Во сообраќајката на принцот Филип за малку ќе настрадало деветмесечно бебе

Две жени се повредени во сообраќајната несреќа , во која учествувал и британскиот принц Филип , сопруг на кралицата Елизабета II.

Принцот , кој има 97 години , го возел Ренџ Роверот , и се обидувал од патот каде се наоѓа кралскиот имот да излезе на автопат , но при тоа удрил во автомобил . Во него имало две жени и деветмесечно момченце.

За среќа , деветмесечното бебе е неповредено , а без повреди минал и принцот Филип , кој бил шокиран и потресен.

Жените биле однесени во болница. Им бил направен алкотест на принцот и на жените , кои се негативни. Жената , која управувала со Киата има повреда на коленото , а нејзината совозачка има скршена рака.

Британските медиуми денеска шпекулираат што ќе се случи ако се утврди дека принцот е виновен за сообраќајката . Се знае дека кралицата не може да одговара за никакво кривично дело , додека за принцот само ако е во нејзина придружба или се наоѓа на кралски имот. Во тој случај не може да биде приведен .

Де Брујне постави рекорд во Премиер лигата

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин Де Брујне стана сопственик на рекорд во англиската Премиер лига.

Белгиецот вчеравечер го одигра својот 18-ти првенствен натпревар на кој постигна две или повеќе асистенции. Тој е лидер по оваа статистичка категорија во историјата на лигата.

„Граѓаните“ победија со 2:0 и со 79 бода се на втората позиција на табелата зад Арсенал кој има 80, но и натпревар повеќе.

Оваа сезона 32-годишниот Де Брујне одигра 21 натпревар за Сити, постигна шест гола и беше творец на 16 асистенции. /МИА

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

Блокада на нашата држава од една страна и внатрешни поделби од друга страна ќе предизвика огромна штета за иднината на државата.

Тоа е клучната опасност од доаѓање на власт на ДПМНЕ и режимот во најава.

Граѓаните кои ќе излезат на гласање на 8 мај мора да имаат предвид дека иднината на земјата е под сериозна закана.

Ако десничарската партија добие таква моќ, може да се соочиме со крај на нашата европска перспектива, крај на независните медиуми и крај на надежта за судство и правда додека во државата ќе растат тензии. Добро е познато како изгледа владеењето на режимот.

Затоа е потребна мобилизација на сите демократски, прогресивни сили, масовна излезност на 8 ми мај. Глас за СДСМ и Коалицијата е глас за просперитетна иднина.

Центар за комуникации на СДСМ

„5CAST“: Во „На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски “ гостува Ивона Талевска

Вечерва на 5CAST, на YouTube каналот на Канал 5 ТВ Македонија, во емисијата: “На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски “ гостува Ивона Талевска.

“Кавгата” ќе ја почнеме од оваа премиса: Зошто според нејзе денес нема слобода на говор а имало во времето на режимот на Груевски?

Па ќе удриме една тура малку и за политичко-општествени моменти особено после минатонеделниот прв круг на избори…особено за профеноменот на Максим и контрафеноменот на Левица.

притисни ентер