проблеми со циркулацијата.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Многумина денеска ќе добијат шанса да ги покажат вистинските чувства.Ќе бидат отворени , искрени и чесни.

Кариера

Немојте да се двоумите ако треба да се впуштите во некаков ризик.Околностите , луѓето и настаните ќе ве поттикнат во тоа.

Здравје и совет

Подобрување во секој поглед.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Денеска вашиот личен живот ќе се одвива пријатно.Ќе има мали натпревари со партнерот, но се ќе свртите на шега.

Кариера

Она што ве задржува на работа се подобрите перспективи што можеби не ги очекувавте.Добро е.

Здравје и совет

Може да се опуштите.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе верувате дека сте на добар пат , но вашите реакции ќе бидат необмислени .Контролирајте се и се ќе биде добро.

Кариера

Денеска ќе се занимавате со финансиски теми. Ќе бидете задоволни со резултатите, но малку ве загрижува иднината.

Здравје и совет

Не ја трошете одеднаш целата енергија.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Веројатно денеска ќе се покажете како исклучително чувствителна и привлечна личност.Едноставно ќе блескате.

Кариера

Се што ќе работите денеска ќе има јасна порака дека вашето влијание е неопходно. Со задоволство ќе бидете прифатени од колегите.

Здравје и совет

Дотерајте се и излезете некаде.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Денеска ќе поработите на развојот на еротската страна на врската. Ќе настојувате што побргу саканата личност да ја однесете во кревет.

Кариера

Ви претстои договор во врска со вложување или состанок со спонзори.Ќе биде малку тензично.Обидете се да бидете појасни.

Здравје и совет

Многу работи ќе ви изгледаат здодевни.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

притисни ентер