Во село Разловци одбележани 144 години од Разловечкото востание - Канал 5

Во село Разловци одбележани 144 години од Разловечкото востание

Во делчевското село Разловци одбележани 144 години од првото вооружено востание со кое отпочнува бурниот Предилинденски период за слободна и самостојна држава на Македонците. 

Во село Разловци одбележани 144 години од Разловечкото востание

На пригодната свеченост организирана по тој повод во дворот на црквата „Св. цар Константин и царица Елена" со почитување на мерките и препораките за заштита од Ковид-19, делегација од Општина Делчево, претставници од Советот на Општина Делчево, политички партии, и здруженија на граѓани положија свежо цвеќе и на влезот на црквата се поклонија пред спомен-обележјето на поп Стојан, еден од организаторите на Востанието.

Осврнувајки се на значајниот датум, делчевскиот градоначалник Горан Трајковски во својот говор истакна дека Разловечкото востание и покрај неговото брзо пропаѓање, е од особено значење за историјата на македонскиот народ.

-Тоа е првото вооружено Востание кое го испишува Предилинденскиот период, самостојно организирано, материјално поддржано и реализирано од македонската световна и духовна интелигенција, со масовно учество на селанството. Секоја година достоинствено се сеќаваме на храброста на разловечките востаници кои во еден несомнено тежок период од македонската историја, јасно кажаа НЕ, на теророт, неправдата испраќајќи порака за слободно Разловци без терор и понижување, Разловци во слободна македонска држава, истакна Трајковски.

Тој потсети дека востаничкото Разловци се наоѓа високо на агендата што значи решавање на низа отворени прашања кои со децении не се решавани.

-Сакам да потсетам дека изградивме улица во должина од 150 метри со која се реши голем проблем за жителите кои живеат на овој дел од селото, а планираме изградба на уште една улица во ова село. Со цел да го решиме проблемот со дивите депонии, за прв пат од постоењето на селото – обезбедивме контејнери за отпад и се организира редовно собирање на отпадот. Во соработка со ЈКП „Брегалница" изградивме нова дренажа со која се зафатија водите од река Ракитина во Разловци, санирана е и собирната шахта, а е извршено и чистење и хипохлорирање на резервоарот.

Разловчани и годинава одбележувањето го дочекаа со надеж дека годинава ќе биде реконструиран покривот на Спомен домот на Разловечкото востание, кој долги години беше оставен да пропаѓа на забот на времето, а од почетокот на годината имаше најава за негова реконструкција.

-Спомен домот е во очајна состојба само е ставена изолација на покривот и сега е планирана реконструкција за препокривање на домот, но има уште многу работи за реконструкција, истакна Ванчо Спасевски од село Разловци одговорен за работењето на библиотеката која функционира во состав на Спомен домот во Разловци.

Директорот на Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров" Методи Толевски со подобрувањето на состојбата со коронавирусот, очекува набрзо да започне реконструкцијата на кровот на Спомен домот Разловечко востание.

-Министерството за култура распиша јавна набавка за санација на кровот на домот, парите се обезбедени, негде околу 500 илјади денари имаме на располагање за реконструкција на кровната конструкција, но поради коронавирусот во моментот се уште немаме информација до каде се работите. Во однос на другиот дел од домот ќе поднесеме апликација за реконструкција на внатрешниот дел и се разбира ќе очекуваме негово одобрување од Министерството, истакна Толевски.

Поради вонредната состојба денес беше одложена традиционалната културно-уметничка програма, планинарскиот марш и ликовната колонија која се организира по повод годишнината од Разловечкото востание.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НАСА бара луѓе кои ќе живеат на Месечината: Конкурсот е отворен, но условите не се за секого

Американската вселенска агенција НАСА бара кандидати со високо образование во научни и технички области, додека договор вреден 10 милијарди долари ги очекува приватните компании.

НАСА бара луѓе кои ќе живеат на Месечината: Конкурсот е отворен, но условите не се за секого

Американската вселенска агенција, НАСА, објави повик за регрутирање нова класа на астронаути. Овој пат, целта е многу поамбициозна од самиот престој во орбитата: се бараат поединци кои ќе живеат и работат на површината на Месечината.

Овој процес на регрутирање е дел од програмата „Артемида“, а избраните кандидати ќе сочинуваат тим задолжен за поставување на темелите за постојана месечева база, како и за подготовка на теренот за првите мисии со екипаж до Марс. Обуката ќе опфаќа движење по предизвикувачкиот терен на Месечината и издржување долготраен престој во екстремни услови. Како што се очекуваше, критериумите за подобност се исклучително строги.

Право на пријавување имаат само државјани на САД кои поседуваат магистерска диплома од областите инженерство, биологија, физика или компјутерски науки.

Нема многу време за размислување, бидејќи крајниот рок за поднесување пријави преку официјалната веб-страница на агенцијата е 3 декември 2026 година, а имињата на новите астронаути ќе бидат објавени кон крајот на 2027 година.

Истовремено, НАСА го решава прашањето за логистиката, без која една база не може да опстане. Распшан е тендер во вредност од дури 10 милијарди долари за втората фаза од програмата „Комерцијални услуги за испорака на товар на Месечината“ (Commercial Lunar Payload Services – CLPS).

Станува збор за десетгодишен договор со приватни компании за изградба и управување со летала за слетување, наменети за испорака на инструменти, залихи и опрема директно на површината на Месечината.

За овие договори се натпреваруваат осум компании, меѓу кои „SpaceX“, „Blue Origin“ и „Lockheed Martin Space“. Впечатливо е отсуството на „Boeing“ од списокот; вселенската програма на оваа компанија, „Starliner“, веќе подолго време се соочува со технички проблеми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мајкл Керик на излезната врата на Манчестер Јунајтед!

Мајкл Керик е сè поблиску до заминување од клупата на Манчестер Јунајтед!

Мајкл Керик на излезната врата на Манчестер Јунајтед!

Иако раководството на клубот одлучи да му даде дополнително време по поразот од Борнмут, сè поголеми се шансите англискиот стручњак наскоро да добие отказ.

Според информациите на „Би-Би-Си Спорт“ (BBC Sport), челниците на Јунајтед сè уште се држат до првичниот план – детално да ја проценат ситуацијата за време на ноемвриската репрезентативна пауза.

Сепак, сè поизвесно е дека извршниот директор Омар Берада и спортскиот директор Џејсон Вилкокс ќе им предложат на косопственикот Џим Ретклиф и на семејството Глејзер да го сменат Керик. Капка која може да ја прелее чашата е нерешениот резултат против Астон Вила (4:4).

Јунајтед моментално се наоѓа на 18-тото место во Премиер лигата и го бележи својот најлош почеток на една домашна сезона во последните 40 години.

Манчестер Јунајтед веќе разгледа неколку опции за наследник на Керик. Како што претходно објави Би-Би-Си (BBC), клубот ја испитуваше можноста за ангажирање на поранешниот менаџер на Њукасл, Еди Хау, и поранешниот селектор на Германија, Јулијан Нагелсман.

Антонио Конте, исто така, покажа интерес за работа на „Олд Трафорд“, додека, според неколку извори, и Маурисио Покетино е отворен за враќање во клупскиот фудбал.

Сепак, ситуацијата со Покетино не е едноставна, со оглед на тоа што аргентинскиот стручњак во август го продолжи договорот со националниот тим на Соединетите Држави.

Наводно, неговиот договор содржи клаузули кои би му овозможиле да замине доколку добие понуда од одредени големи клубови.

На Керик му е дадена уште една шанса по поразот од Борнмут, но резултатите не ја оправдаа довербата на раководството. На последните десет првенствени натпревари, Јунајтед забележа само една победа, учинок што ги доведе до 18-тото место на табелата.

Со 19 примени гола, тимот има една од најслабите одбрани во Премиер лигата; повеќе голови примиле само Кристал Палас и Ипсвич.

Особено загрижувачки е фактот што „Јунајтед“ има само три победи на 15 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона.

Ова е најлошиот учинок во последните 40 години, токму на годишнината од доаѓањето на Сер Алекс Фергусон на „Олд Трафорд“.

Поразите од Манчестер Сити, Брајтон и Борнмут, како и натпреварите што завршија нерешено – при што тимот ја испушташе предноста во завршницата – претставуваа посебен удар.

Незадоволството станува сè повидливо и во самата соблекувална.

Лисандро Мартинез јавно ја критикуваше летната трансфер-политика на клубот, префрлајќи ја одговорноста врз спортскиот директор Џејсон Вилкокс. Дури и Бруно Фернандеш не го криеше своето незадоволство, па по поразот од „Кома“ (Манчестер Сити), упати критики кон тактиката на Керик.

На Карик му беше дадена шанса да ја промени ситуацијата, но резултатите и понатаму се под очекувањата.

Управата сега ги разгледува следните чекори, а сè поизвесно е дека Керик би можел да ја плати цената за катастрофалниот почеток на сезоната.

Конечната одлука сè уште не е донесена, но неговата позиција е сериозно разнишана. Манчестер Јунајтед наскоро би можел да започне нова потрага по тренер, во обид да ја спаси сезоната која веќе е далеку од очекувањата на навивачите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МОН: Светскиот ден на науката за мир и развој - 10 Ноември

Светскиот ден на науката за мир и развој - 10 Ноември го одбележуваме со нотиран прогрес во научно-истражувачката работа.

МОН: Светскиот ден на науката за мир и развој - 10 Ноември

Светскиот ден на науката за мир и развоj - 10 Ноември оваа година го одбележуваме со видливи резултати во научно-истражувачката дејност. Ова го нотира и Европската комисија во Извештајот за напредокот на државата за 2026 со оценката дека е направен добар прогрес во остварување на целите од Акцискиот план на Стратегијата за паметна специјализација, со основањето и ставањето во функција на Агенцијата за иновации, научно – технолошки развој и претприемништво ИНОВА, но и со продолжувањето на учеството во европски програми за наука и иновации.

Резултатите ја покажуваат посветеноста на Владата и на Министерството за образование и наука кон поттикнување на научните истражувања и иновациите.

Имаме јасна цел: да ги зајакнеме капацитетите за научно-истражувачка дејност и да го зголемиме влијанието на научно-истражувачките резултати врз општеството и економијата. Ова го поддржуваме преку континуиран раст на буџетот за наука, за да осигуриме дека научната заедница има ресурси и поддршка што ѝ се неопходни.

Овогодинешниот буџет изнесува рекордни 773 милиони денари, што е скок во споредба со 680-те милиони денари минатата година и повеќе од двојно зголемување во однос на 380-те милиони денари издвоени пред две години. И резултатите се опипливи. Минатата година поддржавме околу 50-тина двогодишни научни проекти, што се сега во завршна фаза.

Презедовме конкретни активности поврзани со потребата за зголемена научна продукција. Обезбедивме бесплатен пристап до главните глобални научни бази на податоци „Web of Science“ и „Scopus“ за нашите научници и академски професори. Ги покриваме трошоците за објава на научни трудови во списанија со импакт фактор, за организација на домашни и за учество на меѓународни научни конференции, ги покриваме трошоците за објава на зборници.

Системски инвестираме во наука и ги отстрануваме бариерите за да можат нашите научни работници да се натпреваруваат и да соработуваат глобално, а нивните резултати да можат да донесат вистинска вредност дома.

Наш стратешки приоритет останува забрзан развој на науката и подобро позиционирање македонските универзитети на глобалните ранг-листи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер