Во Саудиска Арабија се појави првиот скандал поради Кристијано Роналдо - Канал 5

Во Саудиска Арабија се појави првиот скандал поради Кристијано Роналдо

Секоја информација поврзана со Кристијано Роналдо предизвикува големо внимание во Саудиска Арабија, а сега во пресрет на сезонското дерби се појави и првата која што прерасна во скандал.

Во Саудиска Арабија се појави првиот скандал поради Кристијано Роналдо

Имено, натпреварот помеѓу Ал Наср и Ал Итихад во супер класиката на саудискиот фудбал треба да го суди познатиот шпански судија Матеу Лахоз.

Навивачите на Ал Итихад се бесни на одлуката и решиле да го кренат гласот пред натпреварот. Причина за незадоволството и протестот е тоа што навивачите се загрижени за неговиот однос со Кристијано Роналдо. Шпанецот и Роналдо се познаваат од времето кога Португалецот играше за Реал.

Некои саудиски медиуми објавија фотографии на кои се гледа како дуото срдечно се поздравува, а почнаа и гласините дека се добри пријатели. И покрај сѐ, судиската организација во Саудиска Арабија остана на својот став и Лахоз ќе суди на еден од последните натпревари во кариерата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Дупка од 10.000 денари во секој семеен буџет е реалноста, а не приказната за “трета економија во Европа”!

За да преживее семејство со минимални трошоци со т.н. синдикална кошница за октомври се пробија историски рекорди кои достигнаа 70.358 денари, а за семејствата што живеат под кирија трошоците за гол опстанок се искачија на застрашувачки 85.733 денар

ЛДП: Дупка од 10.000 денари во секој семеен буџет е реалноста, а не приказната за “трета економија во Европа”!

Додека Владата секојдневно дефилира со соопштенија за „рекорден раст на економијата“ и наводно подобрена куповна моќ, реалноста зад затворените врати на македонските домаќинства е сурова преживувачка. Се соочуваме со рекорден раст на трошоците а не на економијата! Прашањето е едноставно и боли: колку семејства денес во Македонија можат да го поминат месецот без да влезат во нов брз кредит, без да се одречат од основни потреби или без да молат за помош од родители и пријатели

Посебно е иритирачки што владината потрошувачка кошничка и синдикалната пресметка се разликуваат за нереални 10.200 денари. За премиерот и министрите тоа е само прашање на сува методологија и бројки на хартија, но за обичниот човек тоа се 10.000 денари помалку за храна, лекови, сметки и основни потреби што драматично недостигаат на крајот од месецот. Економската успешност не може да се мери со непоткрепени владини математики, додека граѓаните секој ден ја мерат реалноста преку шокантните цени во маркетите и празните банкарски сметки.

Џабе се повикува власта на проценти за раст на платите и ублажена инфлација, кога суштинскиот одговор го знае секој граѓанин: трошоците растат побрзо од платите и тие не се доволни за достоинствен живот. На Македонија не ѝ требаат оптимистички прес-конференции и економски бајки, туку итни и конкретни решенија — реален раст на минималната плата, вистинска заштита од ценовните шокови таргетирано за македонските граѓани и замрзнување на маржите за да се сопре дивеењето во продавниците. Нашите предложени таргетирани мерки се одбиваат иако се имаат покажани успешни во други земји. Ребалансот на буџетот кој Владата го достави до Собранието ниту дава краткорочни ниту долгорочни решенија, напротив покажува немање капацитет за справување со сериозните ризици.

Либерално-демократската партија (ЛДП) порачува дека нема потреба Владата да се самозалажува со сопствените розеви пресметки. Животниот стандард не се крева со раскажување приказни од владината книга за бајки, туку со реални пари што на крајот од денот мора да останат во џебот на граѓаните!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фатална Бразилка го понижи Винисиус

Фатална Бразилка го понижи своето сега веќе екс момче, ѕвездата на Реал мадрид,  Винисиус пред целиот свет, социјалните мрежите вријат од коментари .

Фатална Бразилка го понижи Винисиус

Бразилската инфлуенсерка Вирџинија Фонсека повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста откако раскина со Винисиус Жуниор, фудбалерот на Реал Мадрид.

Винисиус Жуниор и бразилската инфлуенсерка Вирџинија Фонсека ја прекинаа врската пред една недела.

Инаку, ова е вторпат славниот пар да стави крај на својата врска, а веста ја соопштија претставниците за односи со јавноста на познатата инфлуенсерка. Сепак, се чини дека Фонсека стана предмет на внимание во јавноста поради една изјава.

Кога медиумите ја прашаа како се чувствува по разделбата, таа одговори едноставно и кратко, со насмевка:

„Крај на врската со Винисиус? Чувствувам големо олеснување“, заклучи таа. Овие зборови предизвикаа вистинска бура во јавноста, а многумина ја сфатија пораката како директна навреда за славниот фудбалер.

Винисиус сè уште нема дадено коментар за спорната изјава на својата поранешна девојка...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џенифер Лопез има нова љубов, наводно во врска со 11 помлад актер

 Според медиумските извештаи, светската музичка ѕвезда и актерот – кои заедно играат во филмот „Office Romance“ – се гледаат веќе некое време.

Џенифер Лопез има нова љубов, наводно во врска со 11 помлад актер

Медиумите шпекулираат дека Џенифер Лопез и Брет Голдстин ја пренеле својата филмска романса во реалниот живот.

Според медиумските извештаи, пејачката и актерот – кои заедно играат во филмот „Канцелариска романса“ (Office Romance) – се гледаат веќе некое време, иако во оваа фаза нивната врска не е сериозна.

YouTube video

Извор открил за „Page Six“ дека 57-годишната Лопез и 46-годишниот Голдстин започнале неврзана романса, иако претходно ги демантираа гласините дека меѓу нив има нешто повеќе од пријателство.

Шпекулациите повторно се разгореа на 16 октомври, кога беа забележани заедно на забава кај еден менаџер во Лос Анџелес. Наводно, тие пристигнале на настанот со ист автомобил, но се потрудиле да влезат одделно за да не привлекуваат премногу внимание.

Според извори, Голдстајн пристигнал на забавата сам и си заминал сам, иако тој и Лопез сепак заедно го напуштиле настанот. „Едно нешто што им е заедничко е тоа што и двајцата сакаат излегувања, забави и ресторани“, вели изворот, осврнувајќи се и на поранешниот сопруг на Лопез, Бен Афлек.

„За разлика од нејзиниот поранешен, Бен – кој секогаш имаше строг израз на лицето кога и да излезеа некаде“, додава изворот.

Ова не е првпат Џенифер Лопез и ѕвездата од серијата „Тед Ласо“ да поттикнат шпекулации дека меѓу нив има нешто повеќе од обична професионална соработка.

Уште летото се појавија информации дека, иако се обидувале да одржат професионален однос за време на снимањето на „Office Romance“, хемијата меѓу нив била „неодолива“.

Двајцата беа видени заедно и во март 2025 година, кога присуствуваа на бродвејската претстава „Oh, Mary!“ – еден месец пред да започне снимањето на филм во кој заедно играа главни улоги.

Голдстин го напиша сценариото за филмот „Office Romance“ за Лопез, а пејачката подоцна зборуваше за нивната соработка во емисијата на Енди Коен, „Watch What Happens Live“.

„Тукушто завршив со снимање филм со Брет Голдстин и морам да кажам дека тој ми беше најдобриот партнер за бакнеж на екранот“, призна Лопез во октомври, со што дополнително ги поттикна шпекулациите за природата на нивната врска. Голдстин со години не крие дека ѝ се восхитува на Џенифер.

Веќе со години е познато дека Голдстин е голем обожавател на славната пејачка.

Уште во 2019 година, во својот подкаст „Films To Be Buried With“, тој зборуваше за нејзината улога во филмот „Hustlers“, не криејќи го своето воодушевување од нејзиниот изглед и харизма.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер