Историски момент за „Војаџер 1“. Сонда е оддалечена еден светлосен ден од Земјата или 25,9 милијарди километри
2Историски момент за „Војаџер 1“. Сонда е оддалечена еден светлосен ден од Земјата или 25,9 милијарди километри
БалканВо Србија на сила е полицискиот час, вооружени војници во болниците (ВИДЕО)Србија воведе „полициски час“ за движење од 20 часот до 5 часот наутро во борбата против коронавирусот и забрани излез на лица над 65 години во градовите и над 70 во руралните средини.По вонредната седница на српската влада вчера вечер, мерките ги објави српскиот претседател Александар Вучиќ, тврдејќи дека тие биле неопходни затоа што претходните мерки не го постигнале посакуваниот ефект во намалувањето на ризикот од ширење на инфекцијата. Вучиќ рече дека мерките биле постигнати заради недостаток на целосна дисциплина, неопходна за намалување на нивото на опасност за населението, а владата донела одлуки кои се „непопуларни, но ќе значат заштита на животите“. На сите граѓани на возраст од 65 и повеќе години во градовите до 5.000 жители и на оние на возраст над 70 години во селата им е забрането да ги напуштат своите домови, а мерката е ефективна од 10 часот денеска. Претседателот на Србија, на прес-конференција најави дека војската од денеска ќе ја преземе контролата над сите гранични премини, сите болници и сите 17 центри за мигранти , и дека ќе биде вооружени за „да ги заштитат лекарите од инциденти“ од неодговорни граѓани и да спречи коронавирусот да влегува во болниците . „Армијата мора да биде вооружена за да ги заштити лекарите. Имавме ситуација кога луѓето кои доаѓаа од странство сакаа да ги тепаат нашите доктори. И денес тие се наши херои, тие работат за нашите деца и за нашите родители“, рече Вучиќ. Втората забрана стапува во сила во средата вечерта со која се ограничува движењето на сите граѓани, освен службените лица и лицата со работни одговорности помеѓу 20 и 5 часот, соопштија од владата и им порачаа на граѓаните дека „немаат причина за паника, затоа што сите ќе бидат целосно во паника. “ Оваа забрана за движење не се однесува на граѓани на кои им е потребна итна здравствена заштита, како што се пациенти со карцином, со исклучок на одредени групи на земјоделци заради обврски за пролетното сеење. Овие мерки влегуваат во сила на 18 март и, како и секогаш, „имаат за цел исклучиво зачувување на вашиот живот и здравје“, им порача владата на српските граѓани, и повика на неопходна соработка, дисциплина и солидарност. „Само сите ние, обединети и солидарни, можеме да излеземе од оваа битка како победници и ние сме убедени дека тоа ќе биде случај“, се вели во објавата на српската влада. Вучиќ им рече на новинарите дека за пензионерите меѓу четири и седум часот во недела наутро, „кога нема никој на улица, ќе бидат отворени супермаркети според посебни правила“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИсториска средба на Си, Трамп И Путин Во Кина, утре нивна прва трилатерална средбаОчите на светската јавност се вперени во кинескиот град Шенжен.Очите на светската јавност се вперени во кинескиот град Шенжен, каде што со највисоки државни почести, црвен тепих и свечена церемонија, кинескиот претседател Си Џинпинг лично го пречека својот американски колега Доналд Трамп, на самитот на АПЕК во пресрет на утрешната прва трилатерална средба заедно со рускиот претседател Владимир Путин. Пречекот беше проследен со исклучителен дипломатски гест. За првпат откако ја презеде претседателската функција, Си лично го пречека американскиот колега на аеродром, што дополнително ја нагласи важноста на посетата на Трамп. По свечениот пречек, Трамп и Си се упатија на самитот, каде што се сретнаа со Путин, а нивното ракување веќе медиумите го прогласија за историско. Пред пристигнувањето на Трамп, Си и Путин заедно појадуваа речиси два часа, каде според светските медиуми било разговарано за билатералните односи меѓу суперсилите, економската соработка и светскиот поредок. -Почитуван господине претседателе, почитуван пријателе... Искрено ми е мило што ве видов во Шенжен... Имаме заедничка цел, да обезбедиме мир и просперитет во целиот Азиско-пацифички регион. Имеме цел да работиме, како што велите и самите вие рамо до рамо, во интерес на доброто на народите на Русија и Народна Република Кина. Во услови на сложена геополитичка состојба, остануваме посветени на конструктивни пристапи насочени кон создавање поправеден, мултиполарен светски поредок – рече Путин. -Под стабилното ваше раководството претседателе, и мое, кинеско-руските односи останаа цврсти како планина. Недопрени од ветер и дожд, тие придонесуваат за долгорочната перспектива и обезбедуваат поголема стабилност и сигурност во се посложениот комплексен и променлив свет... Претставувајќи модел за нов вид односи меѓу големите светски сили – изјави Си Џипинг – Претседател на НР Кина. Сепак, зад раскошната церемонија и дипломатските гестови следуваат разговори од кои се очекуваат одговори на некои од најголемите глобални предизвици, потенцираат аналитичарите. -Од друга страна самитот ќе има голема геополитичка заднина. Војната во Иран ќе биде еден од примерите за следење таму. Што ќе прави Трамп по меѓуизборите, тоа е голема област за следење. Од друга страна ја имате триратералната средба Трамп, Си и Путин. Значи, ќе биде еден доста интензиен АПЕК самит – вели Џим Ли – Аналитичар. Утре, за првпат на заедничка преговарачка маса ќе седнат лидерите на трите светски сили, САД, Кина и Русија. Во фокусот на историската средба меѓу Трамп, Си и Путин се очекува да бидат војната во Украина, нуклеарното разоружување, глобалната безбедност и идните односи меѓу трите држави.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНАТО и Пентагон денес разговараат за можно повлекување на американските трупи од ЕвропаСојузниците од НАТО денеска ќе разговараат за американската ревизија на бројноста на војниците во Европа со Елбриџ Колби, шефот за стратегија во Пентагон. Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека очекува појасни детали во врска со можното повлекување во текот на следните неколку недели, пренесува Ројтерс. Дискусијата се однесува на шестмесечна ревизија, иницирана во јуни од страна на американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет. Во тоа време, Хегсет предупреди дека САД би можеле да задржат дел од своите придонеси кон НАТО, доколку сојузниците кои не инвестираат доволно во одбраната не ги исполнат своите обврски. Иако Хегсет експлицитно не наведе дека ревизијата би можела да доведе до намалување на бројот од 80.000 американски војници кои моментално се стационирани во Европа, тој нагласи дека целта е да се поттикне поголем ангажман од европскиот континент, со што на американската војска би ѝ се овозможило да се фокусира на своите глобални обврски. „Очекуваме промени во бројноста на војниците, но сè уште немаме ништо конкретно“, изјави Писториус пред состанокот на министрите за одбрана на ЕУ во Брисел, на кој ќе присуствува и Колби за време на работниот ручек. Писториус додаде дека до промена во распоредувањето на конвенционалните сили ќе дојдеше без оглед на тоа кој е претседател на САД, бидејќи тоа е резултат на зголемениот фокус на Америка врз регионот на Индо-Пацификот. Во Германија се стационирани околу 35.000 американски војници – што претставува најголем контингент во Европа – а резултатите од извршената анализа се очекува да бидат претставени пред Божиќ. Европски воени извори проценуваат дека Вашингтон би можел да премести една бригада – односно околу 5.000 војници – од Германија во Азија или поблиску до источното крило на НАТО, во Полска. Писториус нагласи дека целта на разговорите со Вашингтон е да се координираат дејствијата, со цел да се избегнат опасни празнини во европската одбрана што би можеле да настанат како последица на повлекувањето на американските сили.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСо испитување на економски вештак, продолжи судењето за случајот „Државна лотарија“Со вкрстено испитување на економскиот вештак Анита Поповска во Кривичниот суд Скопје продолжи судскиот процес за проневери во државна лотарија од 9,7 милиони евра. Вештото лице одговараше на прашањ на бранителот на второобвинетиот, поранешен прв вицепремиер Артан Груби, а во најголемиот дел од одговорите таа реагираше до судијата дека од неа се бара да вади правни заклучоци или да одговара на прашања надвор од она што е напишано во вештачењето. Поповска одговараше и за тоа каква била улогата на Министерството за финансии, во делот на спорната набавка на ВЛТ апарати за државна лотарија, на што пред судот кажа дека Министерството изготвило мислење, но имало само административна улога. Покрај Груби, обвинети за случајот со проневери во државна лотарија, се уште и Перпарим Бајрами, поранешниот прв човек на Државна Лотарија, поранешниот генерален секретар на Владата Методија Димовски, како и уште 5 лица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter