Во Токио со церемонија поинаква од претходните отворени 32 летни Олимписки игри - Канал 5

Во Токио со церемонија поинаква од претходните отворени 32 летни Олимписки игри

Попладнево во Токио една година по одложувањето поради пандемијата од корона вирусот официјално со церемонија поинаква од сите претходни отворени се 32 летни Олимписки игри .

Во Токио  со церемонија поинаква од претходните отворени 32 летни Олимписки игри

Во 20 часот по локално време со спектакуларно специфично видео и прекрасен огрномет започна церемонијата на свеченото отворање на игрите во јапонскиот главен град.

Токио по втор пат во историјата по далечната 1964 година е домаќин на најголемиот свтески спортски настан.

На чудното свечено отворање на Олимпискиот стадион во Токио попладнево се присутни само 950 гледачи, вклучувајќи ги и вип личностите, претседателите, премиерите и други политичари од целиот свет.

На скоро празниот Олимискиот стадион во Токио видните гости меѓу кои беше и првата дама на САД Џил Бајден ги дочека императорот на Јапонија Нарухито.

Игрите во Токио кои ќе траат се до 8 август ќе бидат несекојдневни по многу работи.

Домаќините како што најавија организираа скромна и поинаква церемонија на свечено отворање за да се почитуваат ковид мерките.

Поради специфичните услови спортистите и нивните тренери редовно ќе мора да боидат тестирани на ковид, нивното движење ќе биде ограничено и ќе мора да ги почитуваат посебните мерки по напуштање на собите во Олимпиското село.

На игрите кои ќе бидат различни од сите претходни учествуваат околу 11300 спортисти од 205 држави од целиот свет кои ќе атакуваат на медалите во 33 спорта.

Македонија на игрите во Токио е преставена од осум спортисти во седум спортови меѓу кои и знаменосецот Дејан Георгиевски.

Првиот Македонец кој ќе настапи во Токио ќе биде Борјан Бранковски, тој утре ќе се појави во квалификациите во стрелаштво на 10 метри воздушен пиштол.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 16 лица на различни локации во државата, при преглед кај нив пронајдена е дрога, следуваат пријави

По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

Лишени од слобода 16 лица на различни локации во државата, при преглед кај нив пронајдена е дрога, следуваат пријави

На 03/04.10.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Г.П.(21), С.Б. (37) , М.Х.З.(39), С.М.(19) и 17-годишничка, сите од Скопје,

како и М.И.(38) од Велес, Х.Д.(25) од Гостивар и Е.С.Е.(22) од Турција, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.

На 03.10.2026 во 16:45 часот на ул. „Киро Ристоски-Дрнц“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Л.А. (36) од Тетово. При преглед кај него биле пронајдени и одземени две пакувања со кокаин и еден кујнски нож.

На 03.10.2026 во 22:00 часот, на ул. „120“ во Тетово, во спортска обложувалница, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода К.А. (34) од Тетово. При преглед кај него бил пронајден предмет со остатоци од кокаин. Во врска со истиот настан, од слобода било лишено и одговорното лице од објектот С.Р. (62) од с. Челопек, поради сомнение за сторено кривично дело по чл. 216 од Кривичниот законик „овозможување употреба на опојни дроги“.

На 04.10.2026 во 01:20 часот на ул. „Иво Лола Рибар“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода С.А. (29) од Гостивар. При преглед кај него било пронајдено и одземено пакување со кокаин.

На 03.10.2026 во 23:45 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со оружје и дрога при СВР Штип ги лишија од слобода А.Ѓ.(22) и В.И.(24), двајцата од Штип. При преглед кај нив е пронајдена и одземена грутчеста материја и марихуана.

На 03.10.2026 во 21:30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ј.М.(37) од Чешка, поради тоа што во патничко возило со чешки национални ознаки, со кое тој допатувал, во неговиот личен багаж била пронајдена и одземена марихуана.

На 03.10.2026 во 21:30 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово во координација со полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишија од слобода А.Г.(31) од Кавадарци, поради тоа што при извршен преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: ЗНАМ во Гостивар го чува идентитетот. Свој нема. Има далечинско!

Максо пред гостиварци: ќе разговараме со Бугарија, не отстапуваме од македонскиот идентитет. Отчет. Две години работа. И само една љубов - тендери. 

СДСМ: ЗНАМ во Гостивар го чува идентитетот. Свој нема. Има далечинско!

Прво ја предадоа партијата. Потоа гласачите. Сега се чувари на идентитетот. Свој немаат.

Имаат здружение на далечинско. Сателит на арамијата. Столче, тендер, глас во Собрание.

Идентитетот го потврди Фон дер Лајен, директно, во Скопје: Европа ве чека со вашиот јазик и вашата култура.

Сиљановска рече: заштитени се македонскиот идентитет, јазикот и културата. Преспанскиот договор арамијата го нарече ремек-дело. Тимчо рече дека НАТО е најдобрата работа за земјата.

Па сега ЗНАМ ги повторува речениците на арамијата, во град во кој веќе дванаесет недели нема документ дека водата е чиста и безбедна за пиење. 5.000 луѓе се отруле, а дел од нив завршиле во болница.

Максо го чува идентитетот како плац за Лидл.

Нека објаснат во Гостивар што чуваат. Идентитет што не е на маса, или партиска каса што е на маса.

Нека кажат колку чинеше столчето. Нека кажат како и зошто „патриотите“ имаат бугарски пасоши и фирми, а другите ги нарекуваат предавниции.

ЗНАМ не е отчет. Тоа е филм што веќе го гледавме. Предавство со датум. Втората верзија бара клучеви за 1,6 милиони евра.

Првиот пропадна.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ким Џонг-ун го надгледувал лансирањето на хиперсонична ракета

Државната Корејска централна новинска агенција (KCNA) на Северна Кореја објави дека Северна Кореја вчера спроведе вежба за лансирање стратешки ракети со среден дострел, под надзор на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Ким Џонг-ун го надгледувал лансирањето на хиперсонична ракета

Ракетата беше лансирана во Источното Море како дел од обуката за ракетни единици кои ракуваат со „хиперсоничен стратешки систем на оружје“, соопшти KCNA. Ким рече дека способноста за контранапад на севернокорејската војска е клучна и дека развојот на стратешко оружје е неопходен за да се заштити националната безбедност и стабилност во сегашната геополитичка средина.

„Мора да продолжиме да вложуваме одговорни и непрестајни напори за непријателот постојано да може да ја препознае сигурноста и смртоносноста на нашите стратешки офанзивни средства“, го цитираше KCNA Ким, додавајќи дека тоа е средство за одвраќање.

Можеби станува збор за ракета Хвасонг-16

KCNA објави дека ракетата, лансирана на североисток, погодила цел на 1.000 километри оддалеченост во Источното Море.

Јужнокорејската војска претходно соопшти дека во четврток наутро детектирала лансирање на балистичка ракета од областа Вонсан во Источното Море и дека ракетата прелетала повеќе од 700 километри.

Експертите веруваат дека може да станува збор за хиперсонична балистичка ракета со среден дострел Хвасонг-16, повикувајќи се на извештаите на севернокорејските медиуми дека ракетата можеби ја променила својата траекторија на ниска надморска височина за време на летот. Државните медиуми објавија фотографии на кои се гледа Ким како го надгледува лансирањето со својата ќерка Џу-ае и сопругата Ри Сол-ју.

Тројца јужнокорејски војници се повредени во експлозија на мина

Лансирањето се случи во време на зголемени тензии на Корејскиот Полуостров по експлозијата на мина во демилитаризираната зона (ДМЗ) минатиот месец, при што беа повредени тројца јужнокорејски војници.

Јужнокорејската војска ја обвини Северна Кореја за поставување мина што експлодираше на 21 септември, нарекувајќи го чинот „очигледно“ кршење на договорот за примирје со кој заврши Корејската војна од 1950 до 1953 година. Сеул побара извинување од Пјонгјанг и одговорни мерки, додека Северна Кореја негираше одговорност, обвинувајќи ја Јужна Кореја за фалсификување на резултатите од истрагата и предупредувајќи за „безмилосна“ одмазда доколку се преземат соодветни мерки.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер