Во Собранието ќе заседаваат пет комисии - Канал 5

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии

На дневен ред на Комисијата за здравство е Предлог на закон за дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, по скратена постапка.

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии

Во Собранието денеска седница ќе одржат пет комисии - Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Комисијата за здравство, Комисијата за финансирање и буџет, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правнавната комисија.

Пред членовите на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите се Годишниот извештај за 2022 година и 2023 година за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост 2022-2027 и Националниот акциски план за родова еднаквост 2022-2024 и Годишниот извештај за 2024 година за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост 2022-2027 и Националниот акциски план за родова еднаквост 2022-2024.

На дневен ред на Комисијата за здравство е Предлог на закон за дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, по скратена постапка.

На Комисијата за финансирање и буџет се Ревидираната фискална стратегија на Република Македонија за 2026-2030 година - Второ читање, Предлог на законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Обновување на товарниот возен парк“ на Железници на Република Македонија-Транспорт АД Скопје, Предлог на законот за изменување на Законот за данокот на додадена вредност, Предлог на законот за изменување на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување и Предлог на законот за изменување на Законот за платежни услуги и платни системи, сите по скратена постапка.

На Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на дневен ред е Предлог на Законот за изменување на Законот за административни службеници, по скратена постапка.

На дневен ред на Законодавно-правнавната комисија се Предлог на законот за дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, Предлог на законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Обновување на товарниот возен парк“ на Железници на Република Македонија-Транспорт АД Скопје, Предлог на законот за изменување на Законот за данокот на додадена вредност, Предлог на законот за изменување на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, Предлог на законот за изменување на Законот за платежни услуги и платни системи и Предлог на Законот за изменување на Законот за административни службеници, сите по скратена постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над 70 отсто од Европејците поддржуваат формирање армија на Европската унија

Околу 71 отсто од граѓаните на Европа поддржуваат формирање армија на Европската унија, додека 78 проценти од испитаниците во земјите-членки на унијата сметаат дека треба да се зајакнат нејзините одбранбени капацитети во соработка со НАТО.

Над 70 отсто од Европејците поддржуваат формирање армија на Европската унија

Тоа покажуваат резултатите од спроведеното истражување на безбедносниот Тинк-Тенк Глобсек за 2026 година, објавени во бриселски „Политико“.

Поддршката за формирање европска војска е забележана во сите анкетирани земји-членки на ЕУ. Најголема е во Романија, каде што идејата ја поддржуваат 82 отсто од испитаниците, потоа следуваат Литванија со 78 и во Франција со 75 отсто.

Во Полска и Бугарија поддршката изнесува околу 70 отсто, додека во Германија е 69 отсто.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стопанска банка со промотивен депозит за кој каматата се исплаќа однапред

Со најновата промотивна понуда, Стопанска банка им овозможува на граѓаните да ги орочат своите средства, со атрактивни фиксни каматни стапки и исплата на каматата однапред, уште на самиот почетокот, во моментот (или на датумот) на орочувањето.

Стопанска банка со промотивен депозит за кој каматата се исплаќа однапред

Станува збор за промотивен производ кој не е во редовната понуда на депозити во Банката. Рокот на орочување на депозитите од оваа понуда е 25 месеци, со атрактивна годишна каматна стапка од 3,7 отсто за депозити во денари и 2,8 отсто за депозити во евра, која останува непроменета во текот на целиот период на штедење.

Една од главните предности е што клиентите ја добиваат пресметаната камата однапред, веднаш при орочувањето на средствата, на сметка по нивен избор.

Минималниот износ што може да се орочи е 300.000 денари или 5.000 евра, а понудата е достапна за резиденти и нерезиденти. Клиентите во секое време можат да имаат увид во состојбата на својот депозит преку дигиталните сервиси.

Специјална промотивна понуда важи за депозити орочени до 31 декември 2026 година.

Со оваа промотивна понуда, Стопанска банка уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон креирање атрактивни депозитни производи, приспособени на потребите и интересите на своите клиенти. Преку поволни и фиксни каматни стапки, како и можноста за исплата на каматата однапред, Банката им овозможува на клиентите сигурност и предвидливост во планирањето на нивните средства, како и непосредна придобивка од нивното штедење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цветковска: Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта

Фејсбук објава на новинарката Сашка Цветковска.

Цветковска: Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта

„Да си новинар (уште и жена) и на прес конференција на министерот за внатрешни работи да ти е најважно да го поддржиш насилството и да инсистираш на статистики за лажни пријавувања на насилства врз жени и девојки, ти не работиш за јавноста и не можеш и не смееш да им служиш на граѓаните. Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта поради наводно одбегнување на расправии со колеги. Овие не ни се колеги и ние не им служиме на колегите туку на граѓаните. Секое молчење не е неутралност, не кон жртвите, не кон народот. Срамота! Инаку, станува збор за Ивона Талевска поддржана од уште некои свои колеги кои да немаа партии и криминалци зад себе немаше да бидат никогаш ништо, камоли да делат ум.“-стои во објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер