Детски насмевки, долготрајни аплаузи и весела публика на изведбата на „Пинокио“ на Битолски театар во Прилеп
2Детски насмевки, долготрајни аплаузи и весела публика на изведбата на „Пинокио“ на Битолски театар во Прилеп
3ВМРО-ДПМНЕ: Од опозиција Филипче вели Македонија не е на продажба а сите паметиме како со Заев го продадоа името
„Вашингтон пост“: Трамп сака да го забрза развојот на вештачката интелигенција,неговото семејство сè повеќе заработува од тоа.
Почина синот на Синди Крафорд: Трагедија во семејството на познатата манекенка, Пресли имаше само 27 години
1„Вашингтон пост“: Трамп сака да го забрза развојот на вештачката интелигенција,неговото семејство сè повеќе заработува од тоа.
2Почина синот на Синди Крафорд: Трагедија во семејството на познатата манекенка, Пресли имаше само 27 години
Шоу бизВо Венеција почнува 80. Меѓународен филмски фестивалВо Венеција, Италија, денеска почнува 80. Меѓународен филмски фестивал, познат под називот „Мостра“, но годинава со помалку звучни имиња, поради штрајкот во Холивуд, и повеќе контроверзии поради изборот на филмови и режисери.Без холивудските ѕвезди, 80-та „Мостра“ што ќе трае до 9 септември, ризикува да биде критикувана и поради тоа што ќе ги удостои Роман Полански и Вуди Ален, првиот осуден, вториот обвинуван за наводна сексуална злоупотреба. Се очекува поради изборот на контроверзните филмски режисери, овогодишното издание да се одвива во поинаква атмосфера, пишува францускиот весник „Фигаро“. Филмот „Ферари“ на Мајкл Ман за основачот на познатата автомобилска марка, Енцо Ферари, годинава се натпреварува во конкуренција за главната награда „Златен лав“. Тој филм доби дозвола од американскиот синдикат да биде во конкуренција и поради ова е можно и дозволено присуството на Адам Драјвер и Пенелопе Круз, кои глумат во ова остварување. На листата режисери, пак, се Дејвид Финчер и Софија Копола. Претседател на жирито годинава е американскиот режисер Демиен Шазел. Полански, кој има 90 години, според наводите нема да дојде на Фестивалот. Тој престојува во Европа заштитен од американската правда, па над 40 години живее вон САД откако беше осуден за силување. Полански важи за „персона нон грата“ во Холивуд. Неговиот филм ќе биде прикажан вон натпреварувачкиот дел на Фестивалот. Станува збор за „Палата“ снимен во Швајцарија, со Фани Ардан и Мики Рурк во главните улоги. Вуди Ален (87), кој повеќепати изминативе десетлетија се соочуваше со обвинувања за сексуална злоупотреба на неговата посвоена ќерка, што тој ги негира, ќе го претстави својот 50. филм „Coup de chanse“. Тој е снимен во Париз на француски јазик и со претежно француски глумци. Фестивалот е основан како дел од Венециското биенале од грофот Џузепе Волпи во 1932 година. Од 1932. до 1942. главната фестивалска награда „Златен лав“ беше именувана како „Куп на Мусолини“ по тогашниот италијански фашистички диктатор Бенито Мусолини. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВидео: Неверојатниот Меси повторно ја воодушеви Америка со нова мајсторија и постави нов рекордИако натпреварот во МЛС-лигата меѓу Интер Мајами и Сан Дијего заврши нерешено (2–2), сите погледи повторно беа вперени кон еден од најдобрите светски фудбалери во историјата, волшевникот Лионел Меси. Брилијантниот Аргентинец уште еднаш докажа зошто важи за еден од најдобрите специјалисти за прекини во историјата на фудбалот. Во 23-тата минута, Меси мајсторски погоди од слободен удар и го израмни резултатот за својот тим, постигнувајќи го својот 75-ти гол во кариерата на овој начин. Со овој погодок, Меси самостојно го зазеде второто место на вечната листа, надминувајќи го легендарниот Бразилец Жаир Роса Пинто. Сега, единствениот играч пред аргентинскиот волшебник е поранешниот бразилски репрезентативец Марселињо Кариока, кој во текот на својата кариера постигнал 78 гола од слободни удари. Што се однесува до самиот натпревар, гостите од Сан Диего поведоа преку Андерс Драјер во 12-тата минута, пред Меси да го израмни резултатот со потег на вистинска мајсторија. Луис Суарез го комплетираше пресвртот за домаќините со гол во 75-тата минута, но одличниот Драјер се погрижи Интер да не стигне до победата; тој го постигна израмнувачкиот погодок во 82-рата минута, спречувајќи ги домашните навивачи целосно да го прослават најновиот историски успех на својот капитен. Free kick goal and it had to be HIM 🤩🤷♂️ https://t.co/4wUhKXNjzL — Inter Miami CF (@InterMiamiCF) September 20, 2026 Тагови: Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМаксим Димитриевски до СДСМ: ВНИМАВАЈТЕ ДА НЕ ВИ СЕ ЈАВИ И ЗНАМ 3.0 !Довербата кај граѓаните се гради со работа и резултати, а се потврдува со отчетност и преземање одговорност.Токму на тие принципи, Движењето ЗНАМ го темели своето дејствување, порача претседателот Максим Димитриевски на настанот посветен на отчетот на избраните и именуваните функционери од редовите на ЗНАМ во Скопје. Димитриевски истакна дека ЗНАМ не е реприза на политичките модели што граѓаните веќе ги имаат видено и дека секој еден функционер мора да биде свесен дека функцијата е доверена од граѓаните и подлежи на нивна оценка. „Секој еден функционер од ЗНАМ, почнувајќи од сите вас овде во салата, завршувајќи до мене – секој еден е менлив. Граѓаните даваат и граѓаните земаат власт. Но, притоа ЗНАМ не смее да биде една реприза од она што е веќе видено во Македонија.“ - истакна тој. Осврнувајќи се на обвинувањата од страна на СДСМ, Димитриевски упатувајќи им директна порака, порача дека Движењето ЗНАМ нема да дозволи обидите за политички пресметки да го променат начинот на кој движењето ја гради довербата со граѓаните. „Се јавил ЗНАМ 1, па сега и ЗНАМ 2.0, па обвинуваат за наводни афери. Во ЗНАМ афери нема. Нас не краси чесност, отчетност, одговорност и транспарентност. И ние сме различни од сите нив останати. Но, притоа ќе им кажам да внимаваат да не им се јави и ЗНАМ 3.0. Но, на крајот на денот, еден е ЗНАМ – Движење ЗНАМ за НАША МАКЕДОНИЈА и еден ден ќе биде ЗНАМ политичка партија која ќе преземе одговорност да ја води државата.“ - порача Димитриевски. Отчетот на избраните и именуваните функционери од редовите на ЗНАМ продолжува во повеќе градови низ Македонија до крајот на годината, како дел од континуираниот процес на претставување на сработеното и резултатите од работењето на функционерите на Движењето во изминатите две години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураДетски насмевки, долготрајни аплаузи и весела публика на изведбата на „Пинокио“ на Битолски театар во ПрилепЕдна сцена, илјадници детски насмевки и едно прекрасно фестивалско утро. Вака беше на првиот ден од театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот“ во Прилеп, кој го отвори екипата на Битолскиот театар со претставата „Пинокио“. „За нас беше огромно задоволство и особена чест што со „Пинокио“, во изведба на НУ Народен театар Битола, го отворивме театарскиот фестивал. Додека нашите актери се подготвуваа зад сцената, пред влезот веќе нè чекаше најубавата публика – дечињата, со љубопитност, возбуда и насмевки на лицата. А кога завесата се крена, започна едно поинакво патување – во светот на Пинокио, фантазијата, музиката и детската магија. Најголемата награда за секој што создава театар за деца е токму среќата во нивните очи. Благодариме за прекрасниот пречек и за можноста токму ние да го отвориме ова фестивалско патување“, истакнуваат од НТБ. Оваа е претстава во која Пинокио не потсетува дека секоја голема приказна започнува со детската фантазија. Се работи за приказна што и по повеќе од еден век ни укажува дека патот до тоа да станеш „вистински“ минува низ искушенија, грешки и храброст. Детската претстава не е само забава. Таа е првото место каде што детето учи да препознава чувства, да поставува прашања, да разликува добро од лошо, да верува, да сонува и да ја користи својата фантазија. „Пинокио“ од Карло Колоди, во режија на Деан Дамјановски, е приказна за растењето, изборите, искреноста, љубовта и патот кон тоа да станеме подобри. Главниот лик го игра Никола Стефанов, а во останатите улоги се: Валентина Грамосли, Марјан Георгиевски, Јулијана Мирчевска, Маја Андоновска Илијевски, Катерина Аневска Дранговска, Александар Димитровски, како и децата од Театарска школа „Бабец“: Ана Анѓелевска, Стефан Доневски, Матеа Василевска, Лина Трампевска, Николина Јанкоска, Ана Марија Каранфиловска, Војдан Мавровски, Николај Илијевски, Марија Јовев, Андријана Мемет, Каја Крстевска. Композитор е Марјан Неќак, сценографијата е на Сергеј Светозарев, костимографијата на Андреј Ѓоргиевски, изработка на маски Сара Милевска, ментор на театарската школа Бабец Јулијана Мирчевска. ТФД „Силјан Штркот“ започна со детска радост, а „Пинокио“ со задоволство ја раскажа својата приказна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter