Во Струмица за пет денови поднесени 82 барања за субенционирање за купување нов велосипед

За пет денови од објавувањето на Јавниот оглас на Општина Струмица за субвенционирање за купување нов велосипед поднесени се 82 барања од граѓаните.

Според информациите од локалната самоуправа, пристигнатите барања се разгледани од Комисијата за проведување на Јавниот повик за за купување на велосипед или велосипед со заштитна опрема (кацига, ракавици, штитници, велосипедско светло) за 2024 година.

Додаваат дека од планираниот буџет во Програмата за заштита на животната средина за оваа година се планирани 1.250.000 денари, а до сега се искористени 555.396 денари.

Инаку, средствата што Општина Струмица ги субвенционира се во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот или велосипед со заштитна опрема, но не повеќе од 10.000,00 денари по лице.

Јавниот повик е отворен до 25 овој месец.

Најстарата пронајдена слика, од пред 51.000 години, се наоѓа во Индонезија

Голема црвена свиња опкружена со три човечки ликови - тоа е описот на засега најстарата откриена слика, создадена пред повеќе од 51.000 години, на ѕид во пештера во Индонезија. 

Со тоа, ова е најстарото уметничко дело во светот, објави денеска aвстралискиот Универзитет „Грифит“.

- Иако скромен по изглед, цртежот јасно раскажува приказна што го претставува и најстариот познат доказ за раскажување приказни. Тоа му претходи на пештерските слики во Ласко и Шове во Франција, изјави археологот Адам Брум, еден од авторите на научниот труд објавен во научното списание „Нејчр“ (Nature).

Сликата, иако „нагризана од забот на времето“ јасно го опишува дејството, слично како и енигматичната „Сцена на бунарот Ласко“ (стара 21.000 години) што прикажува човек со птичја глава кој соборува бизон. Претходниот рекорд го држеше сцена на лов, идентификувана од истите истражувачи од Универзитетот во Австралија во 2019 година, во индонезиска пештера, за којашто се процени дека е стара речиси 44.000 години.

Најновото откритие, во блиската пештера Марос-Пангкеп на островот Сулавеси, го означува „првиот пат кога е надмината бариерата од 50.000 години“, според истражувачот Максим Оберт, археолог од aвстралискиот Универзитет.

- Фактот што најраните претставници на нашиот вид можеле да раскажат ваква „софистицирана“ приказна преку уметност може да го промени нашето разбирање за когнитивната еволуција на хомо-сапиенсот... Според мое мислење, ова откритие ја зајакнува претпоставката дека фигуративната уметност првпат се појавила во Африка пред повеќе од 50.000 години и дека концептот станал пошироко распространет како што се проширувал нашиот вид, додаде научникот.

Истражувачите примениле нов метод кој користи ласери и софтвер за да генерира „мапи“ на обрасци на карпите заради одредување старост на сликата.

Оберт претпоставува дека делото веројатно го создале првите групи луѓе кои ја преминале Југоисточна Азија пред да пристигнат во Австралија, пред околу 65.000 години. Инаку, првите слики направени од човечка рака се едноставни линии, откриени во Јужна Африка и датираат од пред 100.000 години.

Портер, доживотно исклучен од НБА, се соочува со судење поради обложување

Поранешниот центар на Торонто репторс, Џонтај Портер ќе се соочи со федерални кривични пријави поради спортско обложување, пишува „The Athletic“.

Се очекува 24-годишниот Американец целосно да ја признае вината. Рочиштето ќе се одржи на 10 јули.

Во април оваа година, НБА го суспендираше Портет доживотно, со што му беше забранет влез во лигата.

Кошаркарот беше обвинет за откривање доверливи информации на спортските обложувалници. Дополнително, утврдено е дека Портер сам направил неколку облози користејќи туѓа сметка.

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ ја партизира државата со враќање стари кадри

Ако се анализираат кадровските решенија кои во прва фаза ги назначи Владата на ВМРО-ДПМНЕ, многу е очигледно дека Мицкоски посега по стари кадри.

Наместо професионализација и промени коишто се ветуваа гледаме партизација пред квалификација. Многу малку може да се забележат некои свежи кадри или некомпромитирани професионалци.

Така со Фондот за здравство ќе раководи Сашо Клековски, кој иако е лекар никогаш не работел во здравството.

Како тој и со кое знаење ќе ја води оваа комплексна и многу важна институција?

Клековски беше редовен учесник на телевизиските дебати, каде ревносно ги бранеше политиките на ВМРО ДПМНЕ.

Очигледно единствено таа „квалификација“ му ја обезеди позицијата в.д. директор на Фондот за здравство.

На директорско место во Управа за извршување санкции е назначен Александар Пандов, дипломиран историчар кој ниту има соодветно образование од оваа област ниту искуство.

Работа во приватниот сектор кај Самсоненко, водејќи една од неговите компании за обложување не може да биде соодветна компетенција за оваа позиција.

Очигледно и затоа со назначување на в.д. директори Владата ја заобиколува неопходната процедура за избор на директори.

Назначувањето на Коце Трајановски за в.д директор пак е директна потврда дека кадровските политики значат враќање назад кон претохдното владеење на ВМРО-ДПМНЕ а не промена.

ВМРО-ДПМНЕ го враќа градоначалникот кој го спроведе најголемиот градежен криминал во историјата на земјата, проектот Скопје 2014.

Му се даваат 600 милиони евра во рацете и моќ да раководи со најголемите инфраструктурни и градежни проекти. Иако во исто време, Коце Трајановски е косопственик и управител на фирма чија дејност опфаќа и градежништво.

Ова што го прави ВМРО-ДПМНЕ на почеток на мандатот не е промена. Граѓаните не гласаа за враќање назад туку за промена која воопшто не се случува и тешко дека ќе се случи.

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Скопје, 4 јули 2024

СДСМ

притисни ентер