2Град Скопје: Средба со делегацијата на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа
Вакцините против сезонски грип до крајот на месецов - доцнат поради глобален проблем во производството
2Вакцините против сезонски грип до крајот на месецов - доцнат поради глобален проблем во производството
Други спортовиВо Велес кајак слалом на диви води „Илинден Опен 2019"Во организација на Кајак клубот „Вила Зора" со подршка на Општина Велес денеска во водите на Вардар во Велес се одржа 24-от по ред Кајак слалом на диви води „Илинден Опен 2019". Во повеќе дисциплини се натпреваруваа велешките кајакарски клубови, како и кајакари од Скопје и Демир Капија, како и гостите од Србија, ККК „Гусар" од Ниш. Во дисциплината К-1 пионери, првото место му припадна на Стефан Рибарски од ККК „Вардар" Велес, втор патеката ја заврши Петар Радојковиќ од ККК „Гусар" Ниш Р.Србија, додека третото место го освои Арун Небиовски од ККК „Вардар" Велес. Во дисциплина К-1/ јуниори, најбрз беше Ангелче Петрушевски, второпласиран Мартин Мазнев, а третото место го освои Ердинч Зејнелов, сите од ККК „Вардар" Велес. Во дисциплина К-1/сениори, прв патеката ја помина Христијан Игнатов КК „Бабуна" Велес, второто место го освои Никола Димов КК „Бабуна" Велес, додека третото место му припадна на Марко Кесиќ ККК „Гусар" Ниш Р.Србија. Во дисциплина Ц-1/јуниори, првото место го освои Ангелче Петрушевски од ККК „Вардар" Велес, втор беше Лазар Цветковиќ од ККК „Гусар" Ниш Р. Србија, додека третото место го освои Мартин Мазнев од ККК „Вардар" Велес. Во дисциплина Ц-1/сениори, првото место го освои Бошко Нецинов од КК „Бабуна" Велес, второ место Марко Кесиќ од ККК „Гусар", Ниш Р.Србија, а трет се пласираше Александар Дамјанов од КК „Бабуна" Велес. Во дисциплина К-1/јуниорки-жени, првопласирана беше Ангела Димова од КК „Бабуна" Велес, второто место и припадна на Олгица Мелова од ККК „Просек" Демир Капија. Во екипен пласман беа постигнати следниве резултати: 1.ККК „Вардар" Велес 2.КК „Бабуна" Велес 3.ККК „Гусар" Ниш 4.ККК „Просек" Демир Капија 5.ККК „Гемиџии 903" Велес 6.ККК „Илинден 90" Скопје 7.КК „Вила Зора" Велес Инаку, вчера во водите на Вардар во Велес, исто така со поддршка на Општина Велес се одржа „Велес Опен 2019./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаСветската банка ги зголеми проекциите за македонската економијаСветската банка ги зголеми проекциите за македонската економија. Наместо претходно очекуваните 2,9 проценти, сега растот е проектиран на 3,2%. Според најновиот октомвриски извештај, меѓу главните двигатели на економската активност се наведени инфраструктурните проекти. За 2027 и 2028 година е проектиран умерен раст од по 3%, додека за Западен Балкан прогнозата е 3,4%. Но, во друг извештај за долгорочниот економски раст и создавањето работни места во Македонија, Светска банка предупредува дека без структурни реформи, растот до 2050 година би можел да забави на само 2,4%, што е само 55% од просечниот доход во ЕУ. Како главни причини ги посочуваат ниската продуктивност, слабите инвестиции, недоволната конкуренција и намалувањето на работоспособното население. Од Светската банка предлагаат повеќе инвестиции во технологија и иновации, реформи и подобро искористување на работната сила. -Ако се искомбинира овој пакет за реформски пакети што го предлагаме, ќе го зголеми порастот од 2,4 на 3,8% во просек и директно ќе придонесе за околу 190 илјади подобро платени работни места и околу 60 илјади повеќе работни места, односно зголемувањето на платата реално ќе биде околу 25% во овој период,- Сања Маџаревиќ – Шујстер – виш економист во Светска банка за Западен Балкан. Светска банка предупредува дека до 2070 година работоспособното население во Македонија би можело да се намали за повеќе од половина, поради стареењето и иселувањето. Проекциите покажуваат дека до 2040 година Македонија ќе биде земја со над 20% население на возраст над 65 години. Недостигот на работна сила веќе е предизвик за економијата, предупредува и премиерот Мицкоски. Според него, за посилен економски раст ќе бидат потребни најмалку 800 илјади вработени, односно уште околу 90 илјади во однос на сегашниот број. -Ние во моментот треба да најдеме нови 90.000 вработени коишто ќе создаваат доход во државата. Ние мораме тоа да го направиме. Се плашам дека со проекциите во, еве да речеме за 15, 20, 25 години од денеска, дека таа бројка ќе дојде под 500.000. Тогаш ќе настанат вистинските проблеми и за пензискиот систем, и за здравствениот, и за државата и во целост во економијата. Затоа, кога зборувам за просемејни политики, тогаш треба да бидам сериозно сфатен, затоа што ова е начинот на којшто ние мораме да се движиме или, или ќе треба да се увезува работна сила којашто носи со себе други предизвици,- Христијан Мицкоски – претседател на Владата. Извештајот нотира и ниска продуктивност – речиси две третини од инвестициите на компаниите се насочени кон градежништвото, а само околу една третина во машини и опрема. Ниско е и учеството на жените и младите на пазарот на труд – жените учествуваат 19 процентни поени помалку од мажите, додека само 26,9 проценти од младите се дел од работната сила. Нотираат и дека бизнисот страда од институционални слабости, во најголем дел од корупција. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГрад Скопје: Средба со делегацијата на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на ЕвропаНа средбата се разговаравше за напредокот на локалната самоуправа во Република Македонија, за јакнењето на општините и за заедничките чекори кон поквалитетни услуги за граѓаните.Градоначалникот на Град Скопје и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари конструктивна средба со делегацијата на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа, составена од Андерс Кнапе од Шведска и Матијас Гисин од Швајцарија, коизвестувачи и членови на Конгресот, како и Ивета Реинхолде, експерт за Европската повелба за локална самоуправа, и претставници на Секретаријатот на Конгресот. На средбата се разговаравше за напредокот на локалната самоуправа во Република Македонија, за јакнењето на општините и за заедничките чекори кон поквалитетни услуги за граѓаните. - Ја истакнав значајната финансиска поддршка што општините ја добиваат од Владата за реализација на инфраструктурни проекти. Тоа е поддршка што се преточува во нови улици, подобра инфраструктура и решавање на потребите на граѓаните. Унапредената соработка со министерствата и новиот Меморандум меѓу Владата и ЗЕЛС се цврста основа за уште повеќе заеднички резултати. Ја нагласив и нашата посветеност на натамошна децентрализација, финансиски посилни општини и поефикасна локална администрација. Преку партнерски однос со Владата, продолжуваме да работиме на решенија што ќе им овозможат на општините побрзо и поуспешно да одговараат на секојдневните потреби на граѓаните. За мене, успехот на секоја соработка се мери со она што граѓаните го чувствуваат во својот живот - уредена општина, подобра услуга и општина што е достапна и подготвена да помогне – рече на средбата Ѓорѓиевски Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека делегацијата го препозна ЗЕЛС како силна и обединета организација, која успешно ги застапува интересите на локалните власти, што претставува признание за заедничката работа, но и поттик да се продолжи уште попосветено.Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканДронови погодија два брода покрај брегот на Бугарија, еден потона, се трага по посадатаСе потенка линијата помеѓу воената зона и цивилната пловидба – два трговски брода утринава дронски беа нападнати во бугарскиот дел од Црното Море, едниот, под знамето на африканско Того е потонат на самото место, екипажот се води како исчезнат. Вториот брод од Палау поминал со големи оштетувања, но екипажот е евакуиран, дел со посериозни повреди, пренесуваат тамошните медиуми. Бугарскиот премиер Румен Радев итно го свика советот за безбедност. Не се откриени луѓе во првиот брод, екипажот е во неизвесност. Апсолутно, грубо, погазување на меѓународното право и воопшто на морското дејствување. На оваа војна, ако не се стави крај на време, таа ќе продолжи да го проширува својот просторен опфат и да го зголемува ризикот, дури и од глобален конфликт. Гледаме дека војната се вжештува, се погазуваат веќе секакви правила на меѓународното право. Се гаѓаат цивилни морски пловила. Кој и со каков мотив стои зад овој напад кој е на 130 километри од приморскиот град Бјала, засега останува непознато. Единствено, бугарските медиуми шпекулираат дека непотонатиот брод превезувал украинско жито. Како високо загрижувачка состојбата на Црното Море ја оцени и претседателката на ЕК – Урсула Фон дер Лајен, по видеоконференцијата на ЕУ лидерито со бугарскиот премиер. Таа гледа можна поврзаност со вчерашниот напад врз турскиот брод со украинско жито на романскиот брег. -Ова доаѓа само еден ден откако туски брод, кој носи укранско жито беше погоден и потонат на ромаскиот брег. Иако точните околности на овие инциденти се уште се утврдуваат, случувањата се многу загрижувачки. Нападите врз цивилни бродови се неприфатливи. Фон Дер Лајен - Статус. Лицата на бродот од Палау, кои беа евакуирани се пренесени во Варна, дел од нив се хоспитализирани. Во меѓувреме надлежните трагаат по екипажот од Того, брод кој засега останува непознато што превезувал. Тагови: брод дрон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook