Во сообраќајка во Хрватска возач на камион од Македонија изгорел во кабината - Канал 5

Во сообраќајка во Хрватска возач на камион од Македонија изгорел во кабината

Сообраќајна несреќа се случила вчера нешто по 14 часот на автопатот Брегана – Загреб кога камион пробил заштитна ограда, удрил во далновод и се запалил, соопшти Полициската управа Брод-Посавина.

Во сообраќајка во Хрватска возач на камион од Македонија изгорел во кабината

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнето на автопатот А3 кај Среданац во правец на Брегана, кога камион ja проби ограда, удри во далновод и се запали. Возачот за кој медиумите пренесуваат дека најверојатно е од Македонија, остана заробен во возилото.

Сообраќајна несреќа се случила вчера нешто по 14 часот на автопатот Брегана – Загреб кога камион пробил заштитна ограда, удрил во далновод и се запалил, соопшти Полициската управа Брод-Посавина.

Пријавата за сообраќајната несреќа ја примил Оперативно-комуникацискиот центар на Полициската управа Брод-Посавина во 14:18 часот. Се однесувала за пожар во камион во кој имало едно лице.

Сите служби за итни случаи пристигнале на местото на настанот, а во тек е истрага за да се утврди точната причина за несреќата.

Очевидци наведуваат дека возачите и другите учесници во сообраќајот се обиделе да му помогнат на возачот, но поради интензитетот на пожарот и детонациите, не можеле да му се приближат. Поради пожарот, камионот ја пробил заштитната ограда и речиси преминал на спротивната лента.

Според неофицијални информации, возачот бил заробен во возилото и починал, наводно државјанин на Македонија. Исто така, се дознава дека во камионот немало друго лице, но оваа информација засега не е официјално потврдена, објавуваат медиумите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: За првпат откако е изграден, го реконструираме мостот „Естакада“

Најфрекфентниот мост во градот добива нов живот, градиме инфраструктура што ќе служи на генерациите, напиша градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Ѓорѓиевски: За првпат откако е изграден, го реконструираме мостот „Естакада“

Целосно го реконструираме мостот „Естакада“ - важна сообраќајна врска за Гази Баба и за цело Скопје!

„📍 Денес, заедно со мојот колега Бобан Стефковски, го означивме почетокот на санацијата на мостот „Естакада“ во Гази Баба, проект кој со години беше барање на илјадници жители и една од најважните сообраќајни точки во овој дел од градот.

✔️ Овој мост има особено значење, затоа што се наоѓа на еден од најфреквентните излези од Скопје и претставува важна врска за граѓаните кои секојдневно се движат кон и од општините што гравитираат во овој дел.

Тука минуваат работници, ученици, семејства, компании, транспорт и затоа нашата обврска е оваа сообраќајна артерија да биде безбедна, функционална и достоинствена.

👷‍♀️ Санацијата опфаќа пристапни рампи на вкупна површина од 10.000 м², од кои 3.800 м² ќе бидат целосно обработени со гребење и вградување два нови слоја асфалт, додека на делот од мостот ќе се постави нов асфалтен слој.

🫵 Дополнително, ќе се изврши замена на рабници, изработка на асфалтни тротоари, чистење, санација и бојадисување на заштитната пешачка ограда, како и замена на постоечките капаци за шахти.

Вкупната должина на делот што се санира изнесува 1,5 километри коловоз.

📍Ова е вложување во безбедноста, во подобрата поврзаност и во секојдневието на илјадници граѓани.

♥️ Скопје заслужува модерна, безбедна и функционална инфраструктура.

Затоа најавувам дека ќе продолжиме со санација на сите мостови во градот каде што има потреба.

🫡 Продолжуваме да го градиме Скопје - чекор по чекор, проект по проект, со дела што се гледаат.“- стои во објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Огромен пожар избувна во близина на Мостар; Паника (ВИДЕО)

Голем пожар избувна денес во областа на Мостар, а пожарот би можел да го блокира главниот пат, бидејќи пожарот сè уште не е ставен под контрола, ниту пак е утврдена неговата причина, објавија локалните медиуми.

Огромен пожар избувна во близина на Мостар; Паника (ВИДЕО)

Пожарот избувнал на Буна, спроти Намекс, во правец на реката Неретва, а Професионалната противпожарна служба на Мостар потврди дека екипи се на терен и работат на гаснење на пожарот, објави веб-страницата на Требињеданас.

Сè уште не е познато што го предизвикало пожарот или колку површина е зафатена од пожарот, но фотографиите од терен покажуваат дека пожарот се заканува да го блокира главниот пат Мостар-Сараево, додека целата област е покриена со густ чад.

Извор:Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Акциска контрола во сообраќајот во Скопје, изречени 219 санкции, одземен еден мопед

На 14.06.2026 во периодот од 16:00 до 24:00 часот на подрачјето на Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај и Единицата за полициски станици од општа надлежност при СВР Скопје спроведоа зајакната акциска контрола во сообраќајот.

Акциска контрола во сообраќајот во Скопје, изречени 219 санкции, одземен еден мопед

Притоа, беа преземени вкупно 219 мерки, од кои - 66 мерки за управување мотоцикл без кацига, шест мерки за возење со несоодветна категорија, 15 мерки за возење велосипед со помошен мотор без положен возачки испит, една мерка за нерегистриран мотоцикл, две мерки затоа што не застанале на даден знак и 129 мерки по останати прекршоци - не носеле возачка или сообраќајна дозвола, не била истакната регистарска табличка, недавање првенство на возила или на пешаци и друго. При акциската контрола, констатирано е едно кривично дело безобѕирно управување со мопед, односно присуство на алкохол во крвта од 1,93 промили по член 297-а од Кривичниот законик, по што мопедот е одземен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер