Во Собранието интервјуа на уште петмина кандидати за претседател на ДКСК - Канал 5

Во Собранието интервјуа на уште петмина кандидати за претседател на ДКСК

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе продолжи со спроведување на интервјуата на кандидатите за избор на претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Во Собранието интервјуа на уште петмина кандидати за претседател на ДКСК

Комисијата за селекција на кандидати денеска треба да ги интервјуира Ненад Трифуновски, Благица Трошанска, Кимо Чавдар, Адем Чучуљ, Феузи Џафери, додека вчера беа интервјуирани Весна Доревска, Владимир Наумоски, Антонио Санев, Бранко Смилевски, Валентина Тодоровска.

За позицијата се пријавија 13 кандидати, а по извршениот процес на селекција во Комисијата останаа десетмина.

Претседателот на Комисијата за селекција на кандидатите, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски вчера информираше дека во петок ќе биде свикана седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на која ќе биде изгласан кандидатот по донесувањето на одлуката од членовите на Комисијата за селекција.

-Првично имаше пријавено 13 кандидати за оваа позиција. Едниот кандидат ги повлече документите, а Комисијата по административната проверка заклучи дека двајца кандидати не ги исполнуваат условите. Во моментов има десет кандидати кои ги исполнуваат условите. Денеска започнуваме со интервју со пет од нив, а утре ќе продолжиме со останатите пет. И планот е во петок да биде свикана собраниската Комисија за избори и именувања и претседател на ДКСК да биде избиран по оценувањето на Комисијата за селекција, рече тој.

Стојаноски нагласи дека по завршувањето на интервјуата на десетте кандидати, односно во четврток членовите на Комисијата за селекција на кандидатите треба да се соберат и да донесат одлука за рангирање на кандидатите соодветно и да ги оценуваат секој член на Комисијата посебно.

Постапката за избор на претседател на ДКСК продолжува по завршувањето на локалните избори, а Собранието врши повторен избор на прв човек на антикорупциска по оставката на Татјана Димитровска, осомничена за вмешаност во случајот „Адитив“.

За претседател на Државната комисија може да биде именувано лице кое е македонски државјанин и има постојано место на живеење во земјава, да има деловна способност, да има високо образование со стекнати најмалку 300 ЕКТС или VII/1 степен на образование од областа на правните науки или високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на образование од областа на политичките, комуниколошките или економските науки, да има најмалку десет години работно искуство по завршување на високото образование, од кои најмалку осум години работно искуство во областите на откривање или спречување корупцијата, владеење на правото или добро управување, да не му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност, во последните десет години да не било пратеник во Собрание, член на Владата, да не било донатор на политичка партија или да не вршело функција во органи на политичка партија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Младите не сакаат да живеат во Латасовата Македонија

Младите масовно ја напуштаат Македонија. 

СДСМ: Младите не сакаат да живеат во Латасовата Македонија

Не сакаат да живеат во земја во која нема перспектива, систем, добра работа, во која немаат иднина. Не сакаат да бидат дел од иднина каква што Драган Павловиќ Латас и Мицкоски ја кројат за нив.

Латас, човекот кој со децении работи за странски служби, денеска слободно ја води највалканата пропаганда во земјата.

Неговото семејство е со обезбедена европска иднина, бугарски пасоши, додека на младите им продава дека Македонија треба да биде слепо црево на Балканот и Европа.

Со парите на граѓаните, прво преку Груевски и Мијалков, а сега директно преку Мицкоски, Латас се богати. Имот, пари.

Во исто време, Мицкоски на суд ги ослободува Латас и Груевски, им враќа имот стекнат со криминал и ја штити целата својата криминална организација ВМРО-ОКГ.

Ова е Македонија што ја нудат Мицкоски и Латас.

Додека Латас се капе во парите на граѓаните, а Мицкоски носи часовници од по 65.000 евра, обичните граѓани крпат крај со крај.

Работниците не добиваат зголемување на минималната плата, земјоделците тонат во проблеми, а граѓаните се трујат со вода затоа што институциите не ја вршат својата работа.

Сè е сведено на тендери. Деновите поминуваат од тендер до тендер, а задолжувањата паѓаат на грбот на идните генерации.

Во Македонија на Мицкоски и Латас, само тесниот круг на „елита“ - дел од ВМРО, некои „независни“ новинари и по некоја Ивона, живеат како холивудски ѕвезди.

Сите останати или сонуваат за подобар живот, или го бараат во странство.

Младите не сакаат да живеат во Латасовата Македонија.

Не сакаат да живеат во земја каде криминалците и медиумските манипулатори се заштитени, а обичниот граѓанин е оставен на себе.

Но, оваа Македонија не е нивна.

Народот ќе победи. Власта ќе се врати во рацете на граѓаните.

Ќе победи вистината и правдата.

Прес конференција на СДСМ, Кети Штерјова

YouTube video

Скопје, 22.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Целосно е реконструирано и пуштено во употреба одделението за Трауматологија во стара Градска болница

-Би сакал да ја искористам оваа можност да му честитам на директорот, на вработените во оваа здравствена установа, за работата која што ја работат.

Мицкоски: Целосно е реконструирано и пуштено во употреба одделението за Трауматологија во стара Градска болница

-Би сакал да ја искористам оваа можност да му честитам на директорот, на вработените во оваа здравствена установа, за работата која што ја работат и за сето она коешто го прават за да корисниците на услуги од оваа здравствена установа добијат достоинствени услуги, достоинствен третман.

Од 65-та наваму шајка не е закована, така што еве полека но, сигурно почнуваме да ги реализираме тие приоритети. За жал не можеме преку ноќ сето она коешто со децении било уништувано да го исправиме, но еден по еден приоритет ги решаваме.

Така што, и во периодот којшто следи здравството ќе биде еден од врвните приоритети во работата на Владата. Ќе продолжиме да инвестираме. Веќе Буџетот надминува една милијарда евра годишно, кој што се инвестира во здравството. Имаме планови, имаме развојни проекти, кои во периодот што следи ќе почнат да се реализираат. Така што, ова е веќе во низа инвестиции во здравството коишто ги имавме овие две години. Во периодот којшто следи ќе имаме уште неколку вакви проекти.

Генерално би сакал да им честитам на сите коишто се вклучени во реализирањето на овие проекти, на министерот, порано како директор во Фондот за здравство, на здравствените работници, затоа што нас ни се овие проекти приоритетни и во таа насока ќе продолжиме да се движиме, изјави во своето обраќање премиерот Мицкоски.

Мицкоски по вчерашното невреме во Скопје: Штетите се санираат и согласно законот истите ќе се рефундираат

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање која е материјалната штета направена од вчерашното невреме во Скопје и дали Владата ќе помогне, истакна:

„Никогаш оваа Влада не ги оставила граѓаните сами да се снаоѓаат. Јас им благодарам на институциите и на градоначалниците што во текот на вечерта и веднаш после епското невреме кое што вчера го зафати Скопје излегоа на терен и ги санираа заедно со институциите кои што се во нивна надлежност штетите. И денеска ќе продолжат. Навистина подготовката од нивна страна и мотивацијата беше голема, штетите ќе се констатираат и согласно закон, искуство и пракса од минатото ќе биде од страна на надлежните институциите сето тоа рефундирано.

На прашањето дали Владата има механизми за помош во овој случај, Мицкоски рече:

„Апсолутно, како и во секоја елементарна непогода“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР предупредува: За два дена пристигнува голем облачен бран со дожд, грмежи и силен ветер – подгответе се!

Вчера Македонија беше погодена од силно невреме, а екипите уште од раните утрински часови работат на санирање на последиците. Засега главните патни правци се проодни.

УХМР предупредува: За два дена пристигнува голем облачен бран со дожд, грмежи и силен ветер – подгответе се!

Невремето зад себе остави расфрлан отпад, искршени гранки и оштетени покриви. Апокалиптични сцени од поплави можеа да се видат во Скопје, но и во Струмица, Радовиш, Делчево, Дојран и Куманово, каде што покрај материјалната штета беа предизвикани и сериозни проблеми во сообраќајот.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер.

Но, најновата временска прогноза на УХМР најавува ново влошување на времето во петок.

Прогноза за 24.07.2026

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. Локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а долж Повардарието повремено ќе биде и засилен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер