3Димитриеска-Кочоска: Со јавните финансии управуваме одговорно – Ребалансот е навремена реакција на новите економски услови
Мрачните тајни и „Златната топка“! Поранешниот шеф разоткри валкани игри: Агент остави мистериозен плик на масата, а потоа исчезна!
2Мрачните тајни и „Златната топка“! Поранешниот шеф разоткри валкани игри: Агент остави мистериозен плик на масата, а потоа исчезна!
3Португалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став
Крик на пациенти со канцер за помош на Онкологија – часови чекање, залудни патувања и неизвесност за терапијата
2Крик на пациенти со канцер за помош на Онкологија – часови чекање, залудни патувања и неизвесност за терапијата
БалканВо Србија досега само 890 несакани реакции на вакцини против ковидДосега во Србија се регистрирани 890 несакани реакции на вакцини против коронавирус, што е многу помалку од еден процент од дадените дози.Досега во Србија се регистрирани 890 несакани реакции на вакцини против коронавирус, што е многу помалку од еден процент од дадените дози, рече Павле Зелиќ од Агенцијата за лекови и медицински помагала на Србија. „Само пет пати беше снимено нешто што ќе се смета за посериозен случај, но и тоа помина брзо и без трајни последици“, рече Зелиќ. Тој изјави дека податоците покажуваат дека сите вакцини против вирусот корона се апсолутно безбедни. "Според вчерашниот извештај, имаме само 890 случаи на пријавени несакани ефекти. На 3.715.103 дадени дози, тоа е една реакција на 4.174 вакцини или 0.00023 проценти. Тоа е навистина исклучително ретко и нема сериозни несакани ефекти", изјави Зелиќ за ТВ „Пинк“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеРозов октомври - симболичен појадок за хоспитализираните пациентиВо рамки на Розовиот октомври здружението „Хема-Онко“ утрово организираше симболичен појадок за хоспитализираните пациенти на Клиниката за радиотерапија и онкологија.Според нивната статистика во текот на минатата година биле регистрирани околу 1.000 новодијагностицирани пациенти само со рак на дојка, додека на онкологија во моментов се лекуваат околу 7.000 пациенти на активен третман.. Од здружението изразија задоволство што што годинава функционира и тумор-бордот, односно тим кој одлучува за најсоодветното лекување за секоја пациентка поединечно, но, порачаа дека проблемите со кои се соочуваат пациентите со канцер на дојка се комплексни и дека се потребни системски решенија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУште 200 наставници завршија обука за правилна и етичка употреба на ВИ во образованието200 наставници успешно завршија деветмесечна обука за правилна и етичка употреба на вештачката интелигенција во образованието. Тие се првата генерација наставници кои ќе бидат амбасадори на вештачката интелигенција во училиштата, со задача стекнатото знаење да им го пренесат на своите колеги, но и да ги насочуваат учениците како правилно, одговорно и безбедно да ја користат новата технологија. За значењето на ваквите обуки во време кога вештачката интелигенција сè повеќе станува дел од секојдневието, говореше и министерката за образование Весна Јаневска, која посочи дека е важно наставниците да бидат подготвени за новите технолошки предизвици. „Во ова време на брз технолошки развој апсолутно е неопходно, децата веќе користат вештачка интелигенција кадешто се кријат многу опасности, правилното користење на вештачката интелигенција во училиштето е столб на правилно користење на модерната технологија“-– Весна Јаневска, министерка за образование и наука. Во Македонија досега се обучени над 1.000 наставници за примена на вештачката интелигенција во образованието. Јаневска посочи дека ваквите обуки ќе продолжат, со цел што поголем број наставници да стекнат знаења и вештини за користење на новата технологија во наставата. „Со оглед дека училиштето е тоа кое треба да ги научи како корисно да ја користат АИ, да проверат факти, да се заштитат, да ја користат во правец на аналитичко размислување , да не споделуваат лични информации тукмо затоа и овие наши напори во соодветно време да ја спроведеме обуката на наставниците за тие да можат да го направат тоа што треба“-– Весна Јаневска, министерка за образование и наука. Со ваквите обуки се отвора патот кон посовремено образование, во кое вештачката интелигенција ќе биде алатка за учење и развивање на знаењата, а не замена за самостојното размислување, посочи министерката Јаневска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22
МакедонијаОЈО: Немало неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на државатаПредметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Резолуција со која оцени дека нема основ за натамошно јавнообвинителско постапување.По спроведена предистражна постапка во однос на наводите од поднесената кривична пријава со сомненија за неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на Македонија и неовластено прибирање податоци, предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Резолуција со која оцени дека нема основ за натамошно јавнообвинителско постапување. Во текот на постапката, со наредба од Основниот кривичен суд беше обезбедена компјутерска опрема врз која се извршени информатичко-форензички анализи. Беа анализирани и податоци од мобилни уреди и беа прибрани и известувања од лица запознаени со настанот. Според извештаите на Секторот за компјутерски криминал при МВР, не се утврдени дигитални траги или други форензички показатели за неовластено навлегување во компјутерскиот систем, ниту се пронајдени докази за снимање и прибирање класифицирани податоци. При анализите се констатирани одредени безбедносни и административни слабости во конфигурацијата на системот, кои можеле да претставуваат потенцијален безбедносен ризик, но не биле утврдени дигитални докази за извршување на пријавените кривични дела. По оценка на сите прибрани докази, надлежниот јавен обвинител утврди дека не се исполнети законските обележја на кривичните дела „Оддавање државна тајна“ од член 317 и „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ од член 251 од Кривичниот законик, ниту пак на друго кривично дело кое се гони по службена должност, соопштуваат од Обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter