Во странство и кај нас има уште 12 пациенти од пожарот во Кочани, еден е во тешка состојба - Канал 5

Во странство и кај нас има уште 12 пациенти од пожарот во Кочани, еден е во тешка состојба

Состојбата со повредените во трагичниот пожар во Кочани постојано се следи, има напредок во нивното лекување што се спроведува во домашните болници, а државата има капацитети да одговори на потребите за понатамошен третман.

Во странство и кај нас има уште 12 пациенти од пожарот во Кочани, еден е во тешка состојба

Состојбата со повредените во трагичниот пожар во Кочани постојано се следи, има напредок во нивното лекување што се спроведува во домашните болници, а државата има капацитети да одговори на потребите за понатамошен третман, истакна директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашко Клековски на денешната панел дискусија „Кочани е нашиот приоритет“ во Владата.

-Во моментот имаме 12 повредени на лекување во болница, од тоа седум се во странство. Двајца во Србија, двајца во Грција, двајца во Турција, еден во Словенија и пет се во земјата. Еден пациент сè уште, условно да кажам, е во тешка состојба, се наоѓа во Словенија затоа што одлучија да го рехабилитираат таму. Од другите кои се третираат, имаме 16 на плазма третмани збогатени со тромбоцити и без збогатување со тромбоцити, шест на Клиниката за пластична хирургија и десет во „Св. Наум Охридски“. На преврски и слични третмани има 38 повредени, во болниците „8 Септември, „Св. Наум Охридски“, „Аџибадем Систина“ и петмина во Кочани. На физикална терапија се 46 лица, од кои сите во Кочани, само едно лице е во „8 Септември“ бидејќи му се прават и преврски и физикална терапија, истакна Клековски.

Одлуката за враќање на повредените за лекување во државата била донесена затоа што има три болници со капацитет за соодветни здравствени третмани, а особено добри резултати дава третманот со плазма. Тој нагласи дека во Општата болница во Кочани има обезбедено медицински персонал за спроведување на физикалната терапија.

-Во Кочани имаме двајца физијатри и четири физикални терапевти за тие 46 пациенти. Во меѓувреме, формиран е пул од 15 физијатри и шест физикални терапевти од Клиниката во Козле, за физикална терапија и од „8 Септември“, и тие ќе бидат на располагање на Општата болница во Кочани. Дел од овие физијатри ќе бидат вклучени во проценка на состојбата и како тече рехабилитацијата пациентите. Работната група за мониторинг на напредокот на пациентите досега оцени околу 160 повредени, а уште околу 15 пациенти не биле достапни и тие се во комуникација да бидат вклучен, додаде Клековски.

Според директорот на ФЗО процесот за лекување на повредените ќе потрае подолг период, а седумте лекари во работната група се од клиниките кои учествувале во приемот на повредните по трагичниот пожар. На временски периоди од еден до два месеца тие ќе прават оценки на напредокот на закрепнувањето повредените.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вечерва Бела ноќ во Скопје

Вечерва од 19:00 до 03:00 часот, плоштадите, мостовите, галериите, музеите и чаршијата ќе бидат места за нови доживувања и средби што се паметат.

Вечерва Бела ноќ во Скопје

- Има ноќи во кои градот се доживува поинаку. Ноќи во кои улиците стануваат сцена, уметноста ни доаѓа во пресрет, а музиката нè спојува. Скопје повторно ќе живее една таква ноќ, нашата Бела ноќ! Ве поканувам заедно да го исполниме Скопје со љубопитност, насмевки и енергија и да ја почувствуваме неговата креативна сила – истакна Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Само за „Бела ноќ“, работното време на угостителските објекти на подрачјето на Град Скопје се продолжува за два часа, за дружењето и убавата атмосфера да траат подолго.

За сите полесно да бидат дел од оваа ноќ, превозот со ЈСП ќе биде бесплатен од 18:00 часот на 3 октомври до 05:00 часот на 4 октомври.

Во рамките на „Бела ноќ“, бесплатен ќе биде и влезот во Зоолошката градина Скопје.

Уметноста ве очекува на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ, во МКЦ, на Мостот на уметноста, на Боемска улица и во Старата скопска чаршија.

Дел од оваа ноќ ќе бидат и Музејот на Град Скопје, „Аудио Култура“, Домот на градежници, „Мала станица“, ДКЦ „Карпош“, Градската библиотека, Чифте амам, улицата „Македонија“ и Музејот на современа уметност.

Излезете со семејството, повикајте ги пријателите и одберете ја својата прва станица. Дозволете му на Скопје да ве изненади со нешто што досега не сте го виделе, слушнале или почувствувале.

Бела ноќ е покана за сите генерации, за сите што го сакаат овој град и за сите што допрва ќе го доживеат.

Да ги наполниме улиците со живот и да создадеме уште еден убав спомен за нашето Скопје!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на увид на градежни активности на мостот на улица „Љубљанска“ во Карпош

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на мостот во изградба на улица „Љубљанска“ во Општина Карпош.

Мицкоски на увид на градежни активности на мостот на улица „Љубљанска“ во Карпош

По завршување на увидот предвидено е премиерот да даде изјава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“

Вечерва  со почеток од 20:45 часот ќе се одржи фудбалски натпревар од Лига на нации помеѓу репрезентациите на Македонија и Шкотска на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“

Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Апел до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер