Во сабота ќе има нов обид за лансирање на огромната ракета „Артемис -1“ кон Месечината - Канал 5

Во сабота ќе има нов обид за лансирање на огромната ракета „Артемис -1“ кон Месечината

 НАСА синоќа соопшти дека во сабота повторно ќе се обиде да ја лансира џиновската ракета од новата генерација кон Месечината, откако првиот обид во понеделникот не успеа поради технички проблем.

Во сабота ќе има нов обид за лансирање на огромната ракета „Артемис -1“ кон Месечината

Со дебитантското лансирање на огромната ракета во понеделникот требаше капсулата без екипаж да ја однесе на шестнеделен пробен лет околу Месечината и назад, 50 години по последната мисија на „Аполо“ на Месечината.

-Договорот е дека ќе го промениме датумот на лансирање за сабота, 3 септември, рече на прес-конференција Мајк Сарафин, одговорен за мисијата „Артемис-1“, која го означува почетокот на американската програма за враќање на Месечината.

Прогласена за најмоќна и најсложена ракета во светот, џиновската двестепена ракета Space Launch System (SLS) претставува најголемиот нов систем за вертикално лансирање изграден од американската вселенска агенција, откако „Сатурн V“ полета на Месечината за време на програмата „Аполо“ во 1960-тите и 70-тите години.

Капсулата „Орион“ има симулиран екипаж од тројца – еден машки и две женски кукли – опремени со сензори за мерење на нивото на радијација и други стресови што би ги доживеале астронаутите.

Главната цел на мисијата е да се тестира издржливоста на топлинскиот штит на „Орион“ за време на повторното влегување во атмосферата на Земјата со 39.429 километри на час или 32 пати поголема од брзината на звукот, при повторното влегување од орбитата на Месечината – многу побрзо од вообичаеното -влегување на капсули на астронаути кои се враќаат од ниските земјини орбити.

Програмата на НАСА „Артемис“ – именувана по божицата која била сестра близначка на Аполон во античката грчка митологија – има за цел да ги врати астронаутите на површината на Месечината уште во 2025 година и да воспостави долгорочна лунарна колонија како отскочна даска за уште поамбициозните идни патувања со човечки екипаж на Марс. .

По повеќе од една деценија развој, со години одложувања и милијарди долари натфрлени трошоци од буџетот, вселенското летало „SLS-Orion“ досега НАСА ја чинеше најмалку 37 милијарди долари, вклучувајќи ги тука дизајнот, изградбата, тестирањата и објектите на земја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена

Од полноќ според одлуката на Регулаторната комисија бензините поевтинија а дизелот остана со иста цена тој се родава за 99 денари за литар а бензините се намалија за пет денарти по литар.

Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена

.Еуросупр БС 95 се продава по цена од 91 денар за литар а Еуросупер БС 98 по цена од 93 денари за литар

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Срдановиќ најавува продолжување на европската интеграција и подобрување на односите со соседите

Во меѓусебен демократски дијалог ќе одлучиме кој ќе влезе во владата и ќе продолжи да ја води земјата во најдобар интерес на нашите граѓани – вели во првото интервју по победата на предвремените избори во Србија носителот на Студентска листа Илија С.

Срдановиќ најавува продолжување на европската интеграција и подобрување на односите со соседите

Во меѓусебен демократски дијалог ќе одлучиме кој ќе влезе во владата и ќе продолжи да ја води земјата во најдобар интерес на нашите граѓани – вели во првото интервју по победата на предвремените избори во Србија носителот на Студентска листа Илија Срдановиќ, за хрватски Индекс.. Сега имаме голем број мандати во Собранието, а меѓу тие луѓе веќе има доволно кредибилни кандидати кои можат да бидат членови на владата или премиер – вели Срдановиќ.

Тој најавува подобрување на соработката и продолжување на европската интеграција на Србија, додавајќи дека првите чекори во полицијата, обвинителството и судството ќе бидат многу важни а како што нагласил за тоа ќе бидат потребни и слободни медиуми. За хрватски Индекс Срдановиќ потврдил и дека разговарал со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, од кого добил честитка за изборната победа најавувајќи конкретизирање на соработката по изборот на новата влада.

Инаку, челниците на ЕУ беа меѓупрвите кои ја честитаа изборната победа на студентска листа.. Подготвени сме да и дадеме поддршка на новата влада на србија на нејзиниот европски пат, порача еврокомесарката Марта Кос

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд

Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег.

Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд

Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен, наместа повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени.

Според УХМР времето во Скопје, променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од утре ќе преовладува променливо облачно време, освен во северните делови каде ќе има услови за појава на врнежи од дожд, кои на повисоките планини ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, а денес и утре наместа долж Повардарието повремено засилен до силен северозападен ветер. Во петок и за време на викендот ќе има услови за врнежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер