Максим Димитриевски: Оваа е резултат од теренска анкета работена за Куманово во период Јануари - Март 2026та
1Максим Димитриевски: Оваа е резултат од теренска анкета работена за Куманово во период Јануари - Март 2026та
АвтомобилизамВо Србија подарок од 5.000 евра за секој купувач на електричен автомобилВластите во Србија синоќа најавија дека од буџетот ќе бидат издвоени по 5.000 евра за секој кој ќе купи нов електричен автомобил што ќе се произведува во фабриката во Крагуевац.-Ако автомобилот чини 22 или 23 илјади, имате пет илјади од нас, секој клиент, најави српскиот претседател, Александар Вучиќ. Како што беше најавено, денеска и официјално ќе биде означена реализација на проектот во фабриката Стелантис во Крагуевац, што се однесува на почеток на производство на електричниот автомобил „Фиат Гранд панда“. На церемонијата ќе присуствуваат претседателот на Србија, Александар Вучиќ и Карлос Таварес, главен извршен директор на Стелантис.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМаксим Димитриевски: Оваа е резултат од теренска анкета работена за Куманово во период Јануари - Март 2026та Првиот човек на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски на социјалните мрежи се огласи за анкетата на МКД.мк.Бидејќи анкетите многу често служат за креирање а не за сондирање на мислење а со цел работите да бидат појасни ќе објавам само еден резултат. - Оваа е резултат од теренска анкета работена за Куманово во период Јануари - Март 2026та по нарачка на НДИ спроведена од агенцијата Маркет вижн Скопје на 1053 теренски испитаници, национален примерок (етничка припадност, пол, возраст). Повелете заклучокот изведете го сами?! - Јас лично сметам дека најдобрата анкета се добива на избори според резултатот, напиша Димитревски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваВидео-Фото: Англиски репрезенативец ги воодушеви жените!!Англискиот фудбалер ги запали мрежите со свои жешки фотографии.Високите температури влијаат и врз фудбалерите на Светското првенство, а да не беше тоа, немаше да има лавина од коментари на социјалните мрежи за изгледот на англискиот ас Џуд Белингем. Англискиот репрезентативец Џуд Белингем привлече огромно внимание на Светското првенство – до тој степен што социјалните мрежи се преплавени со негови фотографии, а овојпат тоа нема никаква врска со фудбалот. Фотографите го овековечиле Белингем за време на еден тренинг додека бара „спас“ од горештината, па така се најде само во долна облека, а жените на социјалните мрежи им се заблагодаруваат на сите за овие снимки. Jude Bellingham during recovery session today🔋 pic.twitter.com/GjcJnNCcvH — Ria (@itsjudithworld) July 2, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисДе Минор по 4 сета до осминафиналето на Вимблдон Алекс де Минор, шестиот тенисер во светот, се пласираше во осминафиналето на Вимблдон откако го победи Закари Свида со резултат 6:2, 5:7, 6:2, 6:4.Австралијанецот добро го отвори мечот и го доби првиот сет без поголеми проблеми. Свајда возврати во вториот. Сепак, Де Минор го подигна нивото на својата игра, ја врати контролата врз мечот и обезбеди место меѓу првите 16 на Лондонскиот Гренд Слем со сигурна игра во третиот и четвртиот сет. Во борбата за четвртфиналето, Де Минор ќе игра против победникот од дуелот меѓу Карен Хачанов и Флавио Коболи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ 18:00Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18Универзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09Сончево со мала до умерена облачност09:00Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00