Историски момент за „Војаџер 1“. Сонда е оддалечена еден светлосен ден од Земјата или 25,9 милијарди километри
2Историски момент за „Војаџер 1“. Сонда е оддалечена еден светлосен ден од Земјата или 25,9 милијарди километри
Веб ТВОпозициски прашања во СобраниетоОд јануари догодина единствен организатор на онлајн игри на среќа ќе може да биде државата, односно Државната лотарија. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОсум месеци затвор и 3.300 евра казна за палењето на дипломатските возила на бугарската амбасадаЗатворска казна од 8 месеци доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на двете возила пред Бугарската амбасада во Скопје на 15 јуни годинава. Ќе треба да ѝ надомести на бугарската амбасада и околу 3300 евра материјална штета.Тој на претходното рочиште призна вина што за судот е олеснителна околност како и изразеното каење и извинувањето до претставникот на амбасадата. Но образложувајќи ја висината на казната, судијката Фанка Јанчулева Михаиловска рече дека надвладеале отежителните околности. -Вие во конкретниот случај имате употребено оган, имате употребено бензин, сте ги оштетиле возилата коишто ги користи амбасадата на Република Бугарија, сте предизвикале, сте причиниле материјална штета. Токму во тој објект живеат и престојуваат семејството на првиот секретар кој врши конзуларни работи во амбасадата на Република Бугарија, како и други членови во функција на дипломатската мисија. Морам да кажам дека секој човек си носи свои незадоволства, но секој од нас мора да ги контролира своите емоции и секој од нас одговара за начинот на којшто ги манифестира своите емоции, фрустрации,- изјави – Фанка Јанчулева Михаиловска – Судија. Според обвинителството мотивот за палањето на возилата бил револт кон системот. А дали ќе се жали на висината на казната обвинителката ќе одлучи откако ќе го добие целосното образложение на пресудата. -Значи, мотивите за сторување на кривичното дело за обвинителството беа јасни од почетокот на постапката. Со оглед на фактот што обвинетиот даде признание на вина, не беа изведувани докази и заради тоа останаа нејасни. Кои се мотивите? За сторувањето на кривичното дело? Искажување на револт спрема системот, тоа што го појасни и самото вешто лице. изјави – Катерина Коларевиќ – Обвинител во ОЈО ГОКК. Иако обвинителството бараше продолжување, судот му го укина притворот на Дашковски. И самиот тој пред судијката тврдеше дека нема намера да ја напушти државата. -Јас сум одговорен човек и нема никаде да бегам од државава,- изјави - Игор Дашковски Стојановски – Обвинет. -По претходна консултација со мојата странка дали истата ќе биде обжалена или нема да биде обжалена од наша страна, ќе одлучиме дали ќе поднесеме жалба или не. А во однос на притворот, ние сме задоволни што судот го укина притворот, од причина што сметаме дека конечно судот ги примени правилата на Судот во Стразбур,- изјави – Лидија Ристовска – Адвокат. Дашковски во притвор помина пет месеци па од изречените осум месеци затвор му остануваат уште три за издржување, доколку ваквата пресуда стане правосилна. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНа бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапкаНа моето женско бебе, старо само два дена во ГАК со ножици му го отсекоа палецот додека го ваделе фластерот со кој била фиксирана инфузијата, обвинува триесет и петгодишниот татко на новороденчето Аднан Азизи. Тој во изјава за Канал 5 раскажува дека инцидентот се случил пред два дена додека чекал на ГАК да си ја земе ќеркичката дома, но наместо да му ја донесат, по еден час минат во чекалната, медицински персонал го земале новороденчето и го однеле на детска хирургија за да го оперираат. -Кога сакале да го пресечат фластерот, пресекле половина од прстот (палецот). Дојде професор (од детска хирургија) рече дека мора да го земе да го оперира девојчето. Операцијата минала добро, професорот ни кажа дека направил се што можел ама прстот ќе биде пократок за еден сантиметар. Денеска го земав јас детето, и во петок по целосна документација собрана, ќе дадам се на суд,- - Аднан Азизи – родител. Таткото на детето бара правда, вели дека ќе поднесе тужба, а целта како што објасни, не е да бара финансиска корист туку ова да не се случи на било кое друго бебе. Од ГАК за Канал 5 потврдуваат дека дошло до повреда на прст кај дете без да прецизираат како, и дека бебето веднаш било префрлено на детска хирургија. Случајот, како што велат од таму е евидентиран како несакан настан и дека формирале внатрешна комисија за квалитет, но и дисциплинска комисија што постапуваат. -За случајот е закажана и седница на Дисциплинската комисија, со цел целосно и објективно утврдување на фактичката состојба, околностите под кои настанала повредата и утврдување на индивидуална одговорност. Нагласуваме дека ваквите настани се третираат со највисок степен на сериозност и дека нема да има толеранција за евентуално утврдени пропусти во постапувањето. Доколку се утврди одговорност, ќе бидат преземени најстроги мерки во согласност со законските прописи, велат од - Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство Канал 5 стапи во контакт и со надлежните од Детска хирургија кои потврдија дека до денес бебето било хоспитализирано кај нив поради неодложна интервенција, иако не сакаа да навлегуваат во детали посочија дека крварењето кај бебето било сопрено во операциона сала и дека се земало ткиво за да се направи интервенција. Засега нема најава од Министерот за здравство за иницирање на вонреден надзор, а од Државниот здравствен инспекторат велат дека до сега не добиле претставка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
СветИсториска средба на Си, Трамп И Путин Во Кина, утре нивна прва трилатерална средбаОчите на светската јавност се вперени во кинескиот град Шенжен.Очите на светската јавност се вперени во кинескиот град Шенжен, каде што со највисоки државни почести, црвен тепих и свечена церемонија, кинескиот претседател Си Џинпинг лично го пречека својот американски колега Доналд Трамп, на самитот на АПЕК во пресрет на утрешната прва трилатерална средба заедно со рускиот претседател Владимир Путин. Пречекот беше проследен со исклучителен дипломатски гест. За првпат откако ја презеде претседателската функција, Си лично го пречека американскиот колега на аеродром, што дополнително ја нагласи важноста на посетата на Трамп. По свечениот пречек, Трамп и Си се упатија на самитот, каде што се сретнаа со Путин, а нивното ракување веќе медиумите го прогласија за историско. Пред пристигнувањето на Трамп, Си и Путин заедно појадуваа речиси два часа, каде според светските медиуми било разговарано за билатералните односи меѓу суперсилите, економската соработка и светскиот поредок. -Почитуван господине претседателе, почитуван пријателе... Искрено ми е мило што ве видов во Шенжен... Имаме заедничка цел, да обезбедиме мир и просперитет во целиот Азиско-пацифички регион. Имеме цел да работиме, како што велите и самите вие рамо до рамо, во интерес на доброто на народите на Русија и Народна Република Кина. Во услови на сложена геополитичка состојба, остануваме посветени на конструктивни пристапи насочени кон создавање поправеден, мултиполарен светски поредок – рече Путин. -Под стабилното ваше раководството претседателе, и мое, кинеско-руските односи останаа цврсти како планина. Недопрени од ветер и дожд, тие придонесуваат за долгорочната перспектива и обезбедуваат поголема стабилност и сигурност во се посложениот комплексен и променлив свет... Претставувајќи модел за нов вид односи меѓу големите светски сили – изјави Си Џипинг – Претседател на НР Кина. Сепак, зад раскошната церемонија и дипломатските гестови следуваат разговори од кои се очекуваат одговори на некои од најголемите глобални предизвици, потенцираат аналитичарите. -Од друга страна самитот ќе има голема геополитичка заднина. Војната во Иран ќе биде еден од примерите за следење таму. Што ќе прави Трамп по меѓуизборите, тоа е голема област за следење. Од друга страна ја имате триратералната средба Трамп, Си и Путин. Значи, ќе биде еден доста интензиен АПЕК самит – вели Џим Ли – Аналитичар. Утре, за првпат на заедничка преговарачка маса ќе седнат лидерите на трите светски сили, САД, Кина и Русија. Во фокусот на историската средба меѓу Трамп, Си и Путин се очекува да бидат војната во Украина, нуклеарното разоружување, глобалната безбедност и идните односи меѓу трите држави.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45