Во тетовско Непроштено ќе се одбележат 20 години од конфликтот во 2001 година - Канал 5

Во тетовско Непроштено ќе се одбележат 20 години од конфликтот во 2001 година

Во тетовско Непроштено вечер ќе се одблежат 20 години од конфликтот во 2001 година со помен на убиените и киднапирани Македонци од ова место.

Во тетовско Непроштено ќе се одбележат 20 години од конфликтот во 2001 година

-Настанот ќе се одржи со почеток во 18 часот и 30 минути со положување цвеќе пред споменикот на киднапираните што се наоѓа во центарот на селото, информираат од Организацискиот одбор на Непроштено.

Во 2001 година беше убиен Стојан Михајловски, а Крсто Гоговски, Цветко Михајловски и Васко Михајловски се дел од 12-те Македонци кои беа киднапирани во тетовскиот регион.

Спомен-обележјето во Непроштено е изградено во 2014 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема акција на Богородица: Царинските службеници запленија 5.000 штеки цигари

Царинските службеници запленија 5.000 штеки цигари вредни 9 милиони денари – приведен возачот на камионот.

Голема акција на Богородица: Царинските службеници запленија 5.000 штеки цигари

Во акција на царинските службеници на граничниот премин Богородица, при контрола на товарно моторно возило пријавено за транзит, откриени и запленети се пет илјади штеки цигари во вредност од девет милиони денари. Возачот на камионот, српски државјанин, кој обидел да ги криумчари цигарите, е приведен и против него е поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија за сторено кривично дело криумчарење.

Со камионот пријавен за транзит од Грција за Србија, согласно приложената документација, биле превезувани градежни материјали – камена волна. При извршената детална контрола, царинските службеници над палетите со пријавената стока откриле 100 необележани кутии со по 50 штеки цигари, односно вкупно 5.000 штеки цигари без акцизни маркички, кои не биле пријавени.

Со оваа акција Царинската управа ги потврдува своите заложби во сузбивање на нелегална трговија со цигари и спречување на прекуграничен криминал во меѓународни размери.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ужас во САД-Осумчлено семејство пронајдено мртво во запалена куќа

 Осумчлено семејство е пронајдено мртво во куќа зафатена од пожар во Мичиген, а истрагата покажала дека станува збор за убиство и самоубиство, соопштија денеска локалните власти.

Ужас во САД-Осумчлено семејство пронајдено мртво во запалена куќа

Како што пренесува „Еј-Би-Си Њуз“ (ABC News), пожарникарите ги пронашле телата на шест деца на возраст од пет до 15 години, како и на нивните родители.

Од Канцеларијата на шерифот на округот Отава соопштија дека сите членови на семејството починале од прострелни рани.

Според резултатите од обдукцијата, 47-годишниот Кристофер Каролкјевич извршил самоубиство, додека смртта на неговата 39-годишна сопруга Аманда и на нивните шест деца е оквалификувана како убиство.

Имињата на децата не се објавени. Меѓу жртвите има четири момчиња на возраст од 5, 11, 12 и 15 години, како и две девојчиња на возраст од 11 години. Четири од децата биле биолошки, а две биле посвоени.

Капетанот од Канцеларијата на шерифот, Џејк Спаркс, изјави дека станува збор за „неискажлива трагедија“ и дека истражителите ќе сторат сè што е во нивна моќ за да го утврдат мотивот зад злосторството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Сега Мицкоски бара експерти за вода? Па зар Мицкоски и Тошковски-хиперхлораџијата не беа експерти?

Мицкоски денеска изјави дека за состојбите во Гостивар се консултираат со експерти и дека партиите не треба да шират хистерија.

СДСМ: Сега Мицкоски бара експерти за вода? Па зар Мицкоски и Тошковски-хиперхлораџијата не беа експерти?

После толку дена пинг-понг, префрлање одговорност и признанија од министерот за здравство - сега одеднаш се потребни експерти?

Во нормална држава експертите и институциите што ги има државата би биле прашани од првиот ден.

Не Мицкоски да објаснува и да глуми експерт за вода.

Не Орце со дрон да ја испитува водата од воздух.

Не Тошковски, кој наместо да си ја работи својата работа, се занимава со хиперхлорирање на водата во Гостивар.

Сега уште едно признание или само барање нов алиби?

Мицкоски едно прашањето од граганите: кој од вас ќе одговара за труењето на цела Македонија?

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер