Во Словенија попуштаат речиси сите мерки против коронавирусот

Словенската влада денеска најави ново големо олеснување на претходните рестриктивни мерки воведени поради епидемијата на коронавирус што ќе започне следната недела.

Најавено е дека рестораните и гостилниците, помали сместувачки капацитети за туристи и автошколите ќе бидат отворени во понеделник, а со некои ограничувања, училишните часови за некои одделенија од основните и средните училишта и градинките ќе продолжат со работа.

Со одлука на владата, сите продавници, вклучително и трговските центри, ќе имаат дозвола да работат повторно од понеделник. Баровите и гостилниците ќе можат да ги служат гостите во затворени простории, се отвораат туристички сместувачки капацитети со капацитет до 30 гости, но планинарските и хостели сепак остануваат затворени, објави портпаролот Јелко Кацин по владината седница во Брдо кај Крањ.

Големите трговски центри што досега биле затворени, ќе треба да ги применат сите епидемиолошки и други мерки за да спречат ширење на вирусот при реактивирањето, предупреди словенечката влада, а истото важи и за баровите и гостилниците на кои им било дозволено да работат само на отворени тераси.

„Денес, ние во принцип ја прифативме одлуката за повторно отворање на градинките и првите три одделенија од основното училиште, потоа отворањето на средните стручни училишта и домовите“, рече Кацин пред словенечките медиуми по владината седница.

Тој потврди дека размислуваат повторно да дозволат некои спортски активности за колективни спортови, но тоа сè уште не е решено. Исто така, сè уште не е решено кога ќе можат да се отворат фитнес центрите.

Владата исто така ја укина дотогаш важечка одредба со која се бара од сопствениците на станови да ги чистат и дезинфицираат скалилата и лифтовите и другите простори, што извесно време предизвикало полемики затоа што некои сметале дека мерката не е неопходна.

Новиот бран на олеснителни мерки во Словенија доаѓа по скоро две недели, откако сите криви на графиконите на ширењето на вирусот се намалуваат или се стабилни, па се проценува дека епидемијата е под контрола.

Сепак, се предупредува дека вирусот сè уште е присутен кај популацијата и дека во случај на непочитување на мерките што сè уште се во сила, епидемиолошката слика може брзо да се влоши.

Демократски сојуз: Полицијата да обезбеди услови за фер избори

Демократски сојуз на сите полицајци и припадници на службите за безбедност, им го честита 7 Мај, ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈАТА и им посакува успешно извршување на сложените безбедносни задачи.

Празникот се совпаѓа и со изборите за претседател на државата и за пратеници, каде за жал, улогата на полицијата е клучна за обезбедување стабилност и услови за мирни и фер избори.

Овие денови се клучни за да спречите нерегуларности, притисоци, купување на гласови, организирање на „Бугарски воз“ или нарушување на изборниот процес на кој било начин (насилство итн).

Инаку полицијата и службите за безбедност извршуваат тешки, одговорни и сложени безбедносни задачи, но последните години се со ниски примања. Така, главен оперативец задолжен за спречување и откривање на тешки кривични дела прима плата од околу 45 илјади денари, а јавен обвинител околу 130 илјади денари.

Затоа предлагаме двојно зголемување на платите и нивно усогласување со платите на обвинителите и судиите.

Честит празник!

Екипата од Туминец повторно најуспешна на велигденскиот фудбалски турнир на Општина Пустец

Фудбалската екипа од село Туминец е победник на годинaшниот турнир одржан во Долна Горица, општина Пустец. Младите фудбалери од Туминец беа подобри во финалето против екипата на Горна Горица.

Фудбалскиот турнир организиран од Општина Пустец, традиционално се одржува по повод големиот празник Христовото воскресение - Велигден, кога Македонците, кои живеат и работат во други земји, главно во соседните, се враќаат во родните села.

На турнирот, што годинава беше посветен на Васил Јанкула, кој почина на трети минатиот месец, учествуваa екипи од сите села на општината.

Градоначалникот Пали Колефски ѝ го врачи пехарот на фудбалската екипа на Туминец, предводена од капитенот Драган Вурмо, која повеќе години по ред е победник на велигденскиот фудбалски турнир.

- Најпрво ви го честитам големиот празник, Христовото Воскресение - Велигден, со желби за здравје и благосостојба. Честитки за победата, а и на сите учесници за фер однесувањето на натпреварите. Моја порака и голема желба, е, да продолжиме со оваа убава традиција, посака Колефски.

Сите екипи, учесници, како и досега, соодветно беа наградени од општината.

Мицковски го посети централниот штаб на Вреди

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во штабот на ВРЕДИ се сретна со еден од лидерите на албанската опозиција, Арбен Таравари.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска го посети централниот штаб на Вреди на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, јавува ТВ21.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во штабот на ВРЕДИ се сретна со еден од лидерите на албанската опозиција, Арбен Таравари.

притисни ентер