Во Скопје денеска пристигнува нова група граѓани од Авганистан

На Меѓународниот Аеродром во Скопје денеска се очекува да пристигнe нова група граѓани од Авганистан, информираат од Владата.

Според најавата од Владата, медиумските екипи што ќе се акредитираат треба да пристигнат најдоцна до 16 часот.

Како што посочуваат од Владата, не се придвидени изјави на владини претставници при пристигнувањето.

Инаку, првата група од 149 Авганистанци во земјава пристигнаа на 31 август, меѓу кои и жени и деца. Станува збор за Авганистанци што работеле за меѓународни организации и нивните семејства./МИА

Ковид пандемијата го отежнува пристапот до хормонска терапија за децата со низок раст

Билјана Стефановска  својата ќерка ја приметила на нејзината осма година дека до претходната година го носи ист број на патики и облека. 

Таа се обратила на доктор каде добила одговор дека детето мора да прима хормон за раст. Пред три годни само 100 деца примаа хормон за раст, Фондот за здравство дозволи доплнително 60 деца да се стават на листата за примање на овој хормон со што се намали времето на чекање на листата.

Докторите од клиниката за детски болести со апел до матичните доктори, родителите да ги следат децата, но и редовно систематски прегледи каде ќе се следи растот на детето до пубертетот.

На светскиот ден на одбележување на раст кај децата денот се посветува на родителите кои во време на пандемијата не ги носат своите деца на контрола дури и не примаат хормон за раст.

Во Македонија во овој момент 160 деца се на терапија на хормон на раст. Медицинските испитувања ги закажуваат матичните доктори до клиниката за детски болести.

Тензично на релација Белград-Приштина

Нови тензии на релација Белград – Приштина откако рано утринава косовските специјални сили „РОСУ“ се распоредија на двата административни премини Јариње и Брњак на северот од Косово.

Целта како што соопштија косовските власти е спроведување на бриселскиот договор и обезбедување на привремени регистарски таблички за возилата со српски ознаки. Ваквиот потег наиде на негодување од тамошното српско население кое излезе на протести и блокади.

Ова е мирен протест, ние сакаме да протестираме и не ви правиме проблеми. Имаме целосно право / Протестот не е најавен, мора да се тргнете. / Ќе го најават горе / Не, не, преведувај добро ти, преведувај правилно и добро/ Протестирајте, но оставете го патот отворен.

Дел од лидерите на косовските Срби повикаа на разум и смирување на страстите од двете страни, но и побараа итна реакција од Белград.

-Ги повикувам сите и тие тука на разум, на мир, да не наседнуваат на провокации, ја повикувам Приштина да не наседнува на провокации или да предизвикува провокации. А во исто време го повикувам и Белград, ја повикувам Србија, го повикувам Претседателот Вучиќ да ни помогне.- Горан Ракиќ – Српска листа.

-Ако можам да кажам во една реченица, намерата на Приштина е Србите да бидат ставени во едно такво гето, за целосно да им се оневозможи нормален живот.-Игор Симиќ – Српска листа.

Косовскиот премиер Албин Курти пак од собранието порача дека одлуката според него е исправна и дека се додека граѓаните на Косово плаќаат за табличките кога ќе влезат во Србија, на сила ќе биде и обврската сите возила да имаат и косовски ознаки.

-Во врска со односите со Србија, јас ве потсетувам на потпишаните договори и нивното почитување. Не зборувам за афирмацијата на вредноста која ја имаат тие договори.-Албин Курти – Премиер на Косово.

Итно смирување на ситуацијата и намалување на тензиите помеѓу Белград и Приштина побараа и од Европската Унија.

-Ги повикуваме двете страни да се воздржат од унилатерални акции и ги намалат тензиите, итно без одложување. Тензиите мора итно да бидат намалени.-Петар Стано – Портпарол на ЕК.

Темата за настаните на северот од Косово се очекува да преовладува и на денешната средба на српскиот претседател Вучиќ со специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак. Српскиот претседател за попладнево закажа седница на сСоветот за безбедност за случувањата на северот од Косово, на која според дел од српските медиуми се очекува да се разгледа и повлекувањето на Белград од сите претходни договори.

Марковски: Фирмите ќе имаат најголем бенефит од законските измени

Фирмите ќе имаат најголем бенефит од измените во Законот за облигациони односи, со кои каматите нема да може да бидат повисоки од главниот долг, велат извршителите.

Договорната камата на која се однесуваат измените во Законот е онаа која ја договараат фирмите помеѓу себе, вели за Канал 5 претседателот на комората на извршители Ванчо Марковски, додека во сметките за комуналии, кои најмногу ги засегаат граѓаните, таква камата нема. Марковски објаснува дека штом неплатениот долг кој го имаат граѓаните стигне кај извршител, тогаш почнува да тече казнената камата, која не е опфатена во измените. Сепак Марковски тврди дека казнената камата е далеку помала од договорната.

„Оваа одредба нема да има големо влијание врз извршување, во извршни истраги кои се предмет на наша работа, во најголем број случаи, законската казнена камата е утврдена пред нотар или суд./ Сите тие сметки кои не се доброволно платени од граѓани, за да дојдат кај нас, поминуваат низ судска постапка, и таму доверители за ненавремено плаќање бараат законска казнена камата.“ изјави Ванчо Марковски, претседател на КИРМ

Премиерот Заев, пак најави дека во процедура е законско решение со кое ќе се стави крај на пресметувањето на затезните камати.

„Ако сите тие доверители не успеале за 10 години да ги наплатат побарувањата и да продолжат да сметаат затезни камати, тоа е проблем или виртуозен круг во кој се влезени граѓаните, а ништо нема да значи за правните субјекти, банки или фирми. Дефинитивно тоа е пресметан ризик и треба да го отпишат како побарување, кога после 10 години не успеале да наплатат. “ истакна Зоран Заев, претседател на Влада

Минатата недела Собранието ги донесе измените според кои „...кога износот на стасаната, а неисплатена договорна камата ќе го достигне износот на главнината, каматата престанува да тече...“ Измените ќе важат од 1ви октомври.

притисни ентер