Во собранието денеска интервјуирани на уште петмина кандидати за претседател на ДКСК - Канал 5

Во собранието денеска интервјуирани на уште петмина кандидати за претседател на ДКСК

Без директен пренос и денеска, Собраниската Комисијата за избори и именувања продолжи со интервјуата на преостанатите пет канадидати за позицијата на прв антикорупционер.

Во собранието денеска интервјуирани на уште петмина кандидати за претседател на ДКСК

Тие одговараа на прашања кои се нивните приоритети но и што би направиле поинаку во досегашната работа на ДКСК, а нивните настапи беа објавени од Собранието по завршувањето на седницата..

Ненад Трипуновски , кандидат

Благица Трошанска, кандидатка

Кимо Чавдар, кандидат

Адем Чучуљ, кандидат

Феузи Џафери, кандидат

Тоа што нема пренос во живо од интервјуата е лош знак за транспарентноста на изборната постапка, оценува претседателот на Трансперенси интернешнал – Благоја Пандовски. Тој потенцира дека назначувањето на нов претседател е само дел од процесот на враќање на кредибилноста на ДКСК.

-За суштински да се подобри работата на ДКСК треба да се работи на функционалноста, брзото постапување по предметите по пријавите кои се поднесуваат и донесување на соодветни решенија, пријавување до институции како ОЈО секогаш кога постојат сомневања за кривично дело или поврзаност со корупција. Секако, на крајот, на зголемување на нивната транспарентност за пошироката јавност да биде запознаена со нивната дејност за да знаат дека тие навистина се борат против корупцијата.-Благоја Пандовски, претседател на Трансперенси интернешнал.

Пандовски потенцира дека подготвеноста на кандидатите а не звучноста на нивните имиња треба да е пресудна при изборот. Според најавите од Собраниската комисија, до крајот на оваа работна недела, ќе се свика седница на која ќе биде избран новиот претседател на ДКСК.

Извештајот на ЕК за Македонија го потенцираше проблематичниот кредибилитет на антикорупциска, по обвиненијата кои поранешната претседателка Татјана Димитровска ги доби за оддавање службена тајна како и за фалсификуван сертификат за класифицирани информации. И пред покренатите обвиненија, Димитровска се најде во фокусот на јавноста кога доби дипломатски пасош и побара службени возила иако тоа законски не и следуваше како прв антикорупционер.

-Македонија е помеѓу одредено и умерено ниво на подготовка и не постигна никаков напредок во превенцијата и борбата против корупцијата. Обвинението изречено против претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), што доведе до нејзина оставка, го доведе во прашање кредибилитетот на институцијата. - Извештај на Европската комисија за Македонија .

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер