Во Скопје се снима првиот боливудски филм - Канал 5

Во Скопје се снима првиот боливудски филм

На сцената на Македонскиот народен театар почна снимањето на првиот боливудски филм во Македонија „Vijay 61“, во кој се вклучени над 1.000 учесници од Македонија.

Во Скопје се снима првиот боливудски филм
Зад филмот стојат многу популарни и наградувани имиња од Индија што работат на индиски филмови снимени на тамилски јазик. Акциониот трилер „Vijay 61“ почна да се снима во Индија во февруари, а се очекува да заврши при крајот на годината.

Филмот е во режија на 33-годишниот Арун Кумар – Атле, а во продукција на познатата продуцентска и дистрибутерска куќа „Шри Тенандал Филмс“, која постои веќе 40 години и зад себе има импресивна биографија од стотина филмови во речиси сите регионални филмски индустрии во Индија.

Снимањето на првиот боливудски филм во Македонија е резултат на работата на македонскиот продуцент Дејан Илиев и Натарајан Рамџи, познат како локациски гуру во Индија, кој има обезбедено локации за над илјада филмови. Илиев во партнерство со Рамџи ја основаа „Минд продукција“ која го обезбедува снимањето на овој проект во нашата земја, на кој работи голема македонска екипа.

Македонија е вклучена и во работата на сценографијата, костимографијата, шминката и има 40 филмски работници. Во снимањето учествуваат околу 900 актери, балерини, танчери и статисти, кои заедно со вработените во театарот ја достигнуваат бројката од над 1.000 учесници од Македонија.

Во МНТ се снима сцената од филмот која се одигрува на театарската сцена во Париз. Во Скопје е пристигната голема екипа и од Индија, која заедно со режисерот, главните актери, директорот на фотографија, сценографот ја сочинуваат 70-тина луѓе.

Во филмот игра една од најголемите ѕвезди во Индија, Џозеф Виџеи Чандрашекар, познат како Vijay, кој се смета и за највлијателен актер на тамилскиот филм во земјата.

Image result for vijay photos





Сценариото е на К.В. Виџајендра Прасад, кој работи во Боливуд, а музиката е на уште едно големо индиско име, А.Р Рахман, исклучително влијателен композитор, кантавтор и музички продуцент. Ова е втора соработка меѓу младиот индиски режисер во подем Арун Кумар – Атле и големиот индиски актер Vijay.

Продуцентската куќа „Шри Тенандал Филмс“ најавува дека се очекува филмот да биде готов до крајот на годината. Македонскиот продуцент Дејан Илиев изрази задоволство за оваа значајна соработка, која, како што рече, е плод на нивните напори да се донесе Боливуд во Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бруцошите добија дополнително време за да аплицираат за место во студентски дом

Министерството за образование и наука го продолжи рокот за аплицирање на бруцошите за сместување во студентските домови.

Бруцошите добија дополнително време за да аплицираат за место во студентски дом

Министерството за образование и наука го продолжи рокот за аплицирање на бруцошите за сместување во студентските домови, откако се покажа дека дел од студентите примени во вториот уписен рок немаат доволно време да го завршат уписот и да обезбедат потврда дека се редовни студенти.

Проблемот се појави кај кандидатите од вториот уписен рок.

На дел од факултетите при уким запишувањето на примените студенти е закажано за 21 септември, односно еден ден по првично утврдениот рок за студентските домови.

Без завршен упис, тие не можат навреме да обезбедат потврда за редовен студент – еден од документите потребни при аплицирањето. Токму поради тоа мон го продолжи рокот, со цел и студентите кои ќе го завршат уписот во вториот уписен рок да можат да ја обезбедат потребната документација и рамноправно да конкурираат за сместување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тројца осомничени за горење кабли на депонијата Буково — го загадиле воздухот додека собирале бакар

Основното јавно обвинителство Охрид донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кривично дело – загрозување на животната средина и природата со отпад.

Тројца осомничени за горење кабли на депонијата Буково — го загадиле воздухот додека собирале бакар

Тројцата соизвршители, на 17 септември дошле со товарно возило полно со отпад кај депонијата „Буково”. Започнале да ги горат гумените отпадни кабли со цел да ги издвојат од нив бакарните жици.

Од согорувањето се создал чад и биле испуштени штетни материи во воздухот.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Охрид достави предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени, пред се имајќи ја предвид опасноста од бегство и можноста да влијаат врз сведоци во постапката., велат од обвинителството..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи

Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи.

Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи

Филипче со Заев го променија името на државата и ветуваа членство во ЕУ, а добивме само слика од авион.

Филипче и Заев ветуваа бесплатно здравство, а добивме провизии за вакцини, провизии за модуларни болници и провизии за тендери и набавки.

Филипче вели дека Македонија не била за продажба, а има потпишан бланко лист за барањата на Бугарите.

Со ова Филипче е директно против Македонија.

На Филипче му смета успехот на Македонија. Затоа е против дата центри, рудници и фабрики. Ама не е против бугарски фирми, златни визи и акции во индиски авиокомпани.

Исто така, на Филипче му пречи Дејвид Гета, ама не му пречи Харис Џиновиќ.

Тоа се двојните стандарди на Филипче и СДС. Затоа и ќе бидат вечна маргинална опозиција.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер