СветВо Русија започна вакцинацијата против коронавирусотГраѓаните за вакцинација можат да се пријават преку интернет.Во Русија утрово започна програмата за вакцинација против коронавирус, а клиниките во Москва прво ќе ги вакцинираат оние кои се најмногу изложени на ризик од инфекција. Со ова Русија стана првата држава на светот која започнала со процесот на вакцинација. Русите ќе ја користат сопствената вакцина „Спутник V“, која е регистрирана во август, пишува „Би-Би-Си“. Илјадници луѓе веќе се пријавиле за првото од вкупно две вакцинирања, но се уште не е најјасно колку вакцини Русија може да произведе. Од произведувачот до крајот на годината се очекува да направи два милиони дози. Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин рекол дека приоритетни се оние луѓе кои најмногу се изложени на ризик од инфекцијата, како здравствените работници, учителите и професорите, софијалните работници... Граѓаните за вакцинација можат да се пријават преку интернет и така да осигураат бесплатен термин на една од 70 локации ширум градот. Вакцинацијата трае од 8 наутро до 20 часот навечер. Вакцината е 95 проценти ефикасна и не предизвикува нуспојави, но се упте поминува низ масовни тестирања. Со коронавирус во Русија се заразени 2.431.731 лицам а починале 42.684, покажуваат новите податоци. Инфекција во последните 24 часа е потврдена кај 28.782 лицам вклучувајќи 7.993 во Москва. Во последите 24 часа од последиците на вирусот починале 508 лица. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПроект „Топлотен бран“ во Кисела Вода: Грижа за граѓаните при високи температуриГрижата за здравјето на граѓаните во услови на летните високи температури, е во фокусот на заедничкиот проект „Топлотен бран“, кој Општина Кисела Вода го реализира во соработка со Општинската организација на Црвен крст-Кисела Вода. Проектот се реализира преку Секторот за месна самоуправа при општината. Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со претставници од општинската администрација, тимови на Црвениот крст и медицинско лице, на најфреквентните локации, парковите и автобуските постојки низ општината делеа шишиња со ладна вода, со цел да им се олесни движењето на граѓаните кои имаат неодложни обврски на отворено. Истовремено, стручните лица даваат медицинска помош и совети, а по потреба се врши и транспорт на ранливите лица до нивната крајна дестинација. -Грижата за нашите жители, особено во вакви екстремни временски услови, е наш врвен приоритет. Свесни за опасностите што ги носат високите температури, преку проектот „Топлотен бран“ излеговме на терен за директно да им помогнеме на граѓаните кои мораат да бидат надвор од своите домови. Заедно со нашите докажани партнери од Црвениот крст, обезбедуваме вода за освежување, но и стручна медицинска поддршка и безбеден транспорт за оние на кои им е најпотребно. Апелирам до сите граѓани да ги почитуваат препораките на здравствените институции, да избегнуваат излегување во најтоплите делови од денот и да се грижат за своето здравје-изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.Тагови: Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишено од слобода едно лице во Скопје, пронајдена и одземена дрогаД.П. е лишен од слобода и спроведен во Полициската станица Ѓорче Петров, каде по насоки на јавен обвинител е задржан за понатамошна постапка. На 04/05.08.2026, постапувајќи по претходно добиени оперативни информации, од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на бул.„Партизански одреди“ во Скопје извршен е преглед на Ј.Б., С.В. и Д.П.. При тоа, кај Д.П. се пронајдени и одземени две тегли во кои имало вкупно 25 пакувања марихуана, како и дигитална вага со остатоци од марихуана. Д.П. е лишен од слобода и спроведен во Полициската станица Ѓорче Петров, каде по насоки на јавен обвинител е задржан за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против Д.П. ќе биде поднесена Кривична пријава по член 215 ст.1 од Кривичниот законик.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Карпош: Вонредни инспекциски надзори и контроли во ЗлокуќаниСекторот Инспекторат на Општина Карпош, во соработка со полициски службеници на Полициска станица Карпош, спроведе вонредни инспекциски надзори во УЗ Злокуќани.Во фокус на контролите беа дивоградбите во овој дел на општината при што, општинскиот градежен инспектор утврди неправилности во делот на бесправно изградени објекти и за истите започна соодветна инспекциска постапка согласно законските надлежности. Во исто време, општинскиот комунален инспектор, во координација со службите за одржување на јавната хигиена и соодветна механизација, отстрануваа кабаст отпад од јавна површина во реонот на градската ул. Скупи како и во внатрешноста на населбата. Во рамки на акцијата, беа опоменати повеќе физички лица и домаќинства поради неправилно одлагање отпад и нарушување на јавната чистота. Истовремено, инспекциските служби разговараа со жителите на Злокуќани за нивните комунални проблеми и предизвици. Општина Карпош информира дека редовните инспекциски контроли продолжуваат секојдневно, а заедничките акции на Секторот Инспекторат со полициските службеници ќе бидат засилени и во наредниот период, со цел воспоставување поголема контрола и одржување на јавниот ред, чистотата и законитоста во УЗ Злокуќани. Општина КарпошТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook