Во Штип две текстилни работнички од иста конфекција заразени со коронавирус

Надлежните од Центарот за јавно здравје – Штип во моментов ги правата епидемилошките анкети и бараат дали се поврзани овие случаи или станува збор за нов кластер на заразени во конфекцијата. 

Во Штип во рок од два дена регистрирани се три нови случаи на заразени коронавирус, од кои две се текстилни работнички во една штипска конфекција и еден лекар од приватна здравствена ординација поврзан со кластерот на медицинската сестра, на којашто сопругот и е таксист, а деновиве се покажа како позитивен случај.

Надлежните од Центарот за јавно здравје – Штип во моментов ги правата епидемилошките анкети и бараат дали се поврзани овие случаи или станува збор за нов кластер на заразени во конфекцијата. Тие денеска до новинарите доставија и писмено соопштение во кое се вели дека поради актуелната пандемија на Коронавирус (COVID-19) и поради грижата за јавното здравје на населението, а со акцент на општините кои спаѓаат под наша надлежност, Центарот за јавно здравје – Штип, уште еднаш апелира до граѓаните да се придржуваат кон мерките кои во изминатиов период постојано се пласираат во јавноста во сите медиуми.

– Штип е град на текстилната индустрија, па затоа најмногу сакаме да апелираме до текстилните конфекции и сите други субјекти кои имаат поголем број на вработени и кај кои производствениот процес налага на задолжително присуство на повеќе лица во една просторија. Истите, задолжително треба да се грижат за хигиената на превозните средства со кои се превезуваат работниците – задолжителна дезинфекција на истите, дистанцата на лицата кои се превезуваат со овие средства од и до своето работно место да биде од 1,5 до 2 метри, истите задолжително да носат лична заштитна опрема – маски, а по можност и ракавици, се вели во соопштение од Центарот за јавно здравје-Штип.

Во соопштението се наведува и дека во просторијата во која работат поголем број на лица задолжително да го има потребното растојание помеѓу истите, носење на лична заштитна опрема и на работното место, често проветрување на просториите, често миење и дезинфекција на рацете, задолжителна дезинфекција на работните површини и предмети кои се користат при работа, да се избегнегрупирањето на повеќе лица и за време на паузите за одмор. Доколку е можно, да се редуцира бројот на надворешни лица кои влегуваат во овие објекти.

– Иако пандемијата е под контрола, сепак не можеме а да не апелираме дека понатамошниот тек на пандемијата зависи најмногу од однесувањето и дисциплинираноста на секој еден граѓанин. Затоа, Ве замолуваме задолжително да се придржувате кон овие мерки, се вели во соопштението на Центарот за јавно здравје.

Епидемиолозите земале брисеви од 11 лица, од кои седум се од текстилната конфекција во која се вработени текстилните работнички. Инаку станува збор за конфекција во која се вработени околу сто работници.

Димитров: Корупцијата ни е заеднички противник, треба да работиме заедно

Понекогаш знаеме да ги бараме проблемите кај соседите. Но вистинскиот противник не е таму. Вистинскиот противник е заеднички – корупцијата – и во овој поглед потребно е да работиме заедно и обединето.

Ова го истакна денеска шефот на дипломатијата Никола Димитров на онлајн Конференцијата на ОБСЕ на високо ниво посветена на „Доброто владеење и борбата против корупцијата во дигиталната ера", што се одржува денеска и утре во организација на албанското претседавање со Постојаниот совет на Организацијата.

Како што соопшти МНР, во присуство на министри и други високи претставници на земјите членки на ОБСЕ, Димитров ја реафирмираше определбата на Владата за борбата против корупцијата, како клучна за враќањето на довербата на јавноста во правната држава и демократијата.

Тој притоа, истакнувајќи ги постигнувањата во изминатиот период, посебен акцент стави на воспоставување на порталот „Отворени финансии" кој овозможува увид во преку 17 милијарди финансиски трансакции на буџетските корисници на централно и локално ниво, укажувајќи на одличен пример како дигиталната технологија може да придонесе кон зголемување на транспарентноста, интегритетот и доброто владеење.

Дводневната Конференција која, како што се посочува, е посветена на оваа многу значајна тема за сите земји учеснички во ОБСЕ, ја отворија актуелниот претседавач, премиерот и министер за надворешни работи на Албанија, Еди Рама, генералниот секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер и албанската министерка за правда Етилда Ѓонај.

Димитров се обрати на панелот на високо ниво, на кој говореа и извршниот директор на Канцеларијата на ОБСЕ за дроги и криминал (УНОДЦ), Гада Фати Валу, шефот на британската дипломатија Доминик Раб, како и други министри за надворешни и за правда.

Педро Санчез со поддршка до претседателот Заев и коалицијата Можеме

Премиерот на Шпанија, Педро Санчез упати видео порака за поддршка до претседателот на СДСМ, Зоран Заев и коалицијата „Можеме".

Во продолжение ви испраќаме интегрален текст од видео обраќањето:

„Сакам да испратам порака за поддршка на предизборната коалиција „Можеме" што ја предводи мојот драг пријател Зоран Заев од СДСМ. Тоа е порака која ја испраќам не само поради социјалдемократскиот идеал кој го споделуваме, туку и поради моето лично удебување дека Владата на Заев работеше посветено на овој идеал во изминатите три години и придонесе за значителни подобрувања во однос на минималната плата, социјалната помош и пензиите.

Пораката ја испраќам и како убеден европеист. СДСМ, така гласи кратенката на македонски јазик на партијата која ја предводи Заев, со Договорот од Преспа, стави крај на долготрајниот спор со Грција, истовремено напредувајќи кон надминување на спорот со другиот сосед, Бугарија. Тоа и овозможи на Македонија да стане членка на НАТО во март оваа година и да дојде на чекор до почетокот на пристапните преговори со ЕУ.

Како од Мадрид, така и од Скопје, не обединува заедничката цел, дека врадностите на солидарноста, демократијата, почитувањето на човековите слободи и права се столбот на кој почива европскиот проект.

Поради тоа, сакам да ги истакнам и напорите на Владата на СДСМ во борбата против пандемијата и економските последици на кризата, настојувајќи, секој пат, да не остави никога зад себе. Исто така сакам да ја истакнам социјалната агенда на Владата предводена од Заев, која значително се приближи до европската социјална агенда, преку реформите на пазарот на трудот, во однос на правата на граѓаните како на пример преку Законот за заштита од дискриминација.

Тоа не се политики и приоритети преземени како стратегија, туку како убедување дека само на тој начин, преку тие реформи, ќе се даде придонес за подобра иднина на општеството. Општество кое ќе биде инклузивно.

Се надевам дека по изборите на 15 јули, Македонија ќе продолжи со ваква проевропска Влада, Влада која ќе остане посветена на прогресивните вредности, Влада што ќе овозможи државата да продолжува да напредува со овој забрзан ритам, како внатрешно, така и на меѓународен план.

Драг Зоран, ти благодарам многу и ти посакувам многу успех.

ФЗО: Реформи во примарната здравствена заштита

Основата на новиот модел на реформите во примарната здравствена заштита е дополнување на променливиот дел од капитацијата преку препознавање, евидентирање и вреднување на работата на избраниот лекар. 

Овие здравствени услуги избраниот лекар ги дава и сега, но не се препознаени и евидентирани во електронскиот систем со соодветни шифри. Тоа значи дека во моментот новината е само во начинот на евидентирање на здравствените услуги кои лекарите ги вршат. Со новиот модел предвидена е следнава структура на здравствени услуги: основни здравствени услуги, – превентивни цели, следење на хронични болни и здравствени интервенции. За сите овие здравствени услуги ќе се изработат посебни шифрарници, протоколи и упатства.

Ова го соопшти Фондот за здравствено осигурување посочувајќи дека континуирано работи на реформи со цел подобрување на квалитетот на примарната здравствена грижа, како и обезбедување сеопфатна примарна здравствена заштита од страна на здравствените работници на примарно ниво.

Од Фондот истакнуваат дека веќе е изготвена прва верзија на Шифрарникот на основни здравствени услуги, кој е имплементиран во „МојТермин", со тоа што од 1 јули во електронскиот дневник избраниот лекар ќе ја бележи секоја услуга според шифрата, како и сите податоци согласно Законот за евиденциите од областа на здравството. Секоја здравствена услуга е поврзана со одредена шифра од Шифрарникот и соодветен тежински коефициент. Во пробниот период од три до шест месеци, дадени се предлог коефициенти кои по потреба ќе бидат ревидирани. На тој начин избраните лекари имаат можност да дадат свои предлози за промена или воведување нови здравствени услуги, односно шифри, како и за евентуална промена на тежинските коефициенти, информираат од Фондот.

Во исто време, како што посочуваат, работните групи интензивно работат на изготвување на протоколи за најчестите заболувања, како што се: од дејноста општа медицина – за возрасни лица се предвидени областите – хипертензија, хипотиреоза, дијабет, астма и ХОББ; кај деца предвидени се областите превенција на дебелина кај деца, деформитети на 'рбетен столб; и од дејноста гинекологија – антенатална грижа, цервикален канцер, семејно планирање.

Претставувањето на предлог – моделот пред избраните лекари, било планирано да се организира во неколку панел дискусии во март, но поради состојбата со пандемијата на коронавирусот, нивното одржување било и поради тоа Лекарската комора, претставувањето на предлог – моделот пред лекарите од дејноста општа медицина го организирала преку платформата Zoom од 29 јуни до 3 јули. Со овие трибини, наведуваат од Фондот, се отвора процес на целосно вклучување на избраните лекари во подобрување на квалитетот на примарната здравствена заштита и ги охрабруваме сите избрани лекари со свои стручни мислења, предлози и сугестии активно да се вклучат во процесот.

Резултатите од реформите, посочуваат од Фондот, водат кон: подобрување на превентивата на примарно ниво на здравствена заштита; дефинирање и примена на стандарди за обезбедување услуги согласно медицина базирана на докази – изготвување упатства и протоколи; поттикнување на вложувањето во технички, материјални и човечки ресурси; поттикнување на справување со одредени состојби на примарно ниво и намалување на степенот на упатување кон повисоко ниво на здравствена заштита; поголем број лекари од општа пракса кои ќе имаат специјализација по семејна медицина; поттикнување на реализација на одредени здравствени услуги од страна на медицинските сестри и олеснување на административната работа.

Носители на процесот на спроведување на реформите во примарната здравствена заштита се Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување и стручната фела. Процесот е поддржан од Светската здравствена организација, како и според препораки од претходни истражувања и процеси спроведени од страна на глобални агенции и домашни организации (Светската банка, УНФПА, ХЕРА итн.)

Подготовката и процесот за реформите во примарната здравствена заштита се почнати од крајот на 2018 година. Стручни дискусии на предлог – моделот се почнати во октомври 2019 година со министерот за здравство и директорите на Фондот. Во месец ноември 2019 година предлог – моделот е дискутиран со претставници на Лекарска комора, ЗПРЛМ, Здружение на лекари по семејна медицина, Здружение на лекари Албанци, Катедрата по семејна медицина, Здружение на приватни гинеколози – акушери итн. Дополнително следеа консултации со претставници на СЗО и Светска банка, а текот на реформите во ПЗЗ е презентиран пред поширокиот аудиториум на Здравствениот форум 2020, информираат од Фондот и потенцираат дека реформата не почнува од 1 јули 2020 година, туку на неа се работи од крајот на 2018 година, а дискутиран е повеќе пати пред избраните претставници на сите здруженија на лекарите од примарна здравствена заштита.

Во креирање на моделот на реформите се вклучени 89 претставници од 20 институции и организации од кои 35 се избрани лекари. За таа цел формирани се повеќе работни групи кои се координирани од надзорна група и работат од крајот на ноември 2019 година. Членовите на работните групи се назначени од министерот за здравство, на предлог на Лекарската комора, ЗПРЛМ, Здружение на лекари по семејна медицина, Здружение на лекари Албанци, Здружение на приватни гинеколози – акушери, Катедрата по семејна медицина, универзитетските клиники, Комора на здравствени работници, Министерство за здравство, МојТермин, Фондот и националниот координатор на СЗО, стои во соопштението од Фондот за здравствено осигурување.

притисни ентер