Сиљановска-Давкова: Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт
1Сиљановска-Давкова: Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
КултураВо Струмица почнува Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест"Четиринаесеттото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест" ќе почне утре во Амфитеатарот во Струмица. На отворањето ќе му биде доделена наградата „Астер" за исклучителни достигнувања на филмот и ТВ на актерот Данчо Чеврески. Веднаш потоа премиерно ќе биде прикажан американскиот краток игран филм „Кожа", годинашен добитник на Оскар за најдобар краток игран филм, на режисерот со израелско потекло Гај Натив, по сценарио на Шерон Мајмон, а во продукција на Џејми Реј Њуман. Во продолжение ќе бидат прикажани уште 12 интересни кратки филмови: „Тек" на Марија Грација Гоја и Робин Петре, „Еден мал чекор" на Боби Понтилас и Ендру Чесворт, „Маркет плејс" на Аник Кристијаенс (за којшто музиката ја компонираше Марјан Неќак), „И што вели летото" на Пајал Кападија, „Човек-миленик" на Марзиех Абрарпајдар, „Стар закуп" на Висенте Барела, „Ја потпишав петицијата" на Махди Флеифел, „Двоен живот" на Јоб, Јорис и Мариеке, „Врне" на Чиро Д'Емилио, „Лимерентност" на Оливер Пич, „Различни" на Христина Белоусова и Данте Рустав и „Исповедта" на Естебан Фонт Ројо. Фестивалската програма продолжува во сабота претпладне во предворјето на Манастирот „Воведение на Пресвета Богородица" во Велјуса со Тивериополската беседа и портретот на овогодишниот лауреат. Во сабота вечер во Амфитеатарот со присуство на повеќе автори ќе има проекција на уште еден ексклузивен блок од 11 кратки филмови. Во официјалната конкуренција на „Астерфест" се кратки играни, документарни и анимирани филмови селектирани под мотото „Кратки резови", за кои ќе одлучува меѓународното жири составено од ирскиот камерман Ед Годсел, словенечкиот режисер Андреј Кошак, бугарската дистрибутерка Гинка Андреева и македонскиот актер Данчо Чеврески. Фестивалот трае до 29 јули и е поддржан од Општина Струмица и Агенцијата за филм. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска-Давкова: Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го поздрави исходот од парламентарните избори во Србија.Честитки за исходот од денешните избори во Србија! Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт“,напиша Сиљановска-Давкова на мрежата ИКС. Congratulations on the outcome of today’s elections in Serbia! The Serbian citizens have demonstrated democratic maturity through a peaceful transfer of political power — Гордана Сиљановска Давкова (Gordana Siljanovska) (@gogamkd) October 25, 2026 Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретседателот на СДСМ Филипче упати честитки по големата победа во СрбијаПретседателот на СДСМ, проф д-р Венко Филипче упати честитки до граѓаните на Србија по големата победа на изборите. „Честитки до граѓаните на Србија за големата, историска победа! Како што најавивме, следува ослободување од криминалните структури на власта. Падна Орбан. Падна Вучиќ. Сите знаеме кој е следен. Очекувам Србија и Македонија да градат најдобри можни односи, засновани на меѓусебно почитување и соработка. На граѓаните на Македонија им порачувам дека нè чека борба, ни малку лесна, затоа што се бориме против остатокот од оваа криминална балканска група. “ стои во честитката на претседателот на СДСМ, Венко Филипче. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСтудентите ја прославија победата во центарот на БелградВеднаш по прогласувањето на победата, во центарот на Белград почна славењето, кое траење до доцна во ноќта. Таму беше и екипата на Канал 5 – новинарот Михаило Донев и снимателот Зоран Блажевски.Каква беше синоќа атмосферата на улиците во главниот град на Србија и како е утринава се разотиде ли народот од улиците? Целосниот извештај погледнете го во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook