ВМРО-ДПМНЕ: Зошто би сакале да се смени Филипче, кога тој редовно губи на избори и е пиун на омразениот Заев
1ВМРО-ДПМНЕ: Зошто би сакале да се смени Филипче, кога тој редовно губи на избори и е пиун на омразениот Заев
Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
2Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
МакедонијаВо Собранието одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во СребреницаМеѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница, во Собранието се одржа комеморативен настан со кој беше оддадена почит на жртвите и беше испратена порака за зачувување на историската меморија, мирот и соживотот.На настанот се обратија претседателот на Собранието, Африм Гаши, проф. Ферид Мухиќ, претставникот на Бошњачкиот национален сојуз, Џевад Хот, и претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, Аднан Азизи. Во своето обраќање, претседателот Гаши истакна дека геноцидот во Сребреница претставува еден од најголемите неуспеси што оставил траен и темен белег врз човештвото. Тој нагласи дека геноцидот не започнува со звукот на оружјето, туку со рамнодушноста кон насилството, додавајќи дека токму затоа улогата на институциите е од суштинско значење. „Институциите ја добиваат својата вистинска смисла само тогаш кога ги штитат основните човекови вредности и достоинството на секој човек“, порача Гаши. Проф. Ферид Мухиќ направи историски осврт на настаните што довеле до геноцидот во Сребреница, оценувајќи дека претставува пораз за целиот Балкан. Тој истакна дека геноцидот не е случаен настан и повика да се надминат омразата и поделбите преку негување на хуманоста. Џевад Хот истакна дека Сребреница не е само географско место, туку симбол на тоа до каде може да доведе човечката омраза кога пропагандата ќе ја замени вистината. Тој нагласи дека овој ден треба да биде потсетник за образовните институции да говорат за опасностите од дискриминацијата, да ја негуваат културата на сеќавање и да ги охрабруваат младите да ги препознаваат првите знаци на нетолеранција и да го штитат достоинството на секој човек, без разлика на неговата вера, пол или етничка припадност. Аднан Азизи, истакна дека Сребреница претставува рана што не заздравува и потсети дека зад бројките стојат човечки животи. Во Сребреница не било нападнато само едно население, туку самото човештво. Осврнувајќи се на мултиетничкиот карактер на нашата држава, Азизи нагласи дека соживотот и меѓусебната почит се чуваат преку силни и одговорни институции, упатувајќи порака дека споменот на жртвите никогаш нема да биде заборавен. Тагови: Сребреница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Зошто би сакале да се смени Филипче, кога тој редовно губи на избори и е пиун на омразениот ЗаевГо разбираме стравот на Венко Филипче дека постои опасност да биде променет во неговата партија. Тоа е страв кој е последица на фрагментираноста на СДС.Не можејќи да се соочи со сопствените грешки и пропусти, тој за обидите за негова смена ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ нема никаква врска со фракциите кои бараат смена на Венко Филипче. Напротив, зошто би сакале смена на Филипче, некој кој редовно губи на избори и е копија и пиун на најомразениот политичар Зоран Заев. Тој не може да излезе од неговата сенка и затоа СДС е таму каде што е, а Венко Филипче е потрупан со коруптивни скандали, провизии за набавка на кинески „Стабри“ вакцини, сомнителни имоти, блиски веледрогерии, запалена модуларна болница. Најдобро решение за ВМРО-ДПМНЕ е Филипче да продолжи да ја води СДС. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотПутин ја одобри купопродажбата на руската подружница на „Western Union“Руската компанија „Софтекс“ (Softex) доби одобрение за купување на 100 отсто од акциите во руската подружница на системот за плаќање Western Union – „НКО Western Union DP Vostok“ – се наведува во указот на рускиот претседател Владимир Путин.Во 2025 година, според руските сметководствени стандарди (РСДУ), руската подружница забележала нето-загуба од 301,5 милиони рубљи, или околу 3,15 милиони евра. Во Единствениот државен регистар на правни лица на Русија (ЕГРУЛ) се регистрирани неколку компании под името „Софтекс“ (Softex), а указот на Путин не прецизира која од нив купува удел во подружницата на „Вестерн јунион“ (Western Union). Најголемата од компаниите со тоа име е регистрирана во Калининград и се занимава со автоматизација на деловните процеси, развој на решенија со вештачка интелигенција и технологии за роботска автоматизација на процеси (RPA), како и со воведување специјализирани ИТ-системи за финансиски компании, вклучително и банкарски системи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп: „Не му понудив ништо на Иран“ Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ги негираше наводите дека е подготвен да му понуди на Иран ублажување на санкциите и одмрзнување на замрзнатите средства. Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ги негираше наводите дека е подготвен да му понуди на Иран ублажување на санкциите и одмрзнување на замрзнатите средства во замена за одредени отстапки поврзани со нуклеарната програма. Аксиос“, повикувајќи се на американски официјални лица, објави дека администрацијата на Трамп разгледува таква понуда, додека Трамп во објава на својата платформа „Трут соушл“ (Truth Social) изјави дека тоа „не е точно“ и оти тој „не понудил ништо“ на Иран. Наводите за можно економско олеснување се појавија во време кога посредници од Катар и Пакистан се обидуваат да посредуваат во преговорите меѓу САД и Иран. Двете страни остануваат на спротивставени ставови за клучните прашања: Иран сака преговорите да се фокусираат на Ормускиот Теснец и на поморската блокада од страна на САД, додека Вашингтон бара отстапки во врска со иранската нуклеарна програма. Посредниците се сретнаа со иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи во Њујорк за да разговараат за предлогот на Катар, а се очекуваат и разговори со претставници на администрацијата на Трамп. Американски претставник запознаен со индиректните разговори изјави дека тие биле „позитивни и конструктивни“ и оти Иран покажал флексибилност во однос на нуклеарните прашања, но нагласи дека сè уште постојат несогласувања, вклучително и околу временската рамка за исполнување на обврските и тоа која страна треба прва да преземе одредени чекори. Истиот функционер изјави дека САД нема да постигнат договор сè додека не се решат прашањата поврзани со нуклеарната програма и дека Вашингтон бара уверувања оти Иран сериозно пристапува кон преговорите. Сепак, Трамп во објава на „Трут соушл“ (Truth Social) ги отфрли тврдењата на „Аксиос“, нарекувајќи ги „измама“, и побара од порталот да го повлече текстот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook