Во тек подготовките за изборите, од понеделник почнува изборната кампања

Откако Државната изборна комисија (ДИК) го утврди редоследот на учесниците на локалните избори на гласачкото ливче, најдоцна до четврток (23 септември) на полноќ треба да биде објавена Единствената листа на кандидати.

Распоредот на кандидатите на гласачкото ливче со жрепка беше утврден вчера на седница на ДИК, а поради актуелната ситуација со Ковид-19, не беа присутни претставниците од политичките партии, коалициите и групите избирачи.

Партиите настапуваат самостојно или во коалиции во зависност од општините и постигнатите меѓусебни договори. Од поголемите партии, на Единствената листа на кандидати, Демократската унија за интеграција е под број 3, Алијанса за Албанците под број 5, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија" под број 7, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија под број 9, Алтернатива под број 10, Демократската партија на Албанците под број 11, БЕСА под број 16…. На листата се наоѓаат и помали партии, коалиции и за првпат на овие избори има голем дел независни кандидати.

Во Роковникот на ДИК предвидени се и термини до кога можат да настане промена на утврдената листа на кандидати во случај доколку некој почине од кандидатите за советници или градоначалник.

Во тек се и останатите подготовки за претстојните локални избори.

За првпат годинава на денот на изборите ќе бидат применети терминали за отчитување на отпечаток од прст на гласачите за што од страна на претставници од германската фирма „Дермалог" се спроведува едукација на членовите на избирачките одбори. Првите терминали веќе се пристигнати во земјава, а до 1 октомври треба да пристигнат и останатите.

Се уште трае и рокот за поднесување на барања за набљудување на изборите. Сите заинтересирани може да аплицираат до 6 октомври.

Избирачкиот список во којшто граѓаните имаа можност да извршат увид, согласно Роковникот на ДИК, треба да биде заклучен во петок, на 24 септември, а една недела подоцна, на 1 октомври да биде потпишан.

И додека во ДИК течат подготовките за претстојните избори, од понеделник партиите ја почнуваат изборната кампања која ќе трае до 15 октомври. Во овој период тие пред граѓаните ќе ја претстават својата изборна програма за следните четири години.

Изборите ќе се одржат на 17 октомври во недела. Поради Ковид-19, тие ќе се спроведат со почитување на сите мерки и протоколи за заштита од вирусот. Ден пред одржувањето на изборите, ќе гласаат старите и изнемоштени лица и затворениците, како и лицата кои се во домашен карантин поради позитивен тест на Ковид-19 и оние кои се во самоизолација.

Ковачевски: Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата

Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата, гласањето ЗА значи прогрес и подобра држава.

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вечерашниот митинг во Крушево, ги повика граѓаните пред да гласаат на 8-ми мај, убаво да размислат дали ќе дадат глас „за“ или глас „против“. Го повикувам сите граѓани да размислат кој заслужува да ја води државата, рече Ковачевски.

„Гласањето ПРОТИВ не ѝ носи добро на Македонија. Само ако гласаме ЗА може да одиме напред и да изградиме подобра држава за нашите деца, држава во која тие ќе сакаат да живеат. Со глас ПРОТИВ можеби ќе казните некого, но во исто време ќе ги казните и сопствените деца. Таа краткорочна казна може да има долгорочни последици за државата. Затоа ве повикувам масовно да гласате ЗА европска иднина. Да гласате ЗА Стево Пендаровски, за претседател и ЗА СДСМ и Коалицијата за европска иднина на парламентарните избори“, порача Ковачевски.

При тоа, Ковачевски им се заблагодари на членовите, симпатизерите и поддржувачите на СДСМ кои останале доследни на социјал-демократската идеја на партијата.

„Многу е поголемо задоволството кога ќе се измачиш во борба со својот политички и идеолошки противник, отколку да ја избереш полесната опција и да се свртиш против своите. Тоа е јалова борба, во која никогаш нема победник, а тој што се борел против своите си оди дома како најголем губитник. Затоа ние избравме да се бориме со идеи, со визија, со конкретни проекти, а не со кавга со довчерашните сојузници и истомисленици“, истакна Ковачевски.

Лидерот на СДСМ порача дека основната цел на програмата на Коалицијата за европска иднина е брзи, ефикасни и успешни преговори со ЕУ затоа што само на тој начин како држава може да обезбедиме повисок животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство.

Скопје, 28 април 2024

СДСМ

Убавата Ирина Шајк во потрага по ново момче!?

Руската убавица Ирина Шајк во последно време дефинитовно нема среќа во љубовта.

По разводот со актерот Бредли Купер, со кој има ќерка, убавата манекенка стапи во врска со познатиот НФЛ играч Том Брејди, но и таа врска не траеше долго и „пукна“, па сега Ирина е во потрага по ново момче.

Сексапилната манекенки наводно бара некој кој е познат, убав и има пари, изјави извор за „PageSix“.

Сепак, не е лесно Ирина Шајк да го пронајде вистинското момче кое ќе ги задоволи сите нејзини критериуми.

"Таа бара дечко, но има малку луѓе со кои излегува. Потребни ѝ се познати, згодни и богати.

Колку се такви, пет, десет", рекол извор кој сугерира дека новиот дечко на Ирина би можел да биде големиот холивудски заводник, актерот Том Круз, која неодамна раскина со атрактивната Русинка Елсина Каиров.

Саудиска Арабија предупреди на економските последици од војната во Газа

Саудиските власти денеска повикаа на смирување на тензиите на Блискиот исток и предупредија на економските последици од војната во Појасот Газа, на отворањето на специјалната средба на Светскиот економски форум.

Дводневниот форум се одржува во Ријад во присуство на многу лидери и високи функционери, меѓу кои и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, палестински претставници и високи дипломати вклучени во напорите за ставање крај на конфликтот меѓу Израел и палестинското движење Хамас.

-Војната во Газа, како и конфликтите во Украина и на други места, вршат „голем притисок“ врз економското опкружување, изјави саудискиот министер за финансии Мохамед ал Џадан.

- Израел не е претставен на состанокот, додека преговорите за примирје со посредство на САД, Катар и Египет се во тек на други места, но настанот ќе биде можност за разговори со клучните играчи, рече саудискиот министер.

Блинкен утре ќе пристигне во Ријад каде што ќе „разговара за тековните напори за постигнување прекин на огнот во Газа што овозможува ослободување на заложниците“, соопшти Стејт департментот.

притисни ентер