БалканВо Србија се урнал авионЈавниот сервис на Србија РТС пренесува дека во близина на Лозница денеска се урнал авион.Според првичните информации авионот се урнал во атарот на селото Брасин во близина на Лозница, на планината Гучево. Локалните жители велат дека се слушнала силна експлозија која многу ги вознемирила . Дел од српските медиуми пренесуваат дека најваројатно паднал воен авион кој летал источно од реката Дрина. Авионот според сведочењето на локалните жители завртел нагло и паднал во дворот на Витомир Тасковиќ. Жителот на село Брасин , Тасковиќ во чии двор паднал авионот е повреден пренесува Новости.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛДП: Губиме време, губиме пари. Само денес губиме 4,2 милиониГубиме време, губиме пари. Само денес губиме 4,2 милиони. Дајте да се затвориме и да направиме национален план за патот до ЕУ.„Историјата нема да нè памети по тоа кој бил власт, а кој опозиција. Ќе нè памети по тоа дали сме имале храброст да донесеме одлуки кога и било најпотребно на државата и граѓаните. Губиме време, губиме пари за граѓаните. Само денес ризикуваме да изгубиме 4.2 милиони евра“, изјави во својот говор на седницата на Националниот совет за евроинтеграции, претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова. Во своето обраќање Зајкова вели дека за реформите колку и вината да ја бараме надвор, немаме право да ја користиме како оправдување за сопствената неспособност да постигнеме договор дома. „Можеби е време сите политички партии, без разлика дали се власт или опозиција, да направат нешто што одамна требаше да го направат и за кое постојано како претседателка на ЛДП апелирам. Да се затвориме во една просторија. Да ги оставиме партиските прес-конференции, дневните пресметки и политичките поени пред вратата. И од таа просторија да не излеземе сè додека не излеземе со конкретни решенија, со јасни позиции и со национален план зад кој ќе можат да застанат сите што искрено сакаат Македонија да стане членка на Европската Унија“, посочува Зајкова. Зајкова вели дека граѓаните се веќе изморени од немањето резултати на европски план и дека наместо нови оправдувања, од надлежните очекуваат зрелост и одговорност. „Крајно време е да престанеме да управуваме со европската агенда како политички конфликт и конечно да почнеме да ја водиме како национален проект“, заклучува претседателката на ЛДП, Моника Зајкова во обраќањето пред Националниот совет за евроинтеграции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВидео: Јамал видно уморен и исцрпен по дуелот против Франција Шпанија е во големото финале на Светското првенство по победата над Франција (2:0), но една снимка од стадионот предизвика вистинска бура меѓу навивачите на „Црвената фурија“. По завршувањето на натпреварот, камерите го снимија Ламин Јамал како го напушта теренот видно исцрпен, а она што им падна в очи на сите беше фактот дека младиот ас буквално едвај одеше. Секој чекор изгледа болно, а социјалните мрежи за рекордно време се вжештија од коментари на загрижените навивачи. По мундијалското полуфинале Шпанците се пожалија на грубоста од француските фудбалери кон младата светска фудбалска ѕвезда. Во текот на целиот натпревар, Французите не бираа средства за да ја запрат најголемата ѕвезда на Шпанија. Јамал беше под постојан притисок, претрпе бројни дуели и стартови, а токму врз него беше направен прекршокот по кој Шпанија доби пенал за водство. Иако видеото на кое тој тешко се движи воопшто не е пријатно за навивачите на „Црвената фурија“, првите информации од шпанскиот табор влеваат оптимизам. Не се очекува повредата да го загрози неговиот настап во финалето; станува збор попрво за последици од жестоките дуели и големиот физички напор за време на полуфиналето. Сепак, јасно е дека шпанскиот медицински тим внимателно ќе ја следи неговата состојба во наредните денови.Тагови: Ламин Јамал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНетанјаху ќе патува во САД, сака да се сретне со ТрампИзраелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе патува во САД во сабота, објави „Џерусалим пост“.Се очекува Нетанјаху да остане во Вашингтон до вторник, а за време на престојот планира да присуствува на комеморација за сенаторот Линдзи Греам, објави весникот. Израелскиот премиер сака да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, но средбата сè уште не е официјално договорена, соопштија израелски извори. Посетата на Вашингтон ќе биде првото официјално патување на Нетанјаху во САД од почетокот на војната со Иран. Неговата последна посета на САД беше во февруари. За време на неодамнешниот телефонски разговор во кој Нетанјаху му честиташе на Трамп за 250-годишнината од американската независност, двајцата лидери се согласија да се сретнат „наскоро“.Тагови: Бенјамин Нетанјаху Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook