Во Собранието ќе продолжи постапката за автентично толкување на член 11

Аболицијата од 2016та година и понатаму отвора нови дилеми меѓу власта и опозицијата.

Иако законодавно-правната комисија едногласно одлучи дека автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување нема да има со објаснување дека членот не постои, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ низ различна призма ги гледаат последиците од нивната одлука.

Според претседателката на собраниската комисија Мираковска, собранието даде мислење по кое Уставниот суд не треба да се меша.

Одлуката на Уставниот суд за член 11а од законот, не носи последици на помилувањата, велат од министерството за правда.

-Пред Уставниот суд е член 11а, а автентичното толкување е за членот 11. Ако Уставниот суд го укине или поништи 11а, тоа нема да има влијание на помилувањата, бидејќи вчера Собранието потврди дека тие се невалидни, односно дадени на непостоечки член, и се ништовни од моментот на давање, наведуваат од Министерството за правда во врска со одлуката на Уставниот суд и Извештајот на Законодавно-правната комисија.

Според премиерот Заев аболицијата од поранешниот претседател Иванов била незаконска. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека во владејачката партија има правна конфузија и тврдат дека во 2016та година четворица уставни судии кои се блиски до СДСМ со издвоено мислење потврдиле дека во законот постои одредбата која му дава право на претседателот на државата да даде помилување. Им препорачаа на судиите да побараат помош од Венецијанската комисија.

Уставниот суд сега ја чека формално одлуката од Собрание за членот 11, за да може да расправа за членот 11а од иситот закон. Според информациите оттаму, ќе им биде потребно повеќе време за консултации, бидејќи сите судии имале различно толкување.

Фјури побара реванш, Усик прифати

Британскиот боксер Тајсон Фјури, по поразот од Украинецот Олександр Усик во главниот меч на боксерската вечер во Ријад, потсети на клаузулата во договорот која предвидува реванш.

По објавувањето на резултатот, боксерите разговараа за одржување на реванш во октомври.

Усик, кој стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија во 21 век, одговори: „Подготвен сум“.

За 35-годишниот Фјури ова беше прв пораз во кариерата. Пред оваа борба тој освои 34 победи и една борба со негово учество заврши нерешено.

Триесет и седумгодишниот Усик сега има 22 победи во 22 борби./МИА

Инцидент при слетувањето на хеликоптерот со кој патуваше претседателот на Иран, Раиси

Иранската државна телевизија објави дека хеликоптерот, со кој се превезувал претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, имал „тврдо слетување“.

Телевизијата не соопшти детали за инцидентот, само дека спасувачи се обидуваат да стигнат до хеликоптерот со кој се превезуваа Раиси и други функционери, меѓу кои и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан.

Раиси патувал во иранската провинција Источен Азербејџан, а инцидентот се случи во близина на градот Џолф, во близина на границата со Азербејџан, на околу 600 километри северозападно од главниот град на Иран, Техеран.

На социјалните мрежи се појави и видео од насобрани луѓе кои се молат за здравјето на Раиси.

Сафади: Јордан бара меѓународна истрага за можни воени злосторства во Газа

Јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади денеска соопшти дека неговата земја бара меѓународна истрага за наводните бројни воени злосторства извршени за време на војната меѓу Израел и Хамас во Газа.

Сафади, кој денеска во Аман се сретна со шефот на Агенцијата на ОН за помош за палестинските бегалци (УНРВА) Филипe Лазарини, на заедничката прес-конференција рече дека одговорните за документираните злосторства треба да бидат изведени пред лицето на правдата.

Минатиот месец, Советот за човекови права на Обединетите нации усвои резолуција со која Израел се повикува на одговорност за можни воени злосторства и злосторства против човештвото во Појасот Газа.

За резолуцијата гласаа 28 земји, 13 беа воздржани, а шест гласаа против резолуцијата, вклучително и САД и Германија.

Резолуцијата ја нагласува „потребата да се обезбеди одговорност за сите прекршувања на меѓународното хуманитарно право и меѓународното право за заштита на човековите права со цел да се стави крај на неказнивоста“. /МИА

притисни ентер