Во вселената ќе се гради филмско студио и концертна сала - Канал 5

Во вселената ќе се гради филмско студио и концертна сала

Space Entertainment Enterprise (S.E.E), компанијата која е копродуцент на новиот филм на Том Круз, сместен во вселената, планира да направи вселенска спортска арена и продукциско студио.

Во вселената ќе се гради филмско студио и концертна сала

Планот е да се изгради вселенска станица со спортска и забавна арена, како и студио, а имаат намера да го сторат тоа до крајот на 2024 година. SEE-1 е модул кој ќе биде домаќин на филмски, телевизиски, музички и спортски настани , но ќе биде и простор за креативци кои сакаат да снимаат каква било содржина во ниската орбита. Ќе може да се развива, продуцира, снима и емитува која било содржина.

С.Е.Е. планира да креира своја содржина, но и да одржува настани. Аксиом Спејс, кој доби лиценца во јануари 2020 година за изградба на комерцијална компонента за Меѓународната вселенска станица, ќе се грижи и за изградбата на модулот SEE-1. Модулот ќе се спои со станицата Axiom, која е дизајнирана да стане дом за комерцијални потфати, вклучително и вселенски туризам.

Станицата Axiom ќе се оддели од MSS 2028, а SEE, основана од британските претприемачи и продуценти Елена и Димитриј Лесневски, моментално собира средства, тврдејќи дека ова е можност за човештвото да се пресели во други светови и да започне ново возбудливо поглавје во вселената.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Подготвени сме за прекин на огнот по постоечката линија на фронтот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украина е подготвена за прекин на огнот по постоечката линија на фронтот и е за почеток на дипломатски преговори. 

Зеленски: Подготвени сме за прекин на огнот по постоечката линија на фронтот

Тој во интервју за „Ал Џезира“ на англсики јазик во Киев, рече дека таков потег би бил исклучително голем компромис.

„Подготвени сме да застанеме таму каде што сме сега. Станува збор за прекин на огнот на линијата на поделба. Тоа е компромис, се разбира, и многу голем“, рече Зеленски. „Свесни сме дека тој не сака да ја напушти нашата територија. Затоа велиме: во ред, да застанеме тука и да се свртиме кон дипломатијата“.

Зеленски, исто така, изрази надеж дека американскиот претседател Доналд Трамп сè уште има доволно влијание за да помогне во наоѓањето решение за завршување на војната..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран го користел сателитскиот интернет „Старлинк“ на Маск за напади врз американските сили

Иран ги користел услугите за сателитски интернет „Старлинк“ на компанијата „Спејс-Икс“ при напади врз американските сили, откако САД и Израел извршиле напади врз Иран, објави весникот „Вашингтон Пост“, повикувајќи се на свои извори. 

Иран го користел сателитскиот интернет „Старлинк“ на Маск за напади врз американските сили

Извршниот директор на „Спејс-Икс“, Илон Маск, бил разбеснет кога дознал за две неовластени користења на „Старлинк“, за кои неговиот тим утврдил дека се поврзани со дејствијата на Иран против американските сили, се вели во извештајот, кој се повикува на две лица запознаени со внатрешните дискусии во компанијата.

„Старлинк“ нема дозвола за работа во Иран, но Маск претходно изјави дека услугата е активна таму.

Според „Волстрит Џурнал“, иранските власти го ограничувале јавниот пристап до интернетот за време на немири – вклучително и за време на смртоносните протести низ целата земја во јануари – по што американската влада прокриумчарила илјадници терминали на „Старлинк“ во Иран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вучиќ е за тоа СНС да нема свој претседателски кандидат, партијата ќе одлучи на 3 декември

Александар Вучиќ најави дека главниот одбор на Српската напредна странка во четврток, на 3 декември, ќе одлучи дали и како партијата ќе учествува на претседателските избори. 

Вучиќ е за тоа СНС да нема свој претседателски кандидат, партијата ќе одлучи на 3 декември

Тој рече дека се разгледуваат три опции, а тој лично се противи на првата – СНС да настапи со свој кандидат. Втората опција како што рече е да поддржат независен кандидат, за што интерес покажала поранешната минстерка Зорана Михајловиќ, а имало идеи да се поддржи и сопственикот на Информер Драган Вучичевиќ, кој е во притвор.. Третата опција, за која најмногу се залагал Вучиќ, е воопшто да немаат кандидат..

Претседателските избори во Србија се закажани за 27 декември, а рокот за поднесување кандидатури истекува на 6 декември на полноќ. Студентското движење веќе го претстави Радомир Саичиќ, професор по хемија, академик и пратеник од Студентската листа, како свој кандидат за претседател.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер