Во Велес утре започнувааат „58. Рацинови средби" - Канал 5

Во Велес утре започнувааат „58. Рацинови средби"

Во Велес градот на поетот и револуционер Коста Солев Рацин утре претпладне во 10 часот со Меѓународната научна конференција „Синтези:Рацин и Конески", започнува програмата на годинашната манифестација „58. Рацинови средби" .

Во Велес утре започнувааат „58. Рацинови средби"

Во тие рамки ќе бидат промовирани научни дела испечатени во периодот меѓу две конференции, а организатори се Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков", Советот за македонски јазик при Владата и Општина Велес.

Попладнето ќе бидат посетени двата споменика на Рацин во Велес, а ќе бидат засадени и млади садници во Шумата на Рацин кај Спомен костурницата од НОВ, каде меѓу останатите борци се и наоќаат и посмртните останки на Коста Солев Рацин.

Свеченото отворање на Рациновите средби е утревечер во 19 часот во салата на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинив-Џинот" каде Беседа за Рацин ќе одржи проф д-р Атанас Вангелов. Исто така, ќе се одржи и традиционалниот Меѓународен поетски митинг. Вечерта ќе биде заокружена со Вокално-инструментален концерт на НУ Ансамблот за народни игри и песни „Танец".

Програмата продолжува во сабота со традционална посета на Спомен куќата на Рацин, каде ќе биде промовирана збирка поезија на млади македонски поети.

Свеченото затворање на „52. Рацинови средби" е во сабота вечер кога ќе бидат претставени портретите на годинашниот добитник наПочесното Рациново признание за 2021 Ала Генадјевна Шешкин и на Рациновото признание за 2021 Милован Стефановски и ќе бидат врачени наградите.

Програмата на годинашните "58. Рацинови средби’ ќе заврши во недела на 13 јуни со традиционалната посета на местото на погобјето на Рацин во Лопушник кичевско, а во таа чест ќе се одржи и Марш за Рацин.

Организатор на Рациновите средби е Општина Велес под покровителство и со поддршка на Министерството за култура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција

Осомничените, на возраст од 22 до 72 години, дејствувале на подрачјето на Скопје и Куманово. 

АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција

Агенцијата за национална безбедност и Министерството за внатрешни работи разоткрија иранска прокси-мрежа составена од шест македонски државјани, осомничени дека подготвувале терористички напад, односно атентат врз однапред определено лице во соседна Грција.

Осомничените, на возраст од 22 до 72 години, дејствувале на подрачјето на Скопје и Куманово. Четворица се уапсени во Македонија, еден во Грција, додека по шестиот се трага.

Акцијата следувала по речиси десетмесечна разузнавачка истрага, спроведена во соработка со грчката разузнавачка служба и други меѓународни партнери. Според АНБ, осомничените одржувале тајни средби во повеќе држави, вклучително и во Иран, каде што биле утврдени нивните врски со иранскиот државјанин Едрис Јахангири Маванех, за кого постојат индиции дека соработува со иранските разузнавачки структури.

„Станува збор за лица етаблирани во криминални структури во земјава, кои по директни насоки на иранскиот државјанин преземале подготвителни логистички активности за извршување на терористички акт, односно атентат врз претходно дефинирано лице, таргет лоциран во Грција – вели Христовски

Според директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, при претресите биле откриени дополнителни сознанија за меѓусебната поврзаност на осомничените и нивните контакти со странски државјани а биле најдени парчиња оружје, муниција, телефони и лаптопи.

-Самата акција беше прецизно планирана и реализирана од надлежните полициски служби од одделот за сузбивање на сериозен криминал со поддршка на припадниците на специјалната антиттерористичката Тигар. Во текот на самото постапување и службените разговори беа утврдени меѓусебна поврзаност како и нивна поврзаност со странски државјани межукои и лица поврзани со прокси мрежи. Исто така беше утвдено дека имале намера да извшат терористички акт на теротирија на друга држава – истакна тој.

За случајот е известено надлежното Јавно обвинителство. На четворица осомничени им е определен притвор, а на едно лице куќен притвор.

Безбедносно разузнавачките служби се уште не го откриваат идентитетот на лицето кое било цел на планираниот атентат, ниту кога требало да биде извршен нападот.

Надлежните најавуваат продолжување на соработката со меѓународните партнерски служби за навремено откривање и спречување на потенцијални терористички закани.

Според првите луѓе на АНБ и БЈБ, и покрај зголемените меѓународни безбедносни предизвици, тие уверуваат дека во моментов нема сознанија за планирани терористички напади на македонска територија. Ризикот од тероризам се оценува како низок, а Македонија останува безбедна земја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Александар Чеферин контра Џани Инфантино- познат е кандидатот за претседател на ФИФА

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денес го предложи претседателот на Француската фудбалска федерација, Филип Дијало, за кандидат за претседателските избори на ФИФА.

Александар Чеферин контра Џани Инфантино- познат е кандидатот за претседател на ФИФА

- На состанокот одржан денес, со кој претседаваше претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, националните асоцијации претставени во Извршниот комитет на УЕФА и Советот на ФИФА го поканија Дијало да се кандидира за претседателските избори на ФИФА во март 2027 година, давајќи му едногласна и целосна поддршка - објави УЕФА на својата официјална веб-страница.

Во соопштението се наведува дека Дијало има богато искуство на сите нивоа на фудбалот.

- Тој ја предводеше организацијата што ги претставува француските професионални фудбалски клубови, работеше во управното тело на француската професионална лига, како и во рамките на телото за решавање спорови на ФИФА, пред да стане претседател на ФФФ и член на Извршниот комитет на УЕФА во 2023 година - додаде УЕФА.

- Со оглед на сериозните загрижености за насоката во која се движи ФИФА, националните асоцијации повикаа на враќање на единството и довербата во рамките на светската фудбалска заедница. Тие изразија целосна доверба во Дијало и неговата способност да го обезбеди потребното лидерство за постигнување на овие цели - се додава во соопштението.

УЕФА соопшти дека Дијало ја прифатил кандидатурата.

- Се очекува неговата кандидатура официјално да биде потврдена од Извршниот комитет на ФФФ утре - се заклучува во соопштението.

Рокот за поднесување на кандидатури за претседател на ФИФА истекува во среда на полноќ по средноевропско време. Актуелниот претседател на ФИФА, Џани Инфантино, претходно потврди дека ќе се кандидира за реизбор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен вработен во Дирекција за заштита и спасување поради барање мито

Полициски службеници во координација со ОЈО Скопје уапсиле лице вработено во Дирекцијата за заштита и спасување поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“.

Уапсен вработен во Дирекција за заштита и спасување поради барање мито

Според засега неофицијални информаци се работи за раководител во ДЗС кој, според барал мито во врска со издавање позитивно мислење потребно за изградба на објект. Засега нема детали за случајот, а по завршување на активностите од страна на надлежните се најавуваат детални инфомрации за случајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер