3Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
ЖивотКралот Чарлс се враќа на јавните должностиОткако се појавија вести дека состојбата на британскиот крал Чарлс се влошила и плановите за неговиот погреб биле избрзани, Бакингемската палата објави дека кралот се враќа на јавните должности.Кралот Чарлс ќе се врати на јавните должности следната недела откако неговиот третман за рак имаше позитивен ефект. 75-годишниот монарх добива амбулантна нега и е виден само неколку пати откако ја објави својата состојба во февруари, кога се повлече од ангажманите кои вклучуваа јавно говорење. Изворите рекоа дека кралот сè уште има рак и ќе продолжи да се лекува. - Програмата за лекување на Неговото Височество ќе продолжи, но лекарите се доволно задоволни од досегашниот напредок што сега кралот може да продолжи со низата јавни должности. Претстојните ангажмани ќе бидат приспособени таму каде што е потребно за да се минимизираат сите ризици за континуираното закрепнување - изјави портпаролот на Бакингемската палата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МакедонијаНема парно греење во Кисела вода- реагираат револтирани жители Во нашата редакција се обрати Скендер Мехмет од Кисела вода, кој во име на станарите тврди дека во два влеза од нивната зграда нема парно греење. Писмото ви го пренесуваме во целост: „Ви се обраќаме како очајни, револтирани и крајно разочарани граѓани, кои повеќе од 24 часа се оставени без парно греење, без конкретно објаснување и без никаква информација кога проблемот ќе биде решен. Од вчера, 07.11.2026 година, пред 09:00 часот, становите со броеви 17, 18, 19, 20 и 21 во влез 1 и истите станови во влез 2, на ул. Локов бр. 5 во Скопје, Кисела Вода, немаат парно греење. Во зградата живеат мали деца, повозрасни и болни лица, семејства кои се принудени да престојуваат во студени станови. Дел од нас веќе се разболени, а ситуацијата станува сè понеподнослива. ДАЛИ ВО 2026 ГОДИНА Е НОРМАЛНО СЕМЕЈСТВА ДА БИДАТ ОСТАВЕНИ БЕЗ ГРЕЕЊЕ СРЕДЕ ГРЕЈНА СЕЗОНА?! Од вчера досега, станарите имаат направено повеќе од 20 телефонски пријави. На секоја пријава го добиваме истиот одговор: „Ќе биде постапено во најбрз можен рок.“ Поминаа повеќе од 24 часа, а тој „најбрз можен рок“ очигледно нема крај! Никој не ни кажува што е проблемот, дали воопшто некој работи на негово решавање и уште колку време треба да поминеме во студени домови. Се чувствуваме целосно игнорирани и оставени сами на себе! Токму затоа, во овој мејл ги вклучуваме и медиумите. ПОЧИТУВАНИ ПРЕТСТАВНИЦИ НА МЕДИУМИТЕ, ВЕ МОЛИМЕ ЗА ПОМОШ! Ве замолуваме да ја објавите нашата ситуација, да побарате одговори од надлежните и да ни помогнете нашиот глас конечно да биде слушнат. Не бараме ништо повеќе од основни услови за нормален живот. Не бараме привилегии. Бараме греење во сопствените домови, услуга за која редовно плаќаме! Жално е што сме доведени во ситуација да молиме медиуми за помош за нешто што треба да биде најнормална обврска на надлежните служби. До надлежните: Колку пријави се потребни за конечно да реагирате? Колку часа треба да поминат? Дали треба нечија здравствена состојба сериозно да се влоши за да ја сфатите ситуацијата сериозно? Бараме ИТНО воспоставување на греењето, јавно објаснување за прекинот и конкретен одговор кога проблемот ќе биде решен. Апелираме до медиумите да не го игнорираат овој повик. Очајни сме, изморени од празни ветувања и немаме намера повеќе да молчиме!“ Загрижени станари од ул. Локов бр. 5, Скопје Влез 1 и влез 2 Скендер МехметКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државатаСДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев .Во СДС прво треба на научат кој за што е надлежен во државата. Јасно е дека во нивно време немаше линии во поделбата на власта па беа по старото ‘кадија те тужи, кадија те суди’, но еве потсетување дека Народната банка и гувернерот се институцијата која носи одлуки во рамките на своите надлежности за банкарскиот систем. Алта банка е увезен проблем и не може СДС од ракав да даваат вакви изјави, прво немаат кредибилитет, второ очигледно ги знаат основните надлежности на ниедна институција. Но Заев правеше така, па нив им е всадена таа матрица и гледаат низ истата призма, имаат двојни стандарди, а можеби како што беше за Еуростандард така и за Алта на сон им доаѓаат сценаријата. Од партијата на Венко сега пак гледаме обиди за создавање на искривени перцепции, дека проблемот можел да се прелее во сите банки, иако од надлежните има транспарентна комуникација и се работи на решение, а гувернерот порача дека граѓаните нема да бидат оштетени. Ама лица од СДС на телевизиски настапи настапуваат со однапред подготвена програма за ширење паника и повторно спинување на изјави во јавноста за оваа тема како и секоја останата да можат да ја искористат. СДС се симбол за нестабилност, криминал и афери и свесно користат теми од јавен интерес за да создадат чувство на нестабилност со вакви неосновани тврдења. Им порачуваме на СДС да престанат со обидите за политичко профитирање, има надлежни кои работат на решение, деструктивноста на СДС не им треба на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНов инцидент во Краков: Полицијата пукала на човек кој со нож во рака шетал по улица Ноќеска кратко по 3 часот, полицијата во Краков отвори оган врз маж (23) кој одел со нож во рака во југозападниот дел од градот, неколку часа откако во масовното пукање во тој град беа убиени девет лица, соопшти локалната полиција.Портпаролката на полицијата во Малополска, Катаржина Цисло, изјави дека по пристигнувањето на местото на настанот, полицајците испукале предупредувачки истрели, а потоа еден од полицајците испукал еден истрел кон мажот, но промашил, пренесува RMF24. Цисло нагласи дека инцидентот што се случил преку ноќ не е поврзан со пукањето што се случило вчера на Главниот плоштад во Краков, каде што биле убиени шест лица, додека истиот напаѓач претходно убил уште три лица, чии тела биле пронајдени во неговиот стан. Никој не е повреден во инцидентот синоќа, а мажот го испуштил ножот откако биле испукани истрелите, бил уапсен и однесен во болница. Првичните полициски наоди укажуваат дека уапсениот маж бил психички растроен.Тагови: краков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter