Во Србија од корона починале 63 лица, две бебиња се на респиратор - Канал 5

Во Србија од корона починале 63 лица, две бебиња се на респиратор

Трендот на бројките на заболени со корона во Србија со денови укажуваат дека сегашните епидемиолошки мерки и кампањи за вакцинација не ги даваат очекуваните резултати.

Во Србија од корона починале 63 лица, две бебиња се на респиратор

Проценките дека ситуацијата е „катастрофална“ и „загрижувачка“ потврдуваат податоците од денеска за уште 63 жртви на Ковид-19 и 7878 нови инфекции.

Зголемен е бројот на тестирани - 26.498 во последните 24 часа, а притисокот на одделенијата за ковид во болниците низ Србија не се намалува - денеска се лекуваат 6789 заразени, од кои 267 се на респиратор.

Од почетокот на пандемијата, регистрирани се 1.111.957 случаи на зараза, официјално се пријавени 9.634 смртни случаи од инфекција со коронавирус, а стапката на смртност е 0,87 проценти.

Денешните 7840 нови инфекции се највисоки на дневна основа од почетокот на октомври.

Во исто време, анти-ваксерите се обидуваат да укажат на протестите во центарот на Белград дека воведувањето на пропусници за Ковид ги дискриминира - со носење жолти ленти поврзани со нацистичката комеморација на Евреите за време на Втората светска војна, обвинувајќи ги властите за „фашизам со Ковид“, додека апелите на владините претставници и членовите на Кризниот штаб ги даваат очекуваните резултати.

Официјалните податоци покажуваат дека најголем одѕив за вакцинирање има во Белград, каде се очекува бројот на вакцинирани со првата доза до денеска да надмине 60 отсто од вкупниот број на полнолетни граѓани, додека 797.608 лица или 57,58 отсто од населението на главниот град биле вакцинирани со втората доза.

„Очекуваме до петок повеќе од 800.000 целосно вакцинирани, а третата доза ја примија 274.118 луѓе, што е 19,83 отсто или речиси една петтина од возрасните белграѓани“, објави на Фејсбук заменик градоначалникот на Белград, Горан Весиќ.

Лекарите посочуваат дека вирусот се повеќе се шири меѓу младите, а шефицата на интензивна нега на Универзитетската детска клиника во Белград, Снежана Рсовац, предупреди дека две бебиња, кои се на респиратори во таа установа, се витално загрозени.

Двете бебиња се заразени дома, а колку е поголем бројот на заразени во општата популација, толку е поголема шансата да се појават потешки случаи кај децата, предупреди Рсовац.

Откако минатата недела донесе одлука за воведување пропусници за ковид, ограничени до 22 часот, Кризниот штаб за борба против пандемијата, и покрај предупредувачките епидемиолошки податоци, сè уште нема закажано нова седница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Над 7 милиони евра се инвестираат за економски развој на Струмица

Николоски на средбата потенцира дека само преку Министерството за транспорт во Струмица се реализираат проекти во вредност од над 7 милиони евра.

Николоски: Над 7 милиони евра се инвестираат за економски развој на Струмица

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, оствари работна посета на општина Струмица, каде со градоначалникот Петар Јанков, општинската администрација и пратениците Ели Панова и Жан Дрвошанов, разговараа за развојните планови на општината и реализацијата на инфраструктурните проекти со поддршка од Владата.

На средбата беше истакнато дека Владата континуирано вложува во подобрување на патната и комуналната инфраструктура, со цел создавање подобри услови и поквалитетен живот на граѓаните.

Николоски на средбата потенцира дека само преку Министерството за транспорт во Струмица се реализираат проекти во вредност од над 7 милиони евра, што претставува значајна поддршка за локалниот економски и урбан развој на општината.

Во Струмица преку Министерството за транспорт се работи на изградба на атмосферски канализациски систем за населеното место Просениково, во вредност од 46,6 милиони денари.

На сребата беше истакнато дека се работи и на постапка за реализација на експресен пат од Радовиш преку Струмица и Ново Село до границата со Бугарија.

Министерство за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април - повторно!

На 3 октомври 1995, пред хотел Бристол, автомобил-бомба го погоди првиот претседател на независна Македонија. Глигоров преживеа, со тешки повреди.

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април - повторно!

Загина возачот Александар Спировски. Повреден беше телохранителот Илчо Теовски. Од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов. Повредени беа и Климе Коробар и Јован Атанасовски.

Истрагата утврди дека нападот бил подготвен и организиран.

Сторителот и денес е „непознат“. Постапката е отворена. Тоа не е мистерија за народот. Тоа е незавршена ситуација.

Тогаш сакаа да ја запрат државата во раѓање. Демократијата. Независноста.

Претседателот што ја водеше Македонија надвор од војна им беше мета.

Кој пукаше во Марсеј? Кој соработуваше со Мусолини и со Хитлер? Ванчо Михајлов.

Кој е наследникот на таа традиција? Груевски.

Велеше Ванчо - македонски син.

На 27 април 2017 сакаа повторно: Собрание, крв, прекин на изборниот резултат. Истата логика. Кога не можат на гласови, одат на сила.

Кој денеска води кампања по неговиот модел, модел на Ванчо Михајлов? Кампањата „талог“. Арамијата што се вика Христијан Мицкоски.

Народот: талог, мочуриште, медиокритети. Себеси - елита и институција.

Тоа не е случаен речник. Тоа е речник на човек што демократијата ја гледа како пречка, а државната каса како сопственост.

СДСМ се сеќава на жртвите. Се сеќава на Глигоров. И јасно порачува: атентатот не е затворена страница сè додека сторителот е „непознат“, а наследникот на Ванчо седи во Владата и народот го вика „талог“.

Атентатот врз демократијата нема да остане без име.

Демократијата ја преживеа бомбата. Ќе ја преживее и оваа банда.

Доаѓа време на вистината и правдата. Власта се враќа во рацете на народот.

Оваа група ќе одговара.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Дебрца се менува и развива

Дебрца се менува и развива со нова фабрика во Мешеишта, реконструкција на Домот на културата во Волино, асфалтирани улици низ цела општина/

ВМРО-ДПМНЕ: Дебрца се менува и развива

Една година после промените кои ги донесоа граѓаните, Дебрца бележи значаен развој во повеќе области, со реализација на бројни инфраструктурни проекти, инвестиции во комуналната инфраструктура, поддршка за семејствата, младите, земјоделците и локалната економија.

Проекти се реализираат, се вложува, се гради, се инвестира, ветеното пред граѓаните се исполнува. Во таа насока, особено значајна е инвестицијата од 6 милиони евра во село Мешеишта, каде што во изградба е фабрика за производство на еластични огради, која ќе донесе нови работни места и дополнителен економски развој за општина Дебрца.

Во изминатиот период целосно реализирани или започнати се бројни инфраструктурни проекти во населените места низ Дебрца. Во Оровник започна реконструкцијата на главната улица со ново осветлување и тротоари, инвестиција вредна 11,5 милиони денари, додека во Мешеишта се реализирани повеќе улици, партерно се уредува сретселото, а започната е и реконструкцијата на патот Мешеишта – Волино, вредна 15,5 милиони денари.

Во Волино е завршена реконструкцијата на Домот на културата, инвестиција од 6,5 милиони денари, а асфалтиран е и патот до црквата „Св. Петка“, со ново осветлување и пешачка инфраструктура.

Инвестиции во патната инфраструктура се реализирани и во Злести, Ботун, Лешани, Издеглавје, Долно Средорече, Годивје, Лактиње и други населени места, а особено значајни се средствата издвоени за патните правци до манастирите и црквите, како и санацијата на пристапните патишта до спомениците од историско значење.

Паралелно со инфраструктурните проекти, се работи и на долгорочно решавање на проблемите со водоснабдувањето и наводнувањето, при што во изградба е нова каптажа во месноста Опчели – Караорман, со која треба да се обезбедат дополнителни количини квалитетна вода за шест населени места, во Лешани се подготвуваат решенија за нова пумпна станица, додека во повеќе населени места се градат и бетонски канали за наводнување.

Значајни инвестиции има и во противпожарната заштита и комуналните услуги. Во Белчишта се гради гаража и противпожарна станица за доброволното противпожарно друштво „Ентузијаст“, вредна 2,4 милиони денари, ЈКП „Дебрца“ е опремено со нова механизација и возила, меѓу кои камион за смет дониран од град Виена, ново комунално возило, Volkswagen Transporter, специјална машина за чистење канализации, обезбедени се и 480 нови канти за отпад и нови униформи за вработените.

Особено внимание е посветено и на социјалните мерки, по што воведена е субвенција од 20.000 денари за полагање возачки испит за жителите до 21 година, поддршка за локалните продавници, мерки за поддршка на наталитетот, помош за младите брачни парови, како и финансиска помош за семејства погодени од елементарни непогоди и за лекување.

Во образованието, за првпат се обезбедени бесплатни училишни униформи за сите ученици, за првачињата се обезбедени по 10.000 денари и целосно опремени ранци, воведени се стипендии, награди, бесплатни екскурзии и поддршка за учество на натпревари, а општината вложува и во зачувувањето на културното и историското наследство, при што уредени се споменици од НОБ, пристапни патишта до повеќе значајни локалитети, а во Требеништа е започната реализацијата на проектот „Златна маска“.

Реализираните и започнатите проекти се доказ дека инвестициите во инфраструктурата, економијата, комуналните услуги, образованието и социјалната заштита се одвиваат паралелно, со цел подобрување на условите за живот во сите населени места во Дебрца.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер