Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита - Канал 5

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Од денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец март 2026 година, информира Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

-Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, прецизираат од Министерството.

Исто така, додаваат, и корисниците кои не користат картички од денеска ќе можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Салах претставен во својот нов клуб, ќе заработува 17 милиони евра годишно

Досегашната ѕвезда на Премиерлигата и Ливерпул, 34 годишниот Мохамед Салах беше претставен како нов играч на Трабзонспор. 

Салах претставен во својот нов клуб, ќе заработува 17 милиони евра годишно

Трансферот на легендарното египетско крило во Трабзонспор претставува неочекуван потег, со оглед на тоа што во изминатите месеци тој главно се поврзуваше со клубови од Саудиска Арабија и со Бешикташ.

Приказната за Трабзон се појави неодамна, а работата брзо беше завршена. Поранешниот фудбалер на Ливерпул – со кого клубот спогодбено го раскина договорот – ја даде својата прва изјава за веб-страницата на Трабзонспор. „Трабзон, дали сте подготвени? Ве слушам. Се гледаме наскоро“, рече Салах.

Трабзонспор се смета за четвртиот најголем турски клуб, покрај истанбулските гиганти Фенербахче, Галатасарај и Бешикташ. Минатата сезона тие завршија на третото место и ќе играат во квалификациите за Лигата на Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски : СДС и Филипче со години молчеа за небезбедната вода, а денес глумат загриженост за граѓаните

СДС и Филипче се обидуваат да собираат политички поени на темата вода во Гостивар, а со години не кажаа ниту збор за случаите на небезбедна вода кои биле евидентирани додека токму тие ја водеа државата.

Манасиевски : СДС и Филипче со години молчеа за небезбедната вода, а денес глумат загриженост за граѓаните

Деновиве објавивме документи, кои јасно покажуваат дека надлежните институции во нивно време располагале со информации за небезбедна вода во повеќе населени места. Но, наместо решенија и транспарентност, граѓаните добија молк.

СДС и Венко Филипче должат одговор на три едноставни прашања.

Зошто не ги известиле граѓаните за наодите?

Колку од тие случаи биле целосно отстранети?

И третото и најважно, со кое лице бараат одговорност за нешто што самите со години не го решавале?

Не може исти луѓе кои со години беа власт, денес да се претставуваат како да немаат никаква одговорност за состојбите што ги оставиле зад себе.

Наместо политички театар, СДС и Филипче, треба да им објаснат на граѓаните зошто ништо не направиле додека ја имаа целата институционална моќ во свои раце.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Прашање: Кој е вашиот став за денешното обвинување од страна на СДС дека наводно се создава терен за прифаќање на француски предлог?

Одговор: Хистеријата во СДС е на завидно ниво. Талогот од СДС веќе не знае што повеќе да излаже. Ќе ве потсетам, лажеа со години дека ќе банкротираме во 2024 година, во 2025 година. Еве сега сме 2026. Не банкротиравме. А лажат дека ќе банкротираме и оваа година.

Лажеа и за ИПАРД програмата, дека ќе биде блокирана, дека парите нема да бидат наменети за земјоделците, но еве и таа лага се распрсна како меур од сапуница.

Лажеа за мигрантите. Ќе ве потсетам, велеа дека ќе дојдат во март, април, мај, јуни. Еве сега сме август. Нема ни трага ни глас од никакви мигранти по договорот со Обединетото Кралство.

Лажеа за извештајот на европратеникот Томас Вајц. Лажеа, а сега денес слушаме и дека ние ќе го прифатиме тој француски предлог. Ние во Собранието имаме 2/3 мнозинство. Доколку сакавме да го направиме тоа, ќе го направевме. Немаше да чекаме волку голем период.

Да резимирам, сè што говори талогот од СДС е сосема спротивно од вистината.

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жерновски: „Тајниот план“ на Муцунски е тајна само за гласачите на ВМРО

„Тајниот план“ на Муцунски е тајна само за гласачите на ВМРО – Владата на Мицкоски договора прифаќање на Францускиот предлог

Жерновски: „Тајниот план“ на Муцунски е тајна само за гласачите на ВМРО

Ние сакаме преку вас до граѓаните да соопштиме една многу важна вест.

Таа е поврзана со она што го слушнавме од министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, дека постои, цитирам, таен договор за започнување на преговори со Европската Унија.

Денеска оваа прес-конференција е посветена токму на тоа, односно да го разоткриеме, како опозиција, тој план.

Почитувани граѓани, се подготвува терен за прифаќање на францускиот предлог.

Наши информации од Брисел зборуваат дека Владата на Мицкоски тоа веќе го договорила и тоа се јасни сигнали коишто пристигнаа и од Брисел, и од Берлин, и од Париз.

Исцрпени се буквално сите обиди и лаги коишто претходно се обидуваа луѓето од Владата да ни ги продадат.

Се сеќавате, сè започна со некакво одложено дејство, па потоа со специјални услови, па потоа дека ќе имаме, нели, за нас некакви посебни договори и така натаму.

Па најновото што го слушнавме од Мицкоски е дека ќе сме влегле во Европската Унија, ама без право на глас.

Сето тоа падна во вода и веќе нема простор за нови импровизации.

Единственото нешто што сега го прави човекот којшто седи позади мене и сите околу него е како оваа лага, којашто им ја продадоа на гласачите, да ја претстават како победа. Како да покажат дека тоа не е лага.

Се обидуваат да направат стратегија како да го прикажат како победа она што до вчера за нив беше лага и велепредавство.

И целата таа стратегија за тоа што денеска се случува во овие простории, затоа што како поинаку ќе се објасни дека СДСМ бил во право?

Ќе се објасни дека токму врз тие лаги дојдоа на власт.

Ова сакам да ви го објаснам со тоа што сите заедно, и како политичари, и како новинари, и како граѓани, се зачудивме за наглиот пресврт во политиката и дипломатијата на Тимчо Муцунски.

Сè започна со тоа кога самиот призна дека ние не сме северномакедонци, како што тие тврдеа кога беа во опозиција.

Дека ние не зборуваме северномакедонски јазик, како што тие тврдеа кога беа во опозиција, туку, напротив, дека денеска сме Македонци и дека зборуваме македонски јазик.

Тоа не беше доволно.

За да се подготви теренот уште подлабоко, дојдоа неговите уверувања дека, замислете, протоколот не е дел од преговарачката рамка.

Нешто што беше основа, клуч за напад врз тогашната власт од денешната опозиција, врз СДСМ.

Нешто врз што ги добија изборите.

Претходно претседателката на државата веќе призна дека јазикот, културата и националниот идентитет се заштитени.

Ја цитирам, токму со Преспанскиот договор.

Потоа го имате Тимчо Муцунски. Повторно се изјасни за возвишувањето на НАТО, дека е најдоброто нешто што ни се случило и дека гарантира безбедност за граѓаните.

Затоа сакавме да одржиме оваа прес-конференција за да им објасниме на граѓаните што сега се случува и каква стратегија подготвува Владата на Мицкоски.

Претстојуваат денови кога граѓаните, особено оние коишто ја дадоа поддршката на ВМРО, ќе им стане јасно дека тоа беше партијата којашто врз основа на лаги дојде на власт и којашто сè уште со лаги владее.

Доаѓа време кога ќе стане јасно дека СДСМ ја зборуваше вистината, дека СДСМ презеде обврски, гласаше одлуки коишто беа за добробит на граѓаните, тешки, меѓутоа за да добиеме просперитет во иднина и да ги зачуваме младите во нашата држава.

Доаѓа период кога ќе сведочиме за една победа на политиките и визионерството на СДСМ, но и пораз на политиките и на лагите на ВМРО.

Прес конференција на СДСМ, Андреј Жерновски – член на ИО и Секретар за меѓународна соработка

YouTube video

Скопје, 05.08.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер