МакедонијаВо Собранието седница за поставување пратенички прашања Во Собранието денеска ќе се одржи 95. пленарна седница, на која на дневен ред е поставување пратенички прашања. Седницата за пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот, а на премиерот и на министрите прашања први поставуваат пратениците од опозициските партии. Секој последен четврток во месецот се одржува и редовниот брифинг на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со новинарите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваКристијано Роналдо и Георгина Родригез тајно се венчалеНајплатениот светски фудбалер Кристијано Роналдо и неговата долгогодишна партнерка, бујната Георгина Родригез се венчале во тајност ѝ се и објавија на целата светска јавност преку објавување на само една фотографија.Кристијано и Георгина официјално стапија во брак. Иако се очекуваше деталите за нивната свадба да протечат во јавноста, тие успеаја сè да сокријат и да објават само една фотографија, која откри дека се сопружници. Роналдо и Георгина се во врска повеќе од една деценија, а пред тоа, од 2010 до 2015 година, Португалецот беше во врска со руската манекенка Ирина Шајк. „CR7“ и аргентинско-шпанската инфлуенсерка заедно добија две ќерки, Алана Мартина (2017) и Бела Есмералда (2022), а заедно се грижат и за уште три деца – Кристијано Роналдо Џуниор (2010) и близнаците Ева Марија и Матео (2017), кои Роналдо ги доби со помош на сурогат-мајки. Роналдо и Георгина се свршени од 2018 година, а сега стапија во брак што сигурно ќе привлекува огромно медиумско внимание секојдневно, исто како и секој нивен потег. Тагови: Георгина Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Над 400 извештаи за загадена вода а Филипче и Младеновска со години молчелеНад 400 извештаи за загадена вода а Филипче и Младеновска со години молчеле, Гостиварци заслужуваат да знаат зошто СДС и Филипче ништо не превзелеВенко Филипче и Рената Младеновска со години молчеле и не превзеле никаков чекор иако знаеле за загадената вода во Гостивар. Над 400 извештаи за загадена вода им биле доставени а Филипче и Младеновска со години молчеле. Денес наместо одговорност Филипче се обидува да глуми морален авторитет и да префрлува вина. Гостиварци заслужуваат да знаат зошто Филипче ја имал документацијата за загадената вода, знаел и одлучил да молчи и да не превземе ниту еден конкретен чекор. И додека неспособните кадри на Филипче ДУИ и Таравари бегаат од одговорност, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ интервенираше за граѓаните во Гостивар да добијат техничка вода и флаширана вода за пиење. Додека институциите се справуваат со актуелната состојба во Гостивар, мора да се расчисти и со минатото. ЈО да отвори случај и да ги истражи документите кои беа споделени во јавноста. Здравјето на граѓаните во Гостивар не смее да биде предмет на политички игри. Одговорност мора да има за секој што знаел а молчел. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Петта година по ред бесплатни ранчиња за сите првачиња во ЦентарОпштина Центар и оваа година продолжува со поддршката за најмладите ученици и нивните семејства. Петта година по ред, сите првачиња запишани во осумте општински основни училишта ќе добијат бесплатни училишни ранчиња, обезбедени со средства од општинскиот буџет. Градоначалникот Горан Герасимовски вели дека оваа мерка веќе стана убава традиција со која Општината им посакува добредојде на децата кои за првпат седнуваат во училишните клупи. „Првиот училишен ден е посебен момент за секое дете и за секое семејство. Петта година по ред сакаме да бидеме дел од таа радост и на сите наши првачиња да им подариме ранче за успешен почеток на нивното образование. Им посакувам многу петки, нови знаења, убави спомени и многу нови другарчиња. Наша обврска е уште од првиот училишен ден да им покажеме дека образованието и грижата за децата се меѓу нашите најважни приоритети“, порача Герасимовски. Општина Центар континуирано инвестира во подобрување на условите во основните училишта и во мерки со кои се олеснува образовниот процес за учениците и нивните семејства. „Вложувањето во децата е вложување во иднината. Затоа продолжуваме да ги подобруваме условите во училиштата и да создаваме средина во која секое дете ќе има можност квалитетно да учи, да се развива и да го достигне својот потенцијал. Нашата цел е јасна – децата во Центар да имаат најдобри можни услови за образование“, истакна Герасимовски. Бесплатните ранчиња ќе бидат доделени на сите првачиња запишани во осумте основни училишта на територијата на Општина Центар на почетокот на новата учебна година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook