2Во Музејот на град Скопје одржана обука за евакуација и спасување на музејски предмети при земјотрес
Скопјанец се бори за живот на респиратор: Прв тежок случај со западнонилска треска од домашен комарец
1Скопјанец се бори за живот на респиратор: Прв тежок случај со западнонилска треска од домашен комарец
СветВо Сирија се убиени двајца американски војници – Хагсет со остра закана: Немилосрдно ќе ве ловимеДвајца американски војници и еден цивилен преведувач се убиени, а тројца други се ранети во напад што се случи во Сирија, потврди Министерството за одбрана на САД, како што објави CNN.Главниот портпарол на Пентагон, Шон Парнел, објави на социјалната мрежа X дека инцидентот се случил за време на состанок со клучните локални лидери. „Нивната мисија беше да ги поддржат тековните операции против ИСИС и антитерористичките операции во регионот“, рече Парнел. Тој додаде дека имињата на убиените нема да бидат објавени додека не бидат известени нивните семејства. Остра порака од министерот за одбрана Министерот за одбрана Пит Хегсет потврди дека напаѓачот е убиен од партнерските сили и испрати силна порака. „Да се знае, ако ги таргетирате Американците, каде било во светот, ќе го поминете остатокот од вашиот краток, беден живот знаејќи дека САД ќе ве ловат, ќе ве најдат и ќе ве убијат безмилосно“, напиша Хегсет на X. The savage who perpetrated this attack was killed by partner forces. Let it be known, if you target Americans — anywhere in the world — you will spend the rest of your brief, anxious life knowing the United States will hunt you, find you, and ruthlessly kill you. https://t.co/P7D9NrWpAL — Secretary of War Pete Hegseth (@SecWar) December 13, 2025 Сириските медиуми известуваат Според официјалната сириска новинска агенција САНА, американските војници биле нападнати за време на заедничка патрола со сириските сили во централна Сирија. Инцидентот го запре сообраќајот на автопатот помеѓу Деир Езор и Дамаск, а на небото беа видени американски воени авиони. „Американските хеликоптери интервенираа за да ги евакуираат ранетите во базата Ал-Танф по инцидентот со пукањето“, објави САНА, осврнувајќи се на американската база во источна Сирија долж границата со Ирак.Тагови: војници Сирија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПаѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
МакедонијаЈанчев: Напредуваат градежните активности на затворениот базен[⤵️] Напредуваат градежните активности на затворениот базен на локацијата на поранешна „Ла Луна“, објави на Фејсбук, првиот човек на Кавадрци, Митко Јанчев.Овој затворен базен е со димензии 25×9 метри и длабочина од 1,20 метри. Истиот првенствено ќе се користи за децата од основните и средните општински училишта, но рекреативно ќе можат да го користат и сите останати граѓани. Во моментов започна лепењето на плочките во базенот, паралелно се работи во машинската просторија, а интензивно се изведува и партерното уредување на просторот околу објектот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураВо Музејот на град Скопје одржана обука за евакуација и спасување на музејски предмети при земјотресВо Музејот на град Скопје вчера се одржа обука и трибина за евакуација и прва помош на музејски предмети при земјотрес, во организација на музејот и СИН ШТИТ.Настанот беше посветен на заштитата и спасувањето на културното наследство во услови на природни непогоди. На трибината се дискутираше за постапките за евакуација на музејските експонати, функционирањето на Штабот за заштита и спасување, кој треба да постои во секоја институција, како и за предизвиците со кои се соочуваат музеите при природни катастрофи. Практичниот дел од обуката беше реализиран според целосниот протокол – од пронаоѓање на предметот, негова безбедна евакуација и пакување, до подготовка на потребната документација и тријажа во прифатниот центар. Обуката има за цел да ги зајакне капацитетите на музејските институции за навремена и ефикасна заштита на културното наследство во случај на земјотреси и други природни непогоди. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПаѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
МакедонијаОпштина Кисела Вода субвенционира набавка на пелети и печки на пелетиОпштина Кисела Вода објави два јавни повика за субвенции при набавка на пелети и печки на пелети, наменети за домаќинствата од општината. Средствата од Буџетот за 2026 година ќе се доделуваат преку Архивата, по принципот „прв дојден, прв услужен“. Со првиот јавен повик се нуди субвенционирање за набавка на пелети, за што е обезбеден буџет од вкупно 2.000.000,00 денари. Општината ќе кофинансира 50% од вредноста на набавените пелети, но не повеќе од 10.000,00 денари со вклучен персонален данок. Рокот за аплицирање трае до исцрпување на средствата, а најдоцна до 31.10.2026 година. Дополнителни информации можат да се добијат на електронската адреса [email protected]. Вториот повик се однесува на поддршка за купување на печки на пелети, намена за која се одвоени 300.000,00 денари. Преку оваа мерка ќе се покријат 50% од трошоците на домаќинствата за купување на печката, до максимален износ од 20.000,00 денари со вклучен данок. Услов е барателите претходно да немаат искористено субвенции за печка на пелети или инвертер од кој било извор во државата. Овој повик ќе биде отворен најдоцна до 30.11.2026 година, односно до исцрпување на предвидените финансии, додека за прашања е достапна адресата [email protected]. И за двата повика право на учество имаат домаќинствата кои не се поврзани на градското парно греење. Ќе се рефундираат средства за купувања извршени почнувајќи од 1 јануари 2026 година па сè до завршувањето на повиците. Како доказ е задолжително приложување на фискална сметка или фактура, како и извод од банка за извршена уплата во оригинална форма. Барањата можат да се подигнат од Архивата или од општинската веб-страница (www.kiselavoda.gov.mk), по што заедно со целосната документација се доставуваат исклучиво во затворен плик преку Архивата на Општина Кисела Вода до Комисијата за спроведување на постапката. Пријавите со непотполна документација или оние пристигнати по рокот нема да се земат предвид. Сите дополнителни информации се достапни на следните линкови: https://opstinakiselavoda.gov.mk/wp-content/uploads/2026/07/peleti2026.pdf https://opstinakiselavoda.gov.mk/wp-content/uploads/2026/07/pecki2026.pdfКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter